Еден од предизвиците кога се изработува Вебсајт е како да го развиеш да комуницира со посетителите: што твојот Вебсајт ќе прави и за кого е наменет.
Ќе заштедиш и време и пари со фокусирање на 2 клучни прашања на самиот почеток на Веб проектот:
- Каква корист ќе имаат посетителите (корисниците) од твојот Вебсајт?
- Каква корист ќе има твојот Бизнис од Вебсајтот?
Типична намена на Вебсајт може да биде:
- Маркетинг- промовирање на тоа што го работиш или на продукти и сервиси кои ги нудиш
- Продажба – продавање на твоите продукти или сервиси
- Бизнис поддршка – давање на поддршка на корисниците
- Едукација и информирање
- Заедница – развивање на форум или заедница
Главно прашање е зошто овој Вебсајт да се направи воопшто?
Немој да гo прескокнеш дефинирањето на целите и задачите на твојот Вебсајт. Многу често луѓето преминуваат директно на креирањето на Вебсајтот.
Целите и задачите треба да се точно определени и треба да опишуваат мерливи акции кои можеш да ги мериш и да вадиш извештаи врз нивна основа.
Бизнис Цели – Што му е потребно на твојот Бизнис?
Најнапред размисли за твоите Бизнис или организациски цели – како твојот Вебсајт ќе му помогне на твојот Бизнис? Дали целта е да продава, информира дава поддршка, промовира, едуцира? Еве примери за бизнис цели:
- Ние сакаме Вебсајтот да … .продава продукти или сервиси
- Ние сакаме Вебсајтот да … .го зголеми бројот на потенцијални клиенти
- Ние сакаме Вебсајтот да … .да ни заштеди пари, со тоа што луѓето ќе го користат нашиот Вебсајт наместо како до сега
- Ние сакаме Вебсајтот да .. .ги информира луѓето за она што го работиме итн.
Не знаеш што може да се подобри на твојот Вебсајт?
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov