Online marketingБлог статии, е-книги, новости, СЕО стратегија, Google аналитика, стратегија за содржина, карактер на купувач, кампањи, генерирање на потенцијални клиенти, продажни страни, повик за акција, социјални медиуми, инфографици, видеа, вебинари, автоматизација на маркетингот, истражување на маркетот и конкуренцијата…

Ова е само дел од она што можеш да го добиеш од Дигитална Маркетинг Агенција. А тоа може и да е листа со барања за твојот следен вработен во секторот за маркетинг.

Да одлучиш дали да вработиш човек или да ангажираш агенција не е лесно. Ако се размислуваш, да видиме дали можеме да ти помогнеме…
Еве неколку клучни предности од ангажирање на агенција наспроти вработување на онлај маркетинг човек во твојата организација.

Ефикасност

Агенциите ги повторуваат истите задачи одново и одново и така се специјализираат во секој дел од маркетинг сложувалката. Оваа специјализација креира ефикасност и во стратегијата и во тактиката.
Ефикасноста во стратегијата може да ти овозможи предност пред конкуренцијата на пазарот. Правилни одлуки може да претворат компанија која не рангира добро на Google во компанија која се појавува на прва страна за 20 клучни зборови.
Ефикасноста во тактиката – тие одлуки ставени во акција значат креирање на правата порака за правите луѓе во право време, дали тоа е одведување на посетителите до блог статија со привлечна и релевантна содржина или зголемување на конверзијата за симнување на некој документ, зачленување на листа или купување производ.

Искуство

Агенцијата работи со различни партнери и на тој начин развива осет за тоа што функционира, а што не. Ова искуство може тешко да се пронајде кај вработен онлајн маркетер.
Со ангажирање на агенција имаш тим позади тебе. А во тим има повеќе мудрост.
Агенциите се во тек со трендови, идеи и успех во дигиталниот маркетинг. Си играат со најновите маркетинг алатки и апликации, посетуваат и следат конференции и генерално се „гикови“ во дигиталниот маркетинг.

Перспектива

Да се биде секој ден дел од бизнисот има многу предности. Но, тоа, исто така, може да направи човек со „намален видик на работите“, што е многу возможно ако човек е затворен на иста работа секој ден и му се руши креативноста со најразлични барања и потреби од претпоставениот.
Агенцијата може да обезбеди свежа перспектива на она што изгледа исто, изгледа “како што треба”, или што дури може да изгледа невозможно на некој одвнатре во бизнисот.
Маркетерите кои се дел од Агенцијата се објективни учесници во една многу субјективна, лична средина. Агенција не се меша во корпоративната политика ниту во дневните случувања во компанијата. И не се грижи (најчесто) дали ќе ти го каже она што не сакаш да го слушнеш.
(Некои компании дури и ангажираат консултанти за да им помогнат со перспектива.)

Сестраност

Еден маркетер нема да ги има сите квалификации кои една агенција ќе ги има. Колку маркетери позанаваш кои се умешни во се од она горе набројаното?
Повторно, се сведува на тоа да имаш тим позади тебе наспроти тоа да имаш само еден вработен.

Да вработиш погрешен човек

Не само што вработениот ќе те чини околу 30% повеќе од нето платата, цената за погрешно вработен човек може да влијае директно на твојот профит. Колку би влијаел зависи од твојот Бизнис.
Помисли и на сите трошоци кои се поврзани со вработување на погрешен човек: плата, бенефити, други трошоци (канцелариски материјали, тренинзи), пропуштени бизнис можности, влијанието на моралот на вработените…

Дали размислуваш да ангажираш агенција или да вработиш некој кој ќе го води твојот онлајн маркетинг? Сподели ги мислењата и искуствата…

Извор:  sproutcontent

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Leave a comment