visitor_customerКако што во офлајн светот има луѓе кои само поминуваат покрај излози и разгледуваат, така и твојот Вебсајт има посетители кои само разгледуваат.
Повеќе од посетителите на твојот Вебсајт не се спремни да купат првиот пат кога ќе го посетат твојот Вебсајт. Особено, ако во прашање се скапи производи или решенија, или се работи за бизнис понуди, каде циклус на купување е долг и сложен и бара повеќе одлуки.

70% од твоите посетители ќе купат од тебе или од твојата конкуренција. Само 5% од нив се спремни да купат веднаш. Што треба да направиш со другите 65%?

Шансите да те заборават и да отидат кај конкуренцијата, кога ќе дојде време да купат, се големи, освен ако не ги потсетуваш што можеш ти да направиш за нив и како можеш да им го решиш проблемот кој го имаат.

Ако спроведуваш ефективна онлајн маркетинг стратегија и ги потсетуваш на тебе, голем дел од нив ќе купат од кај тебе во иднина.

Ако ги ангажираш посетителите и откога ќе го напуштат твојот Вебсајт, со тоа што ќе им понудиш корисна содржина, ги зголемуваш шансите да се вратат кај тебе кога ќе бидат подготвени да купат. На овој начин, наместо да изгубиш потенцијален корисник, ќе останеш поврзан со него, ќе те запамти и ќе може да изградите квалитетен однос базиран на вредности.

Како да комуницираш и како да негуваш однос со нив кој на крај ќе резултира со продажба? Кој маркетинг метод да го користиш?

Дај му на посетителот вредна содржина од која ќе има корист, дури и ако тој никогаш не стане твој корисник.

  • Докажан начин кој најчесто се користи е е-мејл маркетинг. Постави форми за зачленување на твојот Вебсајт кои лесно се наоѓаат, секаде каде што им нудиш бесплатна содржина. Сегментирај ги корисниците според содржината која што ги интересира. На тој начин ќе изградиш листи на интересенти, на кои редовно ќе им испраќаш вредна содржина, според нивните интереси. Тие ќе бидат нетрпеливи да ја читаат содржината која им ја испраќаш. На тој начин, ќе изградиш доверба и ќе им помогнеш да те запознаат, две битни работи кои ќе ти помогнат посетителите да посакаат, подоцна, да станат твои клиенти.
  • Покрај тоа, можеш да користиш Маркетинг преку Содржина. Да им нудиш константно нова содржина преку Блог, која ќе ги запознава со проблематики од твојата област, твојот начин на работа и твоите производи и на кој начин може тоа да им помогне. Така, подобро ќе те запознаат и многу е веројатно да најдат решение за некој нивни проблем и да ти станат клиенти.
  • Со Маркетинг преку Социјални медиуми можеш твојот бизнис “да го претвориш во личност” и да го поврзеш со потенцијални корисници кои постојано ќе ги потсетуваш дека си тука присутен. Тие ќе можат да комуницираат со тебе, кога и да им треба тоа и на тој начин да изградиш однос на база на доверба. Така, кога ќе дојде времето да се одлучат да купат, секако дека ќе ги имаат во предвид твоите производи или сервиси.

Но, не заборавај дека крајната цел е да ги продадеш твоите производи или сервиси. Не се плаши да продаваш на твојата листа. Веќе си им дал вредна бесплатна содржина. Ако на некого не му се допаѓа тоа што вклучуваш продажни пораки дозволи му да го откаже членството или да престане да те следи.
Подобро е да имаш помала листа со корисници кои ги ценат твоите продажни пораки и евентуално ќе купат нешто, отколку долга листа која добива квалитетна бесплатна содржина, а е навредена што се обидуваш да продаваш и никогаш нема да купи.

[ois skin=”BlogPostPageEbook”]

Дали ги задржуваш посетителите на твојот Вебсајт? Дали им нудиш бесплатна содржина која им користи?
Напиши во коментари.

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.

[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Join the Conversation

3 Comments

  1. zdravo se zanimavam so SEO + e-marketing skoro godina i pol me interesira dali imate poznavanje od retargeting – advanced training .

    1. Здраво Сашко,

      Дали може да ми објасниш на што точно мислиш, подетално?

      Поздрав,

      1. Retargeting ili poznato kako Behavioral retargeting e forma na online targetirano reklamiranje kade sto samata advertising stratgija se bazira na prethodnite online akcii na korisnicite.
        Google Adwords nudi moznost za retargeting, samo tie go koristat terminot Remarketing.

        Pozdrav

Leave a comment