За онлајн продажба треба да се инвестира во неколку сегменти, слично како и офлајн продажба мора да се инвестира во продукти кои ќе ги продаваш, значи да пронајдеш добавувачи, ако се физички продукти да обезбедиш магацин, итн.
Во оваа статија ќе се задржам на техничкиот дел, што е потребно во смисла на сервери, софтвер итн.
Да започнеме:
Домен
Мора да регистрираш име за твојата продавница или сајт за да купувачите пристапат преку интернет прегледувачот (пример: www.ivil.com.mk). Цените за мк-домените можеш да ги видиш на МАРНЕТ страната.
Хостинг
Твојата интернет продавница мора да се постави на сервер за да можат купувачите да пристапат преку интернет мрежата. Постојат неколку видови на хостинг, меѓу кои:
- Заеднички хостинг. Ова е најевтин решение за хостирање, кошта околу 100$ годишно. Овој тип на хостинг подразбира неколку Вебсајтови на ист „Веб сервер“. Тоа значи дека твојот Вебсајт е на ист сервер со Вебсајтот на некоја друга компанија. За интернет продажба овој тип на хостинг не врши работа:)
- Виртуелен приватен сервер (VPS). Ова е како да закупуваш вистински сервер (компјутер) на пример: со 2GB RAM меморија, 40GB тврд диск, процесор CPU 2.80GHz, но тој сервер е дел од еден помоќен сервер со многу RAM меморија, многу надворешна меморија (како тврд диск), многу процесорска моќ. Значи кај VPS твојот сервер е на ист помоќен сервер заедно со сервери на други компании. На VPS серверот можеш да го инсталираш било кој оперативен сервер но најчесто хостинг провајдерите ги нудат Линукс и на Мајкрософт Оперативните системи, а на него можеш да инсталираш каков сакаш софтвер.За продажба преку интернет најмалку ти треба да закупиш VPS сервер. Тој е поевтин од дедициран сервер, а е поскап од Зееднички Хостинг. Цените се околу 400$ годишно па нагоре, зависи од која хостинг компанија
го закупуваш. - Дедициран сервер. Ова е тип на хостинг, каде закупуваш цел сервер само за твојата компанија и нормално е нешто поскап од VPS. Исто како и VPS на него можеш да инсталираш било кој оперативен систем и софтвер.
Дигитален сертификат
За нив можеш да прочиташ на следната статија , а каде се употрбуваат и каде можеш да ги провериш прочитај тука.
Платежниот процесор
Договор со Банка за интеграција на Процесор за плаќање преку интернет (Payment Gateway). Мора да се отвори сметка во истата банка за трговија преку интернет. Ивил нуди техничка интеграција на Платежниот процесор на некоја од Македонските банки.
Потрошувачка кошничка
Потрошувачка кошничка – софтвер (Shopping Cart). Ова е софтвер со кој можеш лесно и брзо да внесуваш продукти кои ќе се прикажуваат на предниот дел од твојот Вебсајт. Постојат многу вакви решенија кои се бесплатни, а има и комерцијални решенија. Ако не си техничко лице ќе мора да ангажираш дополнително и некој кој сето тоа ќе го конфигурира.
Сè на сè, за имплементација на електронска продажба преку твојот сајт во моментов во Македонија цената е нешто повисока бидејќи нема бесплатни решенија за Платежен процесор, но сепак, со добар продукт кој ќе се продава овие трошоци би биле минимални.