Има доста добри статии поврзани со оваа проблематика, но јас ги сумирав главните поенти од повеќе извори.
Претходно, напишавме една статија за Уникатна Маркетинг Порака, но повеќе со акцент на диференцијацијата.
Што е Единствена Вредносна Порака?
Една од најголемите причини зошто бизнисите се соочуваат со потешкотии во денешниот пазар е затоа што имаат слаба вредносна порака.
Многу од продуктите или сервисите на овие бизнис, напротив, имаат екстремно висока вредност.
Но, тие не можат да ги артикулираат овие вредности во вид на зборови кои ќе ги привлечат нивните клиенти.
Работата не е завршена само затоа што си изградил нов, подобар продукт.