emptyshelfЗа да ги објаснам најдобро 2-те целини кои според мене треба да ги содржи една Електронска Продавница ќе направам споредба со Офлајн Продавница. Во секоја офлајн продавница има рафтови со производи, тоа е првата целина, додека 2-та целина е Продавачот.

Ако направиме пресликување во дигиталниот свет, би требало да ги имаме 2-те целини и во Електронската Продавница.

Што се рафтовите, а што би бил продавачот во оваа апстракција?

Продавачот во дигиталната продавница е „Содржината која ја креираме“, додека рафтовите се производите што ги внесуваме.

Секој кој креирал Електронска Продавница, дали за проба или како негов бизнис, најпрвин се среќава со софтверот кој помага за уредување на рафтовите. Тоа е „Shopping Card“ софтверот. Со негова помош, можеш лесно да ги внесеш сите производи заедно со нивните атрибути, како што се:

  • цена
  • слика за производот
  • боја
  • состав
  • големина итн.

Внесувањето го правиме во администраторскиот дел на овој софтвер, додека производите и нивната поставеност ќе ги видат сите кои ќе пристапат на електронската продавница.

Која е најпознатата електронска продавница во светот?

Мене прво ми текнува на Амазон. На Aмазон се продаваат преку 250 милиони производи. Ова мислам дека е најголемата продавница на светот.

За креирање на содржина најчесто се користат системи кои се специјализирани за оваа намена и ја олеснуваат работата со содржината. Тие системи се нарекуваат на англиски CMS (Content Management Systems), што значи Системи за менаџирање на Содржина.

Каков тип на содржина можеш да креираш?

Можеш да креираш секаков тип на содржина, најпознати типови се Текст (Статии), Слики, Видео, Звук итн. Но, на Веб има многу нови типови на содржина кои можеш да ги употребиш за:

  • да привлечеш нови клиенти
  • да ги запознаеш со своите производи
  • да ги задржиш старите клиенти
  • да ги сегментираш
  • да ги следиш во циклусот на купување

Во оваа статија можеш да прочиташ за голем број на типови на содржина кои можеш да ги употребиш за да го маркетираш својот бизнис.

E-commerce во WordPress

Со основната инсталација на WordPress не можеш да креираш продавница, нели тоа е систем за менаџирање на содржина, во мојот пример тоа би било Продавачот. Но, бидејќи WordPress е модуларен систем за него се направени многу модули или plugins, па така има и модули за креирање на продавница. Најпознат е WooCommerce.

WooCommerce е оној софтвер кој ти е потребен за да ги креираш рафтовите и да ги наредиш производите на рафтовите.

Продавница без Рафтови или со Празни рафтови

Ако влеземе во продавница каде нема рафтови, или пак, има рафтови, но истите се празни, нема што да купиме и брзо ќе излеземе. Исто така, ако нема продавач и нема кој да ни го продаде производот, и оваа продавница е осудена на пропаст.

Значи, за да имаме успешна продавница, потребни се две целини, производи како и Продавач.

Во нашиот пример Онлајн, Продавачот е Содржината која ја креираш со помош на WordPress, додека пак Производите наредени на рафтовите е WooCommerce – Shoping Cart софтверот.

Сега некој ќе праша, па во Веро нема Продавач, сам си ги земам производите, каде е тука Содржината? Значи ли тоа дека има успешна продавница без Содржина, односно, без една целина – Продавачот?

Мојот одоговор е дека и во Веро има Продавачи, но малку е модифициран системот на креирање Содржина. Ако сте ги забележеле промоторките во Сабота и Недела на самиот влез во Веро, на штандовите како вршат презентација на најновите производи, тоа се „Продавачите кои креираат Содржина“.

Но, во секоја друга продавница ве пречекува Продавач со „Повелете“, а вие му одговарате „Само разгледувам“:))

Опис на Производот

Важноста за креирање на производите е голема, тоа според мене е она што би требало да г потикне купувачите да ги купат производите. Но, има мало недоразбирање кое се јавува. Тоа се јавува од можноста на WooCommerce или било кој сличен софтвер да се креира и некоја минимална содржина за производите. Тоа најчесто се прави во делот на:

  • опис на производите или Product Description.

Тука има можност да се внесе по некоја маркетинг порака за производот, но ако ги одвоиме целините CMS, втората Shopping Card, излегува дека ние пробуваме да креираме содржина во погрешен дел, односно во делот каде треба да ги редиме производите на рафтовите.

На овој начин ја губиме моќта на CMS системите и бенефитите од користењето на ваков софтвер за администрирање на содржината. Но, за ова во следната статија.

6 комбинации

Според, едноставниот пластичен пример, за подобро разбирање на Онлајн Продавницата и каде спаѓа креирањето на содржината, а каде влегува делот со производите излегува дека има 6 комбинации:

  1. Лошо нареден Рафт – Нема Продавач
  2. Лошо нареден Рафт – Лош Продавач
  3. Лошо нареден Рафт – Добар Продавач
  4. Добро нареден Рафт – Нема Продавач
  5. Добро нареден Рафт – Лош Продавач
  6. Добро нареден Рафт – Добар Продавач

Поточно постојат 16 комбинации но другите се бесмислени. Кога креираш Електронска Продавница нема опција да искреираш без Рафтови:)) Инаку треба да се стремиш да направиш Електронска Продавница од 6-от тип.

Да разгледаме пример кога нема Продавач:

Овој тип е да креираш Електронска Продавница и само да ги наредиш прозиводите, а да не си свесен дека ти фали еден цел дел, а тоа е Продавач. Да не настане забуна, не велам дека и овој тип на продавница нема да продаде некој производ, особено ако изгледот е ок, и сите производи пажливо се внесени, а во исто време се рекламирани, оптимизирани за пребарувачите итн. Мислам, дека многу повеќе би се продавале доколку поставиш и продавач, а тоа би било содржината која ја креираш за своите производи.  Copywrite маркетинг пораки, Блог статии, Видео презентации, кратки упатства, сведоштва од други корисници, итн.

Вториот е да креираш Електорнска Продавница со двете целини, и да креираш рафтови со прозиводи и да имаш Продавач – Содржина. Ова е здрава основа за добар Успех на твојата Онлајн продавница.

Рафтови

Што би биле рафтоивте пресликани во Онлајн светот? Па тоа се категориите, како ги категоризираш производите, како ги тагуваш, во какви подгрупи ги делиш, навигацијата, менијата, дали лесно се наоѓаат итн. Јасно е дека, ако имаш добра категоризација посетителите лесно ќе ги пронаоѓаат производите итн. На почетокот напоменав, дека на Амазон има над 250 милиони производи. Овде круцијален момент е лесното пронаоѓање на производите, затоа категоризацијата е многу битна.

Прозиводите

Внесување на еден производ во Електронската Продавница не е лесен процес и одзема повеќе време. Овде мислам на правилно внесување. Што значи тоа правилно?

Кога ќе земеме една блуза на пример во Офлајн Продавница, таа има етикета. На неа пишува состав, од кого е произведена, и други атрибути како цена, дали има попуст итн. Исто така, во Офлајн Продавница можеш да ја опипаш, да го почувствуваш материјалот, ако ти се допаѓа да ја пробаш.

Но Оналјн последниве делови не можеш да ги направиш. Но што можеш да направиш? Можеш да ги внесеш сите податоци од етикетата. Можеш да внесеш неколку 4 до 5 слики од сите можни страни во висока резолуција. Да ставиш Зоом за одблиску да може да се види материјалот, да се внесе Опис на прозиводот, да се внесат цените боите величините, достапни, да се внесат количините во магацин, дали е поврзан со други производи , дали го има во различни варијанти итн.

Нормално да се внесат насловите, заглавијата краток, опис, подолг опис, дали има некој поклон со овој производ, Upsell, Cross Sell и ред други работи.

Исто треба да се оптимизира за Пребарувачите, па уште параметри треба да се внесат. Кога ќе се претвори во време, за едне прозивод може најоптимално, доколку се спремни сликите да се потроши време од 30 мин. до 1 саат.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment