placeit_kpiВовед

За да можеш да правиш бизнис одлуки за сите активности Онлајн, треба да имаш алатки за прибирање на податоци од посетителите како Google Analytics  и секако треба да имаш способност за анализа и интерпретирање на тие податоци.

Со овие алатки можеш да:

  • ги воочиш сите начини на интеракција со твоите корисници
  • ја мериш ефективноста на таа интеракција
  • си сигурен дека преземаш акции кои се базирани на податоците кои си ги обработил сѐ со цел да ги подобриш твоите бизнис резултати

Алатките како Гугл Аналитикс ни даваат пристап кон податоците за твојот Вебсајт.
Овие податоци ни кажуваат многу работи за посетителите:

  • нивниот број
  • од каде доаѓаат
  • од каков тип на уред пристапуваат
  • што прават посетителите откако ќе го посетат твојот Бизнис Вебсајт

Акции кои ги презема посетителот

Во зависност од Бизнис целите на Твојот Вебсајт постојат таканаречени клучни акции кои може да ги преземе корисникот на сајтот.

Пример, за Вебсајт која примарна цел му е да продава, таканаречен eCommerce тип на Вебсајт, клучна акција која ја презема корисникот и која укажува на Примарната цел е  нарaчка на сајтот. Ова се „Макро Конверзии“.

Но постојат и Микро Конверзии – акции кои ги преземаат корисниците со кои не се постигнува главната цел, но се сѐ поблиску до неа, како зачленување на е-мејл листа за примање на купони или пак за известување за нови продукти.

Мерење

Со мерење на овие акции можеме постојано да го подобруваме процесот. Тука влегуваат и мерењето, извештаите и анализата.

Најпрвин треба да направиш сопствен план, специфичен за твојот Бизнис. Тоа што е успешно за одреден бизнис не мора да важи за твојот. Значи не можеш туку така да прекопираш нечиј Вебсајт и да мислиш дека ќе успее.

Зошто? Затоа што ниту ги знаеш Бизнис целите на тој одреден Вебсајт ниту пак ги знаеш целите на Вебсајтот, ниту пак знаеш какви перформанси има и колку тој сајт е успешен.

Започни со дефинирање на Бизнис Целите, а врз основа на нив одреди ги  целите на Вебсајтот. Потоа треба да ги дефинираш точките на конверзија и што ќе мериш.

3 чекори за мерење на успехот на твојот Вебсајт

  1. Дефинирање на Бизнис Целите
  2. Дефинирање на Стратегијата и Тактиките за целите.
  3. Избирање на Клучните индикатори за мерење на Перформансите

 

Како пример би разгледале една продавница која продава Офлајн, а има и Онлајн Вебсајт. Продавницата нека е за Скејтери и Скејтерска Опрема:).

Една Стратегија: Продажба на Продукти:

  1. Една од Вебсајт целите би можела да биде да се продаваат истите продукти преку Онлајн Продавница.
  2. Друга би било, бидејќи постои и Офлајн продавница, да ги натера посетителите на Вебсајтот да ја посетат Офлајн продавницата со тоа што ќе им дава корисни информации на Вебсајтот. Значи ова е сосема друга тактика.

Втора Стратегија:  Поттикнување на Клиентите

  1. За да ги запознае своите купувачи со опремата и да се приближи до нив оваа компанија води и сопствен Блог.

kpi
Следен чекор е да ги одредиме „Клучните Индикатори за Перформансите“ за тактиките и целите кои си ги дефинирал. Значи тоа што си го дефинирал како цел треба да можеш некако и да го измериш за да знаеш дали си на добар пат. Тоа се најобични бројки и проценти од ден на ден за да знаеш како му оди на твојот Бизнсис:

  • Ако тактиката ни е да продаваме Онлјан, КИП би било колку приход имаме од продажбата или Просечна цена на нарачка итн.
  • Или пак за втората тактика колку пати посетителите ја посетиле Офлајн продавницата и колку од нив испринтале купони со попуст за купување.
  • Ако се работи за Блогот колку од корисниците споделиле статија итн.

За крај Нормално треба да си зададеш кои ти се Таргетите за овие бројки, за да знаеш дали си на права насока или не.

Дали користиш алатка за аналитика за твојот Вебсајт? Ако користиш дали имаш зададено Индикатори за мерење на неговите перформанси? Испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment