Има доста добри статии поврзани со оваа проблематика, но јас ги сумирав главните поенти од повеќе извори.
Претходно, напишавме една статија за Уникатна Маркетинг Порака, но повеќе со акцент на диференцијацијата.
Што е Единствена Вредносна Порака?
Една од најголемите причини зошто бизнисите се соочуваат со потешкотии во денешниот пазар е затоа што имаат слаба вредносна порака.
Многу од продуктите или сервисите на овие бизнис, напротив, имаат екстремно висока вредност.
Но, тие не можат да ги артикулираат овие вредности во вид на зборови кои ќе ги привлечат нивните клиенти.
Работата не е завршена само затоа што си изградил нов, подобар продукт.
Твојата Уникатана Вредносна Порака (Уникатна Продажна Порака или Уникатна Маркетинг Порака) е една од најважната порака.
Маркетингот ги разјаснува вистините кои корисникот треба да ги слушне.
Без привлечна вредносна порака, оние кои би имале најголем бенефит веднаш би си заминале.
Ако ти не можеш да ја дефинираш твојата Единствена Вредносна Порака, биди сигурен дека и твоите потенцијални клиенти нема да можат.
Без неа твојот бизнис рескира да се изгуби во морето на сличните
.
Што всушност е вредносна порака?
Вредносната порака е ветување за вредноста што треба да се испорача.
Тоа е примарната причина зошто купувачот би купил од кај тебе.
Силната вредносна порака е специфична, честопати наведува бројки или проценти.
Може да вклучи кратко резиме на твоја работа со лични корисници како извор на доказ и демонстрација на твоите можности.
Еве една дефиниција:
„Вредносната порака е јасна изјава на мерливи резултати кои ги добива корисникот со користењето на твоите Продукти или сервиси. Таа се фокусира на бизнис вредноста на твојата понуда“
Значи, тоа е јасно тврдење кое:
Објаснува во што си единствен или уникатен (Диференцирање или разликување)
Кажи му на твојот Идеален Муштерија зошто би требало да купи од кај тебе, а не од кај конкуренцијата
Испорачува специфични бенефити (мерливи вредности)
Објаснува како твоите продукти ги решаваат проблемите на купувачите или ја подобрува нивната ситуација.
Оваа порака е за луѓето да ја читаат и да ја разберат. Таа мора да биде на жаргонот на корисниците.
Значи мора да го познаваш јазикот кој купувачите го користат за да ја опишат твојата понуда и кој би бил нивниот бенефит од неа.
Што не е вредносна порака?
Тоа не е слоган или некоја фраза. Слоганите се ок за големите бизниси, за останатите, не баш.
Не е изјава за позиционирање. Таа изјава е дел од вредносната порака, но не се исти.
Како да креираш UVP?
Постави си ги прашањата за Диференцијација:
- Што може твоето решение, а другите не?
- Што те прави Единствен?
- Што ја прави твојата понуда единствена и различна?
- Која е причината зошто твоето решение е подобро од она на конкуренцијата на некој видлив начин?
Пронајди време за вистински да осознаеш како твојата организација е различна од онаа на твојата конкуренција.
Уствари главната задача на UVP е да те издвои од конкуренцијата.
Повеќето луѓе проверуваат 4 до 5 различни опции или сервис провајдери пред да одлучат. Сигурно дека сакаш твојата понуда да се издвои во оваа фаза на истражување.
Па, како да ја направиш твојата понуда уникатна?
Ако не можеш да најдеш нешто, подобро е да направиш нешто. Секако дека единственоста треба да е поврзана со нешто што ги интересира клиентите. Нема поента да си уникатен само за да бидеш уникатен.
Главно е дека не треба да бидеш уникатен за целиот свет, туку да бидеш уникатен само во умот на твоите муштерии. Затворањето на продажбата е во умот на клиентот, а не надвор во пазарот помеѓу конкуренцијата.
#1 Дефинирај вистинска вредност:
Вредноста е она што го добиваат купувачите.
За да добро се искаже мора да разбереш зошто купувачите ги користат твоите производи.
Една од најдобрите начини да ја демонстрираш вредноста е да знаеш подобро од било кој друг каков бил животот пред твоите производи и после твоите производи.
Цената е она што го плаќаш, а вредноста е она што го добиваш.
Да ја искажеш вредноста значи јасно да дефинираш зошто тие би купиле.
Колку твојата компанија е помалку позната, подобра вредносна порака ти е потребна.
Дефинирај го говорот на клиентите
Начинот на кој ти разговараш за твоите производи е обично различен од начинот на кои твоите клиенти ги опишуваат.
Одговорот е надвор од твојата Канцеларија. Потребно е да ги интервјуираш своите корисници за да дознаеш, или да ги искористиш социјалните мрежи.
Најдобрата вредносна порака е Јасна:
- Што е?
- За кога е?
- И како е корисна
Ако овие прашања се одговорени, ти си на вистинскиот пат.
Ако твојата вредносна порака не е разбирлива за твоите корисници, погрешно правиш. Ако треба да исчитаат многу текст за да ја разберат понудата, погрешно правиш.
Избегнувај ги суперлативите и изрази како: „Невиден претходно чудесен продукт“ или „Најдобриот“ или бизнис жаргон: „Вредносно додадени интеракции“
Мора да се прочита и разбере во рок од 5 секунди.
Исто така треба да внимаваш на вредносната порака помеѓу онаа на твојата компанија и на твојот продукт.
Уникатна Вредносна Порака на твојот Вебсајт
Каде сум? Што е ова? Ова е стартната позиција на секој нов посетител кога ќе дојде на твојот Вебсајт.
Треба да ја презентираш твојата вредносна порака, како прво нешто што ќе го види посетителот, на твојата Домашна Страна.
Вредносната порака е број #1 нешто што детерминира дали луѓето ќе се замараат со читање понатака или ќе го притиснат копчето Назад.
На Веб луѓето брзаат дури и за работите кои им се потребни.
Насловите имаат приоритет: Тие се патоказ каде треба корисникот треба да оди следно.
Вредносната порака е вообичаено блок на текст:
- Наслов
- Поднаслов
- Еден параграф текст со визуелизација (слика, графика итн.)
Треба да напишеш текст нешто како: „Ова е како да ми ги читаш мислите“.
Сакаш помош со UVP за твојот Вебсајт? Како Дигитална Маркетинг Агенција ги покриваме сите сервиси: Маркетинг прек Содржина, Е-мејл Маркетинг, Маркетинг преку Социјални мрежи.
[ois skin=”2″]Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov