What is Content MarketingМаркетинг со Содржина е онлајн маркетинг техника со која ги привлекуваш и ангажираш посетителите преку креирање на Содржина.

Во многу дефиниции за Маркетинг преку Содржина се разгледува и прашањето „Каква содржина да се креира?“, со одговор: Треба да креираш содржина која внесува некоја вредност кај корисниците.

Но, според мене најважно е:

Ако сакаш да користиш Маркетинг со Содржина мора да креираш Содржина.

Што значи ова? Ова значи дека мора да креираш содржина за да ја користиш оваа техника, без оправдувања. Оваа техника неможе да постои без да креираш содржина.

Каква содржина?

Содржина која ќе ги привлече корисниците да ја користат. Значи, твоја задача е да ја креираш со надеж дека ќе внесе вредност кај корисниците. Но, не мора да значи дека ако ја креираш со надеж дека ќе внесе вредност, дека така и ќе биде.

Оние кои почнуваат со креирање на Содржина веднаш ќе си ги постават овие прашања:

  • За што да почнам да пишувам?
  • Каков тип на Содржина ќе ги ангажира повеќе корисниците: Блог статии, Видеа, Слајдови…?
  • Колку содржина е потребно да креирам?

И најважното прашање: Дали ова функционира?

Иако на прв поглед изгледа тешко да се одговори, одговорите на овие прашања се едноставни и интуитивни.

Дозволи ми да ги одговорам овие 3 прашања:

За што да се пишува?

Треба да креираш Содржина која ќе ги ангажира корисниците и внесе некоја вредност за нив, а тоа е…

Размисли и Запиши 3 работи од твојата област (индустрија) кои мислиш дека ќе ги ангажира твоите посетители.

Насока: Кои прашања ти ги поставуваат клиентите најчесто? Дај им го одговорот.

Каков тип на Содржина да креирам?

Можеш било каков тип да креираш:

  • Blog Posts
  • Videos
  • Audio Podcast
  • Webinars
  • Slide presentations
  • Case Studies
  • White Papers etc.

Што е најпогодно за тебе и во твојата област? Ти кажи ми 🙂

Можам да ти дадам совет, но најдобро е сам да пробаш.

Колку содржина е потребно да креирам?

Креирај. Промовирај. Анализирај ги резултатите.

Креирај. Промовирај. Анализирај ги резултатите.

Креирај. Промовирај. Анализирај ги резултатите.

 

Маркетинг преку Содржина е за креирање Содржина и потребно е да е забавно.

Ако не ти претставува задоволство и не ти е забавно и те фрустрира, немој да почнуваш.

Креирањето на содржина зазема време. Ако сакаш да ја користиш оваа техника, значи дека веќе имаш време.

А ако имаш време за ова, можеш да креираш содржина секој ден.  Па затоа, креирај Секој ден.

А дали функционира ова?

На ова прашање можеш и сам да дознаеш (не многу брзо), но за некои 3 до 6 месеци ќе имаш доволно резултати за да знаеш дали функционира. Пробај и извести ме, затоа што не можам да кажам точно дали работи за твојот Бизнис.

 

Ако немаш време. Ние имаме.

Што ти треба да почнеш?

Најпрвин тие потребна Маркетинг Платформа за едноставно да можеш:

  • Креираш
  • Дистрибуираш
  • Промовираш
  • Контролираш 🙂
  • Споделуваш
  • Анализираш Резултати

Побарај не и ќе направиме Стратегија за Креирање на Содржина.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment