target_buyer_personasНикогаш како до сега не било поважно да се дефинира добро дефиниран таргетиран пазар.

Особено тоа важи за малите компании кои ефикасно можат да се борат на пазарот заедно со големите компании со тоа што ќе таргетираат мал дел од пазарот.

Многу бизниси велат дека го таргетираат  „секој кој се интересира за моите сервиси“. Или пак целна група ми се сопственици на мали бизниси, но тоа е премногу генерално.

Со таргетирањето не ги исклучуваш останатите купувачи, туку ги насочуваш твоите пари за маркетинг и ширење на брендот на специфичен дел од пазарот кој најверојатно би сакал да ги купи твоите производи.

Тоа е најефикасниот начин да пронајдеш потенцијални купувачи.

Со други зборови кажано, постави се на местото на купувачот и одреди на кого му се најпотребни твоите производи и зошто би сакал да ги купи.

Која е разликата помеѓу Целна група и Карактерот на купувачот?

За дефинирање на целната група разгледај ги следниве фактори:

  • Старосна граница (годините)
  • Локација
  • Пол (машки/женски)
  • Ниво на едукација
  • Ниво на примања
  • Фамилијарен статус
  • Интереси итн.

За дефинирање на Карактерот на купувачот пробај со:

  • Кои се твоите купувачи
  • Што сакаат да постигнат
  • Нивното однесување
  • Како размислуваат
  • Како купуваат
  • Како носат одлуки
  • Каде купуваат
  • Кога одлучуваат да купат

Дали имаш дефинирано Целна група и Идеален купувач за твојот бизнис? Ако имаш дали твојот Вебсајт се обраќа на оваа група? Доколку сакаш заедно да ја дефинираме закажи сесија!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment