Ако сакаш да го зголемиш бројот на конверзии, а не знаеш што треба да промениш на твојот Вебсајт, можеш да тестираш иста вебстрана во две варијанти- со промени на различни елементи (текст, боја, слика, форма за логирање) – и да видиш која дава подобри резултати.
Начини на експериментирање
Првиот начин е А/Б тестирање – односно, креираш 2 страни со единствена промена на елементот за кој сакаш да го направиш тестирањето и потоа ги следиш резултатите. На крај, ќе ја задржиш онаа срана која ќе има подобри резултати, односно, каде што степенот на конверзија е поголем.
Друг начин за тестирање на промени е Тестирање на повеќе варијанти (Multivariate Testing). На овој начин, тестирањето предвидува промена на повеќе елементи одеднаш на страната која сакаш да ја истестираш. Исто како и кај А/Б тестирањето, со следење на резултатите ја одбираш онаа страна кај која степенот на конверзија е поголем.
Вториов начин на тестирање има и предност и недостаток во однос на првиот.
Предноста е дека можеш да промениш повеќе елементи и да ги тестираш и да тестираш два тотално различни дизајни. Но, тоа може да биде и недостаток затоа што нема да знаеш точно која промена влијаела на зголемувањето на конверзијата.
Исто така, може да ти одземе повеќе време да ги направиш промените во однос на тоа да направиш само една промена, и да нема подобрување на степенот на конверзија.
Бенефитите на експериментирањето
Кој од начините и да го одбереш за да тестираш промени за зголемување на конверзијата, целта е на крај да добиеш:
- подобрување на твојот производ или сервис,
- зголемување на конверзијата
- зголемување на приходи од Вебсајтот.
Исто така, нема потреба никоја идеја да ја отфрлаш. Сé може да се истестира. А, важните одлуки за тоа како да изгледаат страните на твојот Вебсајт, ќе ги донесеш врз база на искуството на посетителите, а не на нечиј инстинкт.
Сепак, не треба секогаш да се очекуваат резултати веднаш, туку треба да се остави да помине време до конечната одлука или, пак, да се направат тестирања за истите промени во различни периоди за да се донесе вистински заклучок.
Стратегијата со тестирања не е лесна и може да биде долготраен процес затоа што на почеток може некоја промена да не даде резултати, но на долгорочен план да биде пресудна за развојот на бизнисот Онлајн.