Ако си и ти еден од оние кои имаат сопствен бизнис, сигурно сакаш да ја прошиш својата идеја на што поголем број на луѓе.

Но, сигурно и ти како и многу други бизнис луѓе си увидел дека ширењето на твојата идеја оди тешко.

Како изгледа тоа најчесто?

Возбуден за тоа што го работиш, им раскажуваш на пријателите што си научил или каков план имаш. Сакаш да го презентираш, а тие најчесто не те ни слушааат.

Само малкумина од нив ќе те ислушаат до крај. А ти, нормално, посакуваш што поголем број на луѓе да те ислушаат до крај. Само така ќе одлучат и дали ти е добра идејата,  а ти ќе знаеш дали има интерес или не, дали да продолжиш или не.

Постојат повеќе начини да ги запознаеш луѓето со тоа што го работиш:

  • Да организираш настан и да ги повикаш сите заинтересирани и да ја презентираш твојата идеја
  • Да направиш листа од твои потенцијални клиенти и да ги контактираш за да закажеш состанок и на тој состанок да ја презентираш идејата
  • Да испраќаш е-мејл пораки со твојата идеја или процес на работа
  • Да креираш Вебсајт и да ја презентираш идејата

Но, најчесто си ги испробал сите овие техники и премногу е споро за тебе. Секако дека имаш премногу идеи и сакаш да ги испробаш сите.

Зошто е споро? На пример, за да организираш настан покрај припремата, тешко е да се соберат поголем број на луѓе во ист термин на едно место. Кога се работи за помали фирми или средни важна улога има и буџетот, и ретко кој се нафаќа да организира настан.

Исто важи и со закажување на состанок, потребно е многу јавувања, за да се организира еден состанок. Исто така се троши многу енергија кога треба да се презентира истото на секој посебно.

Еве една метода каде што може да се забрза овој процес.

Фејсбук промоција со видео

Твојата презентација можеш да ја снимиш на видео материјал. Зошто е тоа добро?

Еднаш ја презентираш, а може да дојде до поголем број на луѓе.

Што можеш да снимиш, какво видео?

  • Процесот на работа на твојата компанија
  • Презентација на твојот Продукт или Сервис
  • Презентација на твојата идеја
  • Како им помага твојот продукт на твојата таргет група
  • Кои проблеми ги решава твојот продукт

Сакаш што поголем број на луѓе да те ислушаат до крај?

Со Фејсбук промоција или кампања можеш да го изрекламираш своето видео. Има статистика во делот за аналитика која вели: Видео прегледи до 100%.

Видео прегледи 100% слика

Нормално, ќе те интересираат и тие до 90% итн.

Колкав Буџет?

Буџетот секој треба да си го испланира сам. Фејсбук рекламирањето во Македонија не е скапо.

Но, еве еден начин како поголем број на луѓе брзо да те ислушаат до крај. Тие што ќе го изгледаат целосно видеото ќе се запознаат со тоа што го работиш и ќе ја оценат твојата работа.

Ако нема реакции, а има доволно прегледи до 100%, ќе мора да менуваш нешто во работењето или во твојот производ.

Ако има добри резултати и реакции, зголеми го буџетот и пушти го твојот глас до што поголема публика.

Сподели ја статијата: