• Skip to primary navigation
  • Skip to content
  • Skip to primary sidebar

Ивил

Онлајн Маркетинг

  • Дома
  • 4 Онлајн Маркетинг Совети
    • Процес на изработка на Онлајн Маркетинг Платформа
  • Контакт

Email Marketing

Сакаш да изградиш свесност за твојот Бренд Онлајн? Еве што треба да направиш најпрвин…

25 December 2014 by Goce Stojanov Leave a Comment

brandawarenessЗа да изградиш свесност за твојот Бренд Онлајн, потребен ти е Вебсајт кој ќе биде централно место за сите твои Онлајн Активности понатака како на пример:

 

 

  • Фејсбук Кампања
  • Е-мејл Кампања
  • Да креираш Содржина
  • Да излегуваш на Гугл во првите 10 резултати
  • Да ги продаваш твоите производи

Овде можеш да прочиташ зошто секој Бизнис треба да има сопствен Вебсајт, но јас повеќе ќе се задржам на следново прашање:

 

Зошто твојот Бизнис Вебсајт е централно место?

 

Затоа што тој е твој, а не е на Фејсбук или Гугл.

 

На твојот Вебсајт имаш потполна слобода да креираш содржина, колку сакаш и каква сакаш.

Ако си влијателен во својата област, ќе можеш да создадеш голема публика. Со неа ќе немаш ограничувања во комуникацијата, затоа што си на свој терен.

Но, ова не единствената причина зошто треба секоја онлајн активност да ја поврзеш со сопствениот Вебсајт.

И Фејсбук и Гугл, платените реклами познати како PPC (Pay Per Click) ги дефинираат како начин да генерираат сообраќај на твојот Вебсајт. Под сообраќај подразбираат посетители, кои откако ќе кликнат на банерот или текстуалната реклама се носат на твојот Вебсајт.

 

Што треба да најдат корисниците на твојот Вебсајт откако кликнале на рекламата?

 

Би требало да ја видат истата понуда од рекламата. Понатаму ако е за производ, треба да има добро напишана маркетинг порака. Да ги има сите потребни информации поврзани со производот и по можност слики, видеа се со цел да се заинтересира  посетителот за нив.

 

А што се случува доколку Вебсајтот не е спремен за Оналјн Кампања?

На овој начин се намалуваат шансите за успешна кампања.

 

Корисниците ќе пристигнат на страница која е непотполна, нема доволно информации, корисникот  нема да знае за што се работи, нема да знае која акција да ја преземе понатаму итн.

Може да потрошиш и многу средства за рекалмирање, да нема добри резултати и да се разочараш дека не функционира Онлајн Светот.

Да прекинеш со рекламирање, сајтот како и претходно да го оставиш нефункционален.

Ако не си сериозен со твојот Бизнис Вебсајт и припремање и на тој дел од Оналјн Кампањата постојано губиш бизнис од компаниите кои го прават тоа, а се твоја директна конкуренција.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Filed Under: Content Marketing, Copywriting, Email Marketing, General Marketing, Online Advertising, SEO, Social Media Marketing, Website Goals Tagged With: Бизнис Вебсајт, свесност за твојот Бренд

Е-мејл Кампања или PPC (Платена реклама)? Со што да започнам?

15 October 2014 by Goce Stojanov Leave a Comment

Е-мејл Кампања или PPC

 

Email Campaign vs PPCДали да започнам со е-мејл кампања, веќе имам листа со повеќе од 2000 корисници или пак да платам реклама на Фејсбук? Што е подобро? Дали да ставам уште е-мејлови на листата или пак да купам листа? Ова е честа недоумица кај многу бизнис луѓе кои сакаат да започнат со Онлајн кампања за нивните производи.

За да одговориме на овие прашања треба да дефинираме 2 типа на е-мејл кампањи (најпрвин започнуваме со е-мејл тип на кампања):

  • Е-мејл кампања базирана на дозвола (Permission Based)
  • Е-мејл кампања без дозвола (Cold Call)

 

Е-мејл Маркетинг, како Функционира?

 

За да започнеш со е-мејл кампања мора да имаш Листа на е-мејл адреси. Е-мејл пораката што сакаш да ја испратиш за своите производи или сервиси, настани, известувања итн., ќе ја испратиш на сите од твојата Листа.

 

Е-мејл кампања базирана на дозвола

 

Првиот тип на Е-мејл кампања кој јас ја препорачувам, е врз основа на дозвола. Што значи тоа? Тоа значи дека членовите на Е-мејл Листата на кого сакаш да ја испратиш пораката имаат претходно одобрено дека сакаат да примаат е-мејл пораки од тебе и доброволно се зачлениле на твојата листа. Исто така тие се согласиле да добиваат одреден тип на содржина во е-мејл пораките, и таков тип на содржина треба да им се испраќа.

За овој тип на е-мејл кампања мора сам да ја изградиш листата на членови. За ова е потребно време и труд, но целата листа на контакти со е-мејлови се или твои потенцијални клиенти или се твои клиенти кои се заинтересирале за твоите продукти и сервиси.

 

Е-мејл кампања без дозвола

 

Вториот тип на е-мејл кампањи подразбира праќање на мејлови на луѓе или фирми кои не се согласиле да примаат мејлови од тебе. Со ваков тип на е-мејл маркетинг треба да се внимава да не се претвори во Спамирање. Сосема во ред е ако еднаш на 3 месеци испратиш мејл на некоја личност, но ако го правиш тоа почесто, лошо ќе влијае на имиџот на твојот бизнис.

Откако ги објаснив двете поголеми групи, односно типови на е-мејл кампања ќе се навратам на почетните прашања.

 

Дали да почнам со е-мејл кампања или да почнам со платена реклама?

 

Ако сакаш да привлечеш нови клиенти, кои до сега не чуле за твоите производи и сервиси, односно, сакаш да досегнеш до поголема публика, со првиот тип на е-мејл кампања нема да можеш тоа да го постигнеш. Затоа што како што кажав претходно, со овој тип на кампања испраќаш е-мејл порака на сите членови од твоја изградена листа

Со вториот тип на е-мејл кампања, веднаш ќе се отворат многу прашања. На пример:

  •  Немам листа на е-мејл адреси, каде можам да пронајдам ваква листа?
  • Набавив листа со 20 000 членови, со која алатка да ги испратам е-мејл пораките?
  • Знам дека има добри Маркетинг алатки, но за толкава листа ќе ми бидат потребни доста средства
  • Ако сега испратам е-мејл на оваа листа, би било Спам ако повторно испратам за 1 или 2 недели
  • Кои се луѓето од листата? Дали се тие од мојот дефиниран Таргет, дали одговараат на мојот Идеален Купувач?
  • Имам листа од 20 000 членови, да не се малку, да не се потребни 50 000?

 

PPC рекламирање

 

За да го зголемиш досегот на една реклама и да дојдеш до добро таргетирана публика кои не се твои корисници и кои не знаат за твоите производи  најдобро решение е да започнеш со онлајн рекламирање како Фејсбук рекламирање или пак Гугл.

Ако ти е цел:

  • Твојот производ да го претставиш на поголем број луѓе кои не се твои корисници
  • Да создадеш свесност за твоите сервиси и услуги или пак за твојата Компанија
  • Да дојдеш до нови потенцијални корисници кои точно одговараат до Карактерот на твојот Купувач

започни со PPC (Pay Per Click) рекламирање. Гугл и Фејсбук имаат огромен број на корисници и овозможуваат детално таргетирање според најразлични интереси на своите корисници. Така лесно може да стигне твојот глас до нив.

 

Како функционира

 

На Гугл се внесува на пример 1 долар дневно и рекламата Гугл ќе ја  прикаже на голем број на негови корисници. Едно прикажување се нарекува импресија. Со 1 долар може да има 2000 импресии или 3000 импресии ( прикажувања) на пример. Ако некој кликне на рекламата Гугл ќе ти одземе средства за тоа. Затоа се вика реклаата PPC или „Плати од клик“.

Едно е јасно, тој што кликнал се заинтересирал за твоите производи и понатаму се редиректира на некоја страна од твојот Вебсајт, каде подетално треба да се запознае со понудата. Значи, тоа е потенцијален твој корисник, член на листа, купувач итн.

Со само неколку долари, рекламата ќе биде прикажана на повеќе од 20000 луѓе, а Гугл ќе ти наплати само за оние кои кликнале на рекламата.

Слично е и на Фесјбук, само што таму се одредува дневен буџет на пример 1 долар и Фејсбук сигурно ќе ти ги земе тие средства, а рекламата ќе ти ја прикаже на голем број на нивни корисници.

Јасно дека буџетот за рекламирање го одредуваш сам, минималниот буџет е 1$ дневно, односно 30$ месечно.

 

Кога да испратам Е-мејл кампања базирана на дозвола?

 

Во споредба со PPC, ако ти е цел:

  • Да ги известиш постоечките твои корисници за најновиот твој настан
  • Да ја споделиш твојата најнова статија со сите твои членови
  • Најновата промоција да им ја претставиш на твоите лојални членови
  • На потенцијалните клиенти, со серија од е-мејл пораки да ги натераш да станат твои клиенти
  • На еден сегмент од твоите корисници да ги известиш за најновата понуда за одреден производ

Во овој случај креирај Е-мејл кампања од првиот тип, базирана на дозвола на членовите од една од твоите Листи кои сам си ги изградил.

 

Кога да испратам Е-мејл кампања без дозвола?

 

И за крај ако сакаш да го искористиш вториот тип на Е-мејл Кампања (Cold Call) со цел:

  • Да се претставиш за прв пат на одредена целна група
  • Да известиш дел од Бизнисите за твојата понуда и дека започнуваш со најнов проект кој ќе внесе бенефит во некој сектор
  • Да испратиш промотивен мејл директно до одредена целна група со цел да ги потсетиш за бенефитите на  твоите производи и сервиси

Во овие случаи можеш да го искористиш вториот тип на Е-мејл Кампања, но секако претпазливо за да не го нарушиш твојот углед и угледот на твојот Бизнис.

[ois skin=”2″]

Се надевам дека според овој водич, сега лесно и брзо ќе се одлучиш да преземеш акција и да започнеш со Е-мејл кампања или пак Платена Онлајн Реклама. Ние сме тука за помош и совет за како да го направиш тоа на најдобар начин.

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Filed Under: Email Marketing, Online Advertising Tagged With: Cold Call Email Marketing, email campaign, Permission Based Email Marketing, ppc campaign, PPC рекламирање, Е-мејл кампања базирана на дозвола, Е-мејл кампања без дозвола

Имаш посетители кои само разгледуваат? Прочитај што со нив…

29 August 2014 by Ivana Stojanova 3 Comments

visitor_customerКако што во офлајн светот има луѓе кои само поминуваат покрај излози и разгледуваат, така и твојот Вебсајт има посетители кои само разгледуваат.
Повеќе од посетителите на твојот Вебсајт не се спремни да купат првиот пат кога ќе го посетат твојот Вебсајт. Особено, ако во прашање се скапи производи или решенија, или се работи за бизнис понуди, каде циклус на купување е долг и сложен и бара повеќе одлуки.

70% од твоите посетители ќе купат од тебе или од твојата конкуренција. Само 5% од нив се спремни да купат веднаш. Што треба да направиш со другите 65%?

Шансите да те заборават и да отидат кај конкуренцијата, кога ќе дојде време да купат, се големи, освен ако не ги потсетуваш што можеш ти да направиш за нив и како можеш да им го решиш проблемот кој го имаат.

Ако спроведуваш ефективна онлајн маркетинг стратегија и ги потсетуваш на тебе, голем дел од нив ќе купат од кај тебе во иднина.

Ако ги ангажираш посетителите и откога ќе го напуштат твојот Вебсајт, со тоа што ќе им понудиш корисна содржина, ги зголемуваш шансите да се вратат кај тебе кога ќе бидат подготвени да купат. На овој начин, наместо да изгубиш потенцијален корисник, ќе останеш поврзан со него, ќе те запамти и ќе може да изградите квалитетен однос базиран на вредности.

Како да комуницираш и како да негуваш однос со нив кој на крај ќе резултира со продажба? Кој маркетинг метод да го користиш?

Дај му на посетителот вредна содржина од која ќе има корист, дури и ако тој никогаш не стане твој корисник.

  • Докажан начин кој најчесто се користи е е-мејл маркетинг. Постави форми за зачленување на твојот Вебсајт кои лесно се наоѓаат, секаде каде што им нудиш бесплатна содржина. Сегментирај ги корисниците според содржината која што ги интересира. На тој начин ќе изградиш листи на интересенти, на кои редовно ќе им испраќаш вредна содржина, според нивните интереси. Тие ќе бидат нетрпеливи да ја читаат содржината која им ја испраќаш. На тој начин, ќе изградиш доверба и ќе им помогнеш да те запознаат, две битни работи кои ќе ти помогнат посетителите да посакаат, подоцна, да станат твои клиенти.
  • Покрај тоа, можеш да користиш Маркетинг преку Содржина. Да им нудиш константно нова содржина преку Блог, која ќе ги запознава со проблематики од твојата област, твојот начин на работа и твоите производи и на кој начин може тоа да им помогне. Така, подобро ќе те запознаат и многу е веројатно да најдат решение за некој нивни проблем и да ти станат клиенти.
  • Со Маркетинг преку Социјални медиуми можеш твојот бизнис “да го претвориш во личност” и да го поврзеш со потенцијални корисници кои постојано ќе ги потсетуваш дека си тука присутен. Тие ќе можат да комуницираат со тебе, кога и да им треба тоа и на тој начин да изградиш однос на база на доверба. Така, кога ќе дојде времето да се одлучат да купат, секако дека ќе ги имаат во предвид твоите производи или сервиси.

Но, не заборавај дека крајната цел е да ги продадеш твоите производи или сервиси. Не се плаши да продаваш на твојата листа. Веќе си им дал вредна бесплатна содржина. Ако на некого не му се допаѓа тоа што вклучуваш продажни пораки дозволи му да го откаже членството или да престане да те следи.
Подобро е да имаш помала листа со корисници кои ги ценат твоите продажни пораки и евентуално ќе купат нешто, отколку долга листа која добива квалитетна бесплатна содржина, а е навредена што се обидуваш да продаваш и никогаш нема да купи.

[ois skin=”BlogPostPageEbook”]

Дали ги задржуваш посетителите на твојот Вебсајт? Дали им нудиш бесплатна содржина која им користи?
Напиши во коментари.

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.

[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Filed Under: Content Marketing, Email Marketing, Social Media Marketing Tagged With: Content Marketing, email marketing, Inbound marketing, lead nurturing, social media marketing, Дојдовен Маркетинг, е-мејл листа, е-мејл маркетинг, Маркетинг преку содржина, маркетинг преку социјални мрежи, негување на интересенти

10 чекори до Ефективна Е-мејл Маркетинг Кампања

20 August 2014 by Ivana Stojanova Leave a Comment

email_campaign_from_the_beachЕмејл пораките што ги испраќаш треба да ги ангажираат или инспирираат твоите постоечки или потенцијални корисници. Но, ако не следиш неколку едноставни чекори, тие може да имаат спротивен ефект од твојата цел.

Да креираш ефективна е-мејл маркетинг кампања не секогаш е лесна задача. Сепак, има неколку работи кои треба да ги земеш во предвид кои може да ти олеснат да ја направиш твојата кампања успешна.

1. Планирање на твојата кампања

Пред да почнеш да ја испраќаш треба да ја испланираш твојата Е-мејл кампања. Треба да размислиш за тоа:

  • Која ти е таргет група – треба да ја идентификуваш твојата таргет публика и да ги разбереш нејзините потреби. На овој начин, ќе можеш да составиш кампања која ќе ги ангажира корисниците и ќе ги охрабри да одговорат.
  • Кои ти се целите на кампањата – Да ја подигнеш свесноста за твојот бренд, за твоите производи или сервиси, да генерираш интересенти или да ги задржиш постоечките корисници…
  • Колкав ти е буџетот – Треба да дефинираш буџет според анализите и очекувањата за повраток на инвестицијата

2. Одбери Е-мејл маркетинг Провајдер

Најдобар начин е да испробаш различни провајдери и да го одбереш оној кој на тебе најмногу ќе ти одговара, или да побараш препораки од некој кој веќе е запознаен со проблематиката. На тој начин ќе можеш лесно да ја спроведуваш кампањата и да ги следиш резултатите.

3. Постави форми за зачленување на твојот Вебсајт

Ако се обидуваш да испраќаш е-мејл пораки до луѓе кои не се зачлениле на ниту една твоја листа, твојата е-мејл кампања нема да биде ефикасна, а може и да имаш проблеми со е-мејл провајдерот да ти ги прифати листите. Најдобро е да праќаш е-мејл кампањи на оние кои дале согласност да ги користиш нивните податоци.

4. Организирај ги контактите

Користи ги информациите на корисниците за да им испраќаш релевантни пораки. Сегментирај ја листата на корисници и, ако е можно, состави посебна понуда за секоја таргет публика. Ако не ги сегментираш правилно твоите е-мејл контакти во специфични листи, може да се намали ефикасноста на е-мејл кампањата, затоа што ќе се намали бројот на отворени е-мејл пораки и бројот на одговори на е-мејл пораките.

5. Креирај релевантна релевантна страна на која ќе ги водиш корисниците

Ако кликнале корисниците на твојата е-мејл порака и ја прочитале, немој да направиш да го изгубат интересот кога ќе кликнат на линкот во е-мејлот и тој ќе ги однесе на твојата почетна страна или некоја друга која не одговара со текстот во е-мелј пораката.
Линкот во е-мејлот треба да ги однесе корисниците на посебна страна, која има релевантна содржина со онаа во е-мејл пораката.
Страницата може да биде:

  • Продажна страна – за некој производ или сервис
  • Статија – содржина која ќе ги ангажира корисниците
  • Страна со Понуда – посебна промоција со ореден рок

6. Дизајнирај ја кампањата, но не претерувај

Како многу работи во маркетингот, колку е нешто поедноставно, толку поефективно ќе биде. Дизајнот на е-мејл пораките нека биде едноставен и нека ги следи следниве ефективни совети:

  • Користи повеќе текст отколку слики (80% текст, 20% слики)
  • Вклучи Повик за акција, и со текст и како копче
  • Користи елементи во дизајнот за да ги фокусираш корисниците на најважните делови на текстот

7. Инвестирај во добар текст за кампањата

Ако треба на нешто да посветиш повеќе време или пари, тоа е одличен текст за твоите е-мејл пораки. Ако не си добар текстописец, најми некој со такво искуство, кој ќе може да состави специфичен, ефективен текст за твојата кампања. Ако сакаш сам да пробаш, зачлени се на неколку од подобрите листи за да научиш од тие што тоа го прават најдобро.

8. Напиши примамлив наслов на е-мејлот

Насловот е првото нешто што ќе го видат членовите на листата до кои стигнува е-мејл пораката. Како што е текстот на е-мејлот важен, уште поважен е насловот на е-мејлот, затоа што, ако е примамлив, тој ќе обезбеди поголем број на отворени е-мејл пораки.
Насловот треба да е едоставен, конкретен и да наговести што може читателот да очекува во е-мејлот. Повеќе отворени пораки се обезбедуваат, ако насловите се напишани за да ги задоволат потребите и интересите на членовите и ако е вклучено името на компанијата која го испраќа.

9. Постави следење на е-мејл пораките

Пред да почнеш да ги испраќаш е-мејл пораките, важно е да подесиш правилно следење за пораките. Со тоа ќе можеш да ја следиш и ефикасноста на е-мејл кампањата. Некои од мерните величини кои треба да ги следиш преку е-мејл провајдерот кој ќе го одбереш се:

  • Бројот на доставени е-мејл пораки
  • Бројот на отворени пораки
  • Бројот на кликови во отворените пораки
  • Бројот на конверзии

10. Тестирај и подобрувај

За да дојдеш до најдобрата комбинација која најдобро ќе му служи на твојот бизнис, треба да пробуваш и тестираш различни комбинации. Некои од елементите кои постојано треба да ги следиш, тестираш и подобруваш се:

  • Насловите
  • Стилот, тонот и контекстот на текстот
  • Големината, бојата и форматирањето на текстот
  • Копчињата за Повик за акција

После читањето на овој пост, единственото оправдување заошто не си ја започнал твојата е-мејл кампања е дека немаш веме да го направиш тоа. Ако тоа е случај, ние сме тука да ти помогнеме.

[ois skin=”BlogPostPageEbook”]

Ти треба помош да составиш ефективна Е-мејл кампања?

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.

[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Filed Under: Email Marketing Tagged With: email marketing, е-мејл маркетинг

3 клучни Е-мејл Маркетинг Мерни величини кои треба да ги мериш

24 May 2014 by Goce Stojanov Leave a Comment

email marketing key metricsЕдна од најпривлечните аспекти на е-мејл маректингот е можноста за мерење на успехот.

Со постојано мерење и анализа на резултатите од твоите Е-мејл кампањи и постојано подобрување на кампањите можеш да постигнеш одлични резултати.

Кога станува збор за е-мејл маркетинг постојат клучни бројки и проценти кои би требало да ги пратиш и анализираш.

Овие бројки можат да те заштитат од трошење на Мракетинг средства залудно и на погрешно место.

Стапка на отворени Е-мејл пораки (Open Rate)

Ова е една од најпопуларните мерни величини која треба да ја мериш. Оваа бројка кажува колку пати твоите Е-мејл пораки се отворени од страна на оние што ја примиле пораката.

Што можеш да заклучиш од овој процент:

  • Кој е најдобриот Наслов на е-мејл пораката која корисниците сакаат да ја отвораат
  • Во кои денови твоите пораки се највеќе отворани
  • Кој процент од твојата е-мејл листа одговара на твоите пораки

 

Стапка на кликови (Click Rate)

Една од поважните мерни величини, може и подобар показател за твојот Е-мејл Маркетинг од стапката на отворени мејлови е стапката на кликови.

Оваа стапка покажува колку од членови од твојата листа не само што го отворила мејлот туку и ги заинтересирала содржината за на крај да ги ангажира да кликнат на некој од линковите во е-мејл пораката.

Најчесто овие линкови треба да водат кон некоја страна на твојот Вебсајт која може да е продажна или пак ќе се врши некој друг на конверзија.

Стапка на откажување на членство

Бројот на откажување на секој испратен е-мејл нормално ќе сакаш да е мал, но тој постои и треба да се мери. Доколку забележиш на некој мејл дека многу се откажале од твојата листа треба да анализираш што твоите членови не сакале и треба да се избегне во идните кампањи.

Дали користиш е-мејл маркетинг за твојот Бизнис? Доколку користиш какви се перформансите на твоите Камапањи. Испрати ми ги бројките за последната твоја кампања.

Ние можеме да ги подобриме твоите резултати.

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Filed Under: Email Marketing, Online Tips Tagged With: Click Rate, Open Rate, Unsubscribe Rate, Стапка на кликови, Стапка на отворени Е-мејл пораки, Стапка на откажување на членство

Кој е есенцијалниот елемент на ефективниот Онлајн Маркетинг?

7 May 2014 by Goce Stojanov Leave a Comment

Онлајн Маркетинг - CopyWriting
Есенцијален елемент на Ефективниот Онлајн Маркетинг

На англиски би било Copywriting, јас би го превел Текстопишување.

Copywriting е пишување на текст во маркетингшки цели или пак за рекламирање. Овој текст обично ги тера луѓето да преземат некоја акција.

Каде се користи Онлајн

Интернетот само ги зголеми можностите за луѓето кои се занимаваат со оваа професија.

Сѐ што е напишано на Најпознатите Вебсајтови е напишано од луѓе кои се занимаваат со оваа професија, како:

– Целата содржина на еден Вебсајт
– Текстот на Банерите и Онлајн реклaмите
– Текстот во Е-мејл пораките
– Блоговите
– Социјалните медиуми итн.

Ако почнуваш или веќе си започнал некој проект Онлајн, како на пример сопствен Бизнис Вебсајт, Е-мејл Кампања или Фејсбук страна каде постираш статии итн., потребно е да имаш текст кој ќе биде напишан за да ги привлече посетителите.

Погрешен пристап

Најчестата грешка која ја прават Бизнисмените или пак бизнисите кај нас е тоа што не внимаваат многу на текстот кој се пишува на Вебстраните и најчесто сами го пишуваат, а секако дека не се запознаени со тајните на Copywriting-от.

Што е последица на ваквото работење? Последиците се мал одзив на Онлајн кампањите, слаб одзив на статиите кои се постираат, веднаш заминување од Весбајтот.

Значи за ефективен Онлајн Маркетинг основно е јака Маркетинг порака, напишана од луѓе кои се обучени за пишување на такви пораки.

На твоите омилени Странски Вебсајтови целиот текст од копчињата, па се до продажните страни го осмислуваат и пишуваат Тесктописците.

Заклучок

За крај имаш две опции за следната твоја Онлајн активност:

  • Или почни да ги учиш тајните на Copywriting
  • Или најми луѓе кои ќе го напишат целокупниот текст на твојот Весбајт или Онлајн Кампања или Блог, или Статија на Социјална мрежа или Прашалник, или Електронска Книга или Онлајн Продавница, или следната Е-мејл кампања.

За тоа е потребно да му дадеш информации за твојот Бизнис на Текстописецот. Тоа го прават дури и најголемите Бизниси во светот, затоа немој да се плашиш, мораш да потрошиш дел од своето време, но она што ќе го добиеш за возврат ќе го исплати целото одземено време.

 

Доколу сакаш да имаш силна Маркетинг порака за твојот Вебсајт или Онлајн Маркетинг, побарај не, но прво треба да направиш План, и да ги дефинираш своите цели!!!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Filed Under: Content Marketing, Conversion Rate Optimization, Email Marketing, General Marketing, Online Advertising, Online Tips, Social Media Marketing Tagged With: Copywriter, Copywriting, Текстописец, Текстопишување

  • Page 1
  • Page 2
  • Next Page »

Primary Sidebar

Статии по теми

  • Analytics (5)
  • API's (4)
  • Content Curation (1)
  • Content Marketing (18)
  • Conversion Rate Optimization (5)
  • Copywriting (2)
  • Email Marketing (10)
  • Facebook Advertising (2)
  • General Marketing (16)
  • Online Advertising (11)
  • Online Tips (44)
  • SEO (8)
  • Social Media Marketing (7)
  • Website Goals (12)

Архива

Tags

A/B or Split Testing blog Boost Post content Content Marketing Conversion Rate Optimization Copywriting CRO customer purchuse funnel design email marketing Google AdWords Google Rang Inbound marketing Multivariate Testing ppc campaign PPC рекламирање Promoted Posts seo social media marketing А/Б тестирање Вебсајт Гугл ранг Дојдовен Маркетинг Карактерот на Купувачот Маркетинг Кампања Маркетинг преку содржина Онлајн Рекламирање Оптимизација на степенот на конверзија Стапка на кликови Стапка на отворени Е-мејл пораки Стапка на откажување на членство Тестирање на повеќе варијанти Фејсбук Фејсбук Рекламирање Циклус на купување е-мејл листа е-мејл маркетинг електронско плаќање конверзија маркетинг преку социјални мрежи привлекување содржина успехот на твојот Вебсајт целна група

Адреса и телефони:

Моб:

(+389) 70 278 871

Ивил Дооел
Петар Поп Арсов 19/1-15 1000, Скопје
Р. Македонија

E-Мејл:

info@ivil.com.mk
goce.stojanov@ivil.com.mk

IVIL

Copyright © 2019 · Genesis Sample on Genesis Framework · WordPress · Log in