placeit_email_marketing_listsЕ-мејл маркетинг е многу моќна алатка која секој Бизнис треба да ја имплементира. Ова е една од најевтините алатки која честопати, за помали листи, може да е ѝ бесплатна.

Своја сопствена мрежа

Листата која ќе ја изградиш, односно, базата на клиенти и корисници е во твоја сопственост, за разлика од Фејсбук или било која друга социјална мрежа. Фејсбук ја поседува сопствената мрежа и постојано ги менува правилата, па така сега секоја нова статија ја прикажува само на 5% од твоите фанови, за да ја видат останатите мора да платиш.

Градење на Е-мејл листа

Градењето на Е-мејл базата е спор процес, но исплатлив за трудот кој ќе го вложиш. На овој начин ќе стекнеш база на лојални корисници и промотори на твојот бизнис.

Како да почнеш

Најдобро е да започнеш така што ќе ја побараш е-мејл адресата на постоечките корисници и клиенти. Немој да додаваш луѓе на твојата листа без да побараш дозвола од нив. Во спротивно ќе се смета за Спам.

Следно е да побараш од нив дозвола за да ги контактираш од време на време преку електронски билтен и да можеш да им испраќаш специјални понуди или известувања.

Ако испраќаш релевантна и корисна содржина и ако направиш лесно да може да се споделува твојата листа ќе расте.

На твојот Вебсајт треба да поставиш е-мејл форма за зачленување која треба да е во горниот дел добро позиционирана и добро читлива.

Бидејќи бараш дозвола за заченување на твојата е-мејл листа најдобро е за возврат да им понудиш нешто. Како на пример бесплатна е-книга.

На ваков начин за брзо време ќе ја изградиш твојата Листа на Лојални клиенти и  корисници на кои можеш да им ја пренесеш својата Маркетинг Порака, а воедно и да им дадеш нешто вредно и корисно за читање.

Дали користиш Е-мејл Маркетинг за твојот Вебсајт? Дали испраќаш редовно електронски билтен? Испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment