placeit_facebook_twitter_linkedinПрво нешто што ќе ти падне на памет е да го отвориш Гугл и да пребараш за некој поим, производ или нешто што те интересира.

Но, покрај Пребарувачите постојат и други Платформи преку кои луѓето можат да се поврзат Онлајн.

Благодарение на Социјалните Мрежи, твоите корисници можат да те пронајдат покрај Гугл и на Фејсбук или пак на Твитер исто како да пребаруваат на Гугл.

Еве кои Социјални Мрежи треба да ги земеш во предвид. Односно кои се брзо растечки мрежи со огромен број на корисници.

Кај нас највеќе е застапен Фејсбук, но, не може да се занемарат и Твитер како и LinkedIn, особено LinkedIn каде можеш да се поврзеш на професионален план.

Фејсбук

На Фејсбук секој Бизнис има една или повеќе бизнис страни и не треба да се игнорира бидејќи веќе бројот на корисници е над 1 милијарда корисници.

Кај нас скоро сите се на Фејсбук.

Фејсбук дава повеќе можности за да го претставиш твојот Бизнис Онлајн. Но највеќе е насочен кон Мракетинг преку Содржина.

Твитер

Твитер заедницата е помала во однос на Фејсбук, но со правилно користење голем дел од Бизнисите можат да го искористат за своите Маркетинг цели.

Треба да се напомене дека секоја Социјална Мрежа има своја публика, која привлекува специфичен тип на луѓе. Како еден вид на друштво :), треба да се вклопиш во тоа друштво.  Треба да пробаш, ако не се пронајдеш можеби треба да искористиш друг канал.

LinkedIn

Популарен е кај Бизнисите. Добар е за да ги претставиш твоите лични способности и знаење. Мислам дека е добар ако сакаш да најдеш работа. Но, за Бизнисите  добар е за поврзување со добавувачи, партнери, крајни корисници, да најдеш работници итн.

 

Сите Социјални Мрежи имаат систем за вреднување, односно сѐ се мери. Колку твоите статии се споделувани, колку се читани, колку се Лајкувани, итн.

Со тоа самите заедници ги издвојуваат оние кои се добри во својата работа. Така што, ако те бива ќе излезеш на површина.

Но, најтешкиот дел кај Бизнисите е вистински да се вклучат во Социјалните Мрежи, поради времето кое е потребно да се потроши, многумина мислат залудно.

Затоа пред да одбереш некој Канал, ако си Бизнис треба да направиш План, и да ги дефинираш своите цели!!!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment