SEO Македонија или seo mk или seo makedonija или Search Engine Optimization mk е начинот да пребараш нешто тука кај нас, а да не ти ги извади резултатите поврзани со SEO.
Кај нас и онака има многу малку пребарувања и никој нема да пребара на македонски СЕО.
Јас, обично, за да пребарам некој англиски израз, а да ми ги даде резултатите што се во нашава земја или пак Хрватски или Српски, после клучниот збор внесувам и код од земјата. На пример:
SEO mk,
а ако не сум задоволен од резултатите или нема ништо наше, продолжувам со SEO macedonia.
Што е Search Engine Optimization?
Тоа е начин како да ги креираш своите Статии или Веб страни и кои правила да ги следиш сè со цел, рејтингот на таа страна кај Пребарувачите да ти е поголем.
Кои познати пребарувачи ги знаеш?
Гугл, Google ммм …
Има и други пребарувачи, ама најпознат е Гугл.
Има и уште еден пребарувач што го знаеш ама тој најчесто го корситиш да пронајдеш луѓе и бизниси, а тоа е пребарувачот на Фејсбук. И за него трeба оптимзиација.
Од класичните пребарувачи во игра е и уште Bing (На Мајкрософт), Yahoo итн.
Зошто би се рангирал на Пребарувачите?
Доколку имаш Бизнис и сам го знаеш одговорот. За да го пронаоѓаат твојот Бизнис поголем број на луѓе, а да не платиш ни динар за реклама.
Или, најпросто кажано тоа е бесплатна Реклама.
Не ти треба бесплатна реклама? Имаш пари за реклама? Тогаш погледни го овој сервис за да не ги трошиш своите пари за џабе.
Како би го подобрил рангот?
Значи решен си да котираш добро кај Гугл, имаш Бизнис, имаш Продукти, имаш Производи.
Епа направи еден експеримент: Спремен?
Ако имаш Пет Шоп и во него продаваш Храна за кучиња или Мачиња, пробај најпрвин да пребараш во Гугл нешто поврзано со овие клучни зборови.
На кое место излегува твојот Вебсајт?
На 145-то?, не е лошо. Всушност 99% од нашите Бизниси не ни излегуваат воопшто. Зошто таква е ситуацијата кај нас, не сакаат да излегуваат.
Ама твојот Бизнис излегува, но на голема позиција каде нема никој да кликне. Тоа е добро, затоа што оваа состојба ќе треба само да ја подобриш ако почнеш со SEO.
Значи, рангот не можеш да го подобриш ако видиш некоја реклама на интернет каде ти нудат, незнам, само за 25$-ри сто пеесет илјади линкови кон твојот Вебсајт. Да беше така лесно… Размисли, па и големите брендови можат да дадат, не 25$ туку 25000$ така да се рангирало, и пак ти нема да излегуваш на прва страна.
Значи, потребно е малку повеќе работа одошто треба. Но, вреди да се работи малку повеќе одошто треба да се работи:)
Како не пронајде последниот клиент?
Нашиот последен клиент не пронајде многу лесно:)) Од каде знаеме?
Па го прашавме, и ни кажа дека на крај не знаеле што да направат и во Гугл напишале:
WooCommerce Makedonija
и сме излегле во некој од резултатите. Всушност на нив им бил потребен и модул за Booking заедно со WooCommerce, а сајтот можеш да го погледнеш и да го испробаш делот за резервации и плаќање.
Доколку сакаш и ти да продаваш на Веб слободно побарај не.
Не излегуваме за WooCommerce Makedonija на Гугл? Проба и не излегува ИВИЛ никаде?
Добро де, можеби нашите клиенти пребарале нешто друго, ама ние сме излегле и не побараа за помош.
Колку не кошташе рекламата за овој сервис?
Па не чинеше онолку колку време сме потрошиле за изработка на страниците каде сме зборувале за Онлајн Плаќање, и за имплементација платежен систем. Можеш да ги пронајдеш овие сервиси некаде на нашиот Вебсајт. Инаку за реклама за овој сервис не сме дале ниту денар. Гугл не наградил.
SEO како се прави тоа?
Па тоа се прави на еден многу лесен и едноставен начин:) Се шалам, нема лесен одговор на ова прашање. Нема ни точен одговор на ова прашање.
Прочитај овде за да диференцираш што е платено рангирање со помош на PPC сервис, а што Органско Рангирање.
За подобро да котираш на Гугл и тоа за одредени клучни изрази кои се поврзани со твоето работење или пак бизнис, потребно е најпрвин да креираш Содржина.
Каква Содржина?
Секаква Содржина, од било кој тип Статии, Видеа, Фотографии, Аудио итн.
Ако креираш Блог Статии или пак Страници на твојот Бизнис Вебсајт тоа треба да го правиш редовно.
Еве интересен податок на пример за тие што пишуваат Блог.
Почнуваш да пишуваш 1, 2, 3 статии па ништо, никој не доаѓа, па 20, 30, 40 итн.
Гугл новите Блогери ги зема во предвид откако ќе напишат минимум 50 Статии. Зошто?
Затоа што сака да си релевантен, не може да си релевантен со 5 статии, а после тоа те нема 10 месеци.
Значи, ќе имаш ти ранг и после првата статија, но тој ќе биде на многу голема позиција.
Гугл сака Содржина, Фејсбук сака Содржина
И двата најголеми ривали денес сакаат да креираш содржина на дневна основа. Едните ги викаат страници, другите статуси, третите артикли, четвртите статии.
Онлајн во Дигиталниот свет мора да се пишува.
Па, немам време јас за тоа.
Можеби немаш време, но ние имаме време. Тоа ни е работа.
А и корисниците и клиентите се почесто пребаруваат Онлајн, пред да купат. Затоа време е да почнеш да разлимслуваш на Оналјн делот, доколку сакаш да останеш во игра.
Или пак ќе губиш клиенти секој ден, и ќе одат во конкуренцијата, затоа што тие сватиле дека е ова важен дел од нивното работење.
Долга статија, но се надеваме дека доста работи разјаснивме.
Сакаш помош во Дигиталниот дел? Како Дигитална Маркетинг Агенција ги покриваме сите сервиси: Маркетинг прек Содржина, Е-мејл Маркетинг, Маркетинг преку Социјални мрежи.
[ois skin=”2″]Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov