Маркетинг преку содржина не е Маркетинг Кампања

За разлика од Маркетинг Кампањите со овој тип на маркетинг потребно е секојдневно планирање на содржината и се прави на долг период сѐ со цел да се привлечат и да се задржат постоечките корисници.

Ако сакаш за својот Бизнис да започнеш со овој тип на маркетинг, немој да бараш Маркетинг Кампања која ќе трае 15 дена или 30 дена. Овој тип на маркетинг е трка на долги патеки и треба да поминат можеби 6 месеци до 1 година за да ги увидиш првите резултати. Но секако дека намерата и целта на овој тип на Маркетинг е да се стекнат лојални корисници кои ќе го шират твојот Бренд и ќе бидат негови најголеми фанови.

Сподели ја статијата: