blog2Веднаш ќе ти одговорам:

Главна цел на насловот и било кој дел од содржината која ја креираш е да го наведеш посетителот да ја прочита првата реченица.

Не бил тежок одговорот, така?

Можеш да потрошиш многу време на одличен наслов, или пак да ги посочиш бенефитите на твоите производи или пак да напишеш добар Повик за Акција, но сето тоа треба да го наведе посетителот да ја прочита првата реченица.

Најдобро можеш да го согледаш сето ова ако посетиш некој од најчитаните наши портали, добрите наслови те тераат да ја отвориш статијата за да прочиташ и да видиш дали има нешто за тебе внатре. Самиот наслов те тера да прочиташ понатака.

А што е целта на првата реченица?

Ова е квиз прашање, не е комплициран одговорот. Ако одговориш точно, ќе добиеш 10% попуст за текстот на твојата следна маркетинг кампања со наша помош.

Ако не сакаш попуст прочитај во наредната реченица, одговорот на ова прашање е логичен:

Целта на првата реченица е да ја прочиташ втората реченица.

И така натака, сѐ до делот кој води до твојата понуда и на крај продажба.

Но како да се стигне до таму

До таму се оди чекор по чекор, постојат техники кои можеш да ги примениш на сите елементи на добар маркетинг текст.

Од ова би можел да заклучиш:

  • Зошто добариот наслов е критичен
  • Зошто треба да се фокусираш на бенефитите за читателот
  • Зошто треба да дадеш ветување кое понатака треба да го поткрепиш со доказ

Во други статии ќе ги видиме сите овие елементи како се комбинираат за да напишеш добар текст кој ќе ја зголеми веројатноста да ги заинтересираш твоите читатели и твојата публика. Зборувам за продажен текст, кој ќе ги натера посетителите да ги нарачуваат твоите производи.

Првиот совет би бил: текстот да биде што поедноставен, чист, концизен, едноставни зборови кои ќе ја погодат поентата.

Кој ги пишува маркетинг пораките за твојот Вебсајт? Доколку сакаш силна маркетинг порака која неколку кратно ќе ја зголемат твојата продажба, побарај нѐ но најнапред да ги одредиме твоите цели

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment