placeit_content_vs_design

Содржина

Во креирањето на еден Вебсајт најбитна е содржината. Дизајнот доаѓа на второ место. Во моментов, едни од најуспешните Вебсајтови кои се посетувани од милиони луѓе се Блогови.

Значи не се работи за подобар дизајн или пак колку повеќе можности има Вебсајтот. И дизајнот и можностите имаат помалку влијание споредбено со пораката која Вебсајтот ја пренесува.

И јас како и многу други корисници на Веб се поврзувам со содржината на некој сајт, она што ме интересира да го прочитам, не со дизајнот.

Дизајн

Дизајнот ѐ исто така потребен но за полесна интеракција на корисниците со содржината.

Затоа при изработка на Вебсајт најпрвин ја дефинирам содржината на сајтот, а потоа врз основа на истата се креира и дизајнот.

Јас мислам дека вака ќе се добијат подобри резултати, затоа што дизајнот ќе ги води посетителите кон важните пораки, а тие ќе го наведат корисникот да преземе акција.

Колку ти е важна содржината на твојот Бизнис Вебсајт? Дали доволно време поминуваш во смислување на содржина за твојот Сајт?

 

Ако имаш потешкотии во организирањето, пишувањето, креирањето, уредувањето, објавувањето на содржината побарај не!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook

Сподели ја статијата:

Leave a comment