placeit_defining_goalsЈас го користам Google Analytics, но секако дека постојат и други аналитички софтвери кои најчесто се комерцијални.

Кој и да го користиш, за да ги мериш резултатите на твојот Бизнис Вебсајт мора најпрвин да зададеш цели и истите да ги мериш.

Основните податоци кои секојдневно се следат како број на посетители и број на погледнaти страни не се доволни за да го измериш ROI.

Успехот на еден Вебсајт е еднаков на бројот на посетители X твојот степен на конверзија.

Како да ја зголемиш Конверзијата

Кога некој случаен посетител ќе го посети твојот Вебсајт и се регистрира на твојата Е-мејл листа си направил една конверзија од посетител во член на е-мејл листа.

Процентот на Конверзија за овој пример можеме да го пресметаме со делење на бројот на посетители кои се зачлениле на листата со вкупниот број на посетители по 100.

Пример: Ако на твојот Вебсајт дошле (од било каде 🙂 ) 100 посетители, од нив 10 се зачлениле на твојата листа тогаш процентот на Конверзија на посетителите во членови на твојата листа е 10%.

Потребата од мерење на овие параметри ја увиделе и во Гугл, па така во Google Analytics можеш да креираш таканаречени Цели (пример за цел: зачленување на твојата е-мејл листа).

Откако ќе креираш некоја Цел на твојот Вебсајт тогаш во Google Analytics во менито за Конверзии можеш да ги анализираш резултатите.

Нормално, подобро е да имаш поголем степен на Конверзија

Со дефинирање на Цели и мерење на резултатите можеш да направиш подобрувања на твојот Вебсајт за да добиеш подобра конверзија.

Дали имаш дефинирано цели во твојот софтвер за Аналитика? Дали воопшто користиш софтвер за Аналитика за твојот Вебсајт? Доколку сакаш заедно да ги дефинираме закажи сесија!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment