Warning: copy(/var/www/html/ivil.com.mk/public_html/wp-content/wflogs//GeoLite2-Country.mmdb): failed to open stream: Permission denied in /var/www/html/ivil.com.mk/public_html/wp-content/plugins/wordfence/lib/wordfenceClass.php on line 2020
2 алатки за да го подобриш твојот маркетинг преку Фејсбук

извор: socialmediaexaminer

M

Многу маркетери знаат дека вистинската борба на Фејсбук е во листата на новости “news feed”, а не Фејсбук страната. Многу малку корисници одат директно на Фејсбук страната на некоја компанија, наместо тоа тие вршат интеракција со новостите кои ги следат на својот профил.

Постојат многу апликации кои ја надополнуваат Фејсбук страната, но корисникот треба да ја посети за да има интеракција со неа. На пример, за апликација која организира најдобра фотографија корисникот треба да го напушти профилот за да може да партиципира на натпреварот.

Има апликации кои овозможуваат корисникот да не го напушти својот профил и следејќи ги новостите да може покрај like, share, comment, да се додаде уште некоја ставка. Една од таквите апликации е ActionSprout

Втора алатка

Еден од начините да добиеш поголема публика е да платиш за поголем досег на она што си го постирал.

За твојот маркетинг да биде успешен мора да споделиш нешто што е вредно за читање со своите корисници. Тоа најчесто е текст – статија која покрај тоа што треба да е интересна, треба да им помогне на фановите односно да реши некој нивен проблем.

 

На некој начин Фејсбук ги форсира маркетерите да пишуваат сѐ поквалитетна содржина која ќе се прикажува на голем број на корисници. Што значи дека Фејсбук се залага за „Маркетинг преку Содржина“.

Бидејќи кога ќе објавиш статија таа се прикажува само на мал дел од твоите фанови, Фејсбук има едноставен начин да ја зголемиш таа бројка со плаќање.

Оваа опција се нарекува Boost post.

Цената е различна за секоја земја, таа варира бидејќи и Фејсбук рекламирањето и на Гугл е на принцип на наддавање. Бидејќи кај нас нема толкава конкуренција на пазарот, и цената за рекламирање е ниска и секој Бизнис може да си дозволи да плати за да се прошири неговата идеја, продукт или сервис.

Доколку до сега не си пробал, препорачувам да го направиш уште денес и да ги погледнеш резултатите за својот Бизнис.

Еве оваа статија за некој ден ќе ја бустувам за 5$= 240 ден. и ќе биде прикажана на 20000 профили (во зависност од таргетот).

Нормално, зависи од тоа што го споделуваш дали ќе биде like-увано, коментирано, споделувано. Секој бизнис ќе добие различни резултати и за тоа никој не може да гарантира.

Во некоја друга статија ќе објаснам како можеш да направиш кампања за оние кои веќе го посетиле твојот Вебсајт.

Дали користиш Boost Post? Најпрвин треба да ја одредиш твојата целна група!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment