Warning: copy(/var/www/html/ivil.com.mk/public_html/wp-content/wflogs//GeoLite2-Country.mmdb): failed to open stream: Permission denied in /var/www/html/ivil.com.mk/public_html/wp-content/plugins/wordfence/lib/wordfenceClass.php on line 2020
8 причини за стартување со Бизнис Блог - Ивил

placeit_businessblogЕдна од најмоќните маркетинг алатки е Блогирањето.

 

Ако ги разгледаме бенефитите од Блогирањето ќе видиме дека е финансиски исплатлив, не се потребни многу средства за започнување и негово одржување. Постојат многу Хостинг компании кои нудат со еден клик да инсталираш WordPress платформа за Блогирање.

Еден начин за започнување со Маркетинг преку Содржина е да започнеш со пишување на статии на твојот Бизнис Блог.

Зошто да започнеш?

  1. Ако пишуваш на одреден интервал, ќе им покажеш на потенцијалните клиенти дека си релевантен и веродостоен. Доколку го правиш тоа со Години, тоа покажува дека си ѝ константен и долготраен.
  2. Уште пред да те побараат, клиентите веќе ќе те познаваат и ќе знаат за твоите способности. Тоа е голема предност.
  3. Со помош на Блогирањето ќе ги подобриш комуникациите. Те тера да размислуваш, те тера да размислуваш за својот Бизнис, те тера да размислуваш за тоа што го работиш, те тера да размислуваш за пораката која сакаш да ја пренесеш.
  4. Со текот на времето и со постојано усовршување ќе научиш како да ја пренесуваш пораката појасно и почисто на сѐ поголем број на клиенти.
  5. Новите корисници ќе можат лесно да те откријат тебе и твојата работа, бидејќи Блог статиите лесно можат да се пронајдат Онлајн, преку социјалните мрежи и Пребарувачите.
  6. Стотици потенцијални клиенти можат да ја пронајдат твојата работа секој ден, Блогирањето ти овозможува да ги пронајдеш и да им помогнеш на луѓето.
  7. Блогирањето ти помага да го поттикнеш креативниот момент во Себе. Со постојано Блогирање постојано учиш нови работи.
  8. И за крај, после секоја објавена Статија јас лично подобро се чувствувам. Пробај можеби ова ќе важи и за тебе.

Дали на твојот Корпоративен Вебсајт имаш Блог? Колку често објавуваш Статии? Доколку сакаш да ти помогнеме во креирањето на Бизнис Блог побарај не!!!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment