Ова е превземен наслов но во следната статија има и мое видување и искуство. Оригиналната статија: 5 Грешки кои ги прават Маркетерите при процесот на прибирањето, организирањето и прикажувањето на информации релевантни на одредена тема или област на интерест – „Кураторство на Содржина“ можеш да ја прочиташ тука.

placeit_contentcurationСодржината Маркетерите во денешно време ја користат за генерирање на интересенти и за препознавање на брендот.

Според истражувањата на Институтот за „Маркетинг преку Содржина“  95% од големите претпријатија практикуваат „Маркетинг преку Содржина“ што значи дека постои многу содржина во оптег, а барањето за нова релевантна содржина никогаш не било толку големо.

За Бизнисите е невозможно да креираат доволно оригинална содржина и квалитетен материјал за секој канал секој ден, затоа многу од нив зависат од „Кураторство на Содржина“ (процес на прибирањето, организирање и прикажување на информации релевантни на одредена тема или област на интерест) за да го изградат препознавањето и свесноста за нивниот бренд и да генерираат интересенти преку социјалните мрежи и е-мејл маркетинг.

Но со кураторство на содржина Бизнисите прават грешки со што нивните Содржински Маркетинг Кампањи не ги исполнуваат посакуваните резултати кои би можеле да ги донесат.

Еве ги 4-те најголеми содржинско-кураторски грешки кои Бизнисите можат да ги избегнат ако сакаат да споделат нешто вредно со нивната публика:

1. Брзо прегледување на Насловите и Веднаш Споделување

Во трката да се остане активен низ различните социјални мрежи и канали, Бизнисите многу често споделуваат премногу брзо. Добриот наслов не значи дека и целата статија е добра. Многу често добриот наслов не значи дека и статијата е релевантна. Затоа пред да се сподели, многу важно е да се одвои време за да се прочита целосно статијата пред да се сподели со твојата публика.

2. Проверување единствено само на Најпопуларните Статии и Извори на Содржина

На социјалните мрежи, луѓето ги пратат брендовите кои се познати по тоа што нудат  високо квалитетна содржина и информации од прва рака.

Ако едноставно ја превземеш некоја сторија од Google News или она што е најпопуларно на Твитер, се ограничуваш во барањето на релевантна содржина. Уште повеќе, многу од конкурентите или твоите пријатели веќе ја имаат споделено истата статија.

Ако целта на Содржинското Кураторство е да привлечи луѓе кон твојот бренд со твојата оригиналност, не може тоа да се направи со споделување на најпосетуваните извори и најчитаните артикли. Твоите потенцијални клиенти и корисници нема да согледаат вредност
во таквиот тип на содржина.

3. Да не е наменета за Твојата Публика

Треба внимателно да ја одбереш публиката за секоја содржина што ќе ја прибереш. Што ќе биде интересно за твојата публика и што ќе ја ангажира?

Доколку имаш неколку типови на „Профил на Купувачот“, а имаш една бизнис сметка на социјалниот медиум, процесот може да личи како на жонглирање, затоа што имаш на ум различна публика со различни потреби.

Начинот за да успееш е да се понуди Високо релевантна содржина на добро таргетирана Публика.

4. Промовирање на Истата Содржина низ сите Канали

Сега за сега јас ова го правам 🙂

Ако некој забележи дека твојот бизнис го споделува истиот линк на Твитер и на Фејсбук, нема да има потреба да те следи на двете социјални мрежи.

Со тоа твојот бизнис ќе изгуби дел од потенцијалните корисници. Секој канал има сопствена публика со различни потреби и со различен темперамент и начин на однесување, треба да се однесуваш на секој различно, што за една личност тоа е како да имаш повеќе карактери во себе и на различен канал делуваш различно.

 

Ако имаш потешкотии во организирањето, пишувањето, креирањето, уредувањето, објавувањето на содржината побарај не!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment