placeit_social_marketingСоцијалните мрежи во денешно време се секојдневие и веќе добро си запознаен со влијанието кое го имаат Онлајн. Многу луѓе поминуваат долго време на социјалните мрежи, па маркетерите увиделе можност за интеракција со нив преку Социјалните Мрежи.

Со Маркетинг преку Социјални Мрежи можеш да постигнеш повеќе цели:

  • Да доведеш Сообраќај до твојот Вебсајт
  • Да ја зголемиш Конверзијата
  • Зголемување на Свесноста за твојот Бренд
  • Комуникација и интеракција со твојата публика и друго.

Овој тип на Маркетинг најчесто се концентрира во напорите да се креира содржина која привлекува читатели кои понатака ја споделуваат истата преку социјалните мрежи.

Социјалните мрежи се „ок“ кога се користат да постигнеш конверзација и поттикнеш интерес кај корисниците кои можеш понатака да ги упатиш повторно кон твојата примарна содржина (твојот Блог) и да ги поттикнеш да се зачленат на твојата е-мејл листа.

Не треба ништо посебно да научиш за Маркетинг преку Социјалните мрежи, веќе знаеш, си ги користел:

  • биди пријателски настроен
  • биди корисен и
  • споделувај интересни работи.

Тука не треба премногу да користиш маркетинг. Социјалните медиуми се добро место да се дружиш со твојата публика, да научиш повеќе за нив и нивните потреби и да бидеш интересен. Понудите и Маркетингот користи го повеќе во е-мејл листите и Страниците за Продукти, а не во Социјалните мрежи.

Пред да започнеш со креирање на Маркетинг Кампања за некоја Социјална мрежа, зами ги во предвид и бизнис целите. Стартување на кампања без план е како талкање во шума без мапа и на крај ќе се изгубиш во преводот:)

Креирај план и направи brainstorm за твоите цели:

  • Што сакаш да постигнеш со маркетингот преку Социјални мрежи?
  • Која е твојата публика?
  • Што ги интересира и како ја користат социјалната мрежа?
  • Каква порака сакаш да испратиш кон твојата таргет публика?

Секоја Онлајн активност за да добиеш подобри резултати најпрвин започни ја со План и Анализа!

Која Социјална мрежа ја користиш за твојот Маркетинг? Колку често споделуваш содржина? Дали имаш план за твојот Маркетинг преку Социјалните мрежи? Испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Join the Conversation

2 Comments

  1. Дали може да се рекламира нешто на Word Press ?

  2. Здраво,

    WordPress e систем за менаџирање на содржина, или за креирање на Вебсајтови. За рекламирање Онлајн користи ги Фејсбук и Google AdWords.

    Поздрав

Leave a comment