SEO акронимот значи Оптимизација за Пребарувачите (Search Engine Optimization).

placeit_seoШто подобар SEO има твојот Вебсајт, би требало, подобро да котира кај Пребарувачите како Гугл (Се појавија и „нови“: Bing, не знам кој ги користи 🙂 )

За Пребарувачите

Борбата во светот е да се појавиш на првата страна меѓу првите 10 резултати. Зошто? Ако мене ме прашуваш, ретко одам на втората страна на Гугл. Примети се и ти, кога пребаруваш, колку пати одиш на следната страна?

Органско Пребарување и Платено Пребарување

Органско пребарување се резултатите кои излегуваат на Гугл кога ќе пребараме некој збор или израз. Платено пребарување се резултатите кои се прикажани од Google Adwords во најгорниот дел на страната како и на десната страна (види слика подоле). Рекламите на Гугл се оние први што излегуваат. А после нив се резултатите од Органското Пребарување.

the-difference-between-paid-natural-search-results

SEO за твојот Бизнис Вебсајт

Сега кога знаеме што е Органско Пребарување да дефинираме што е SEO.

SEO е процес на оптимизација на твојот Вебсајт за да Пребарувачите подобро го рангираат при Органско Пребарување кога луѓето пребаруваат нешто што е поврзано со твојот Бренд, односно нешто што го пишува на твојот Вебсајт.

SEO is dead

Дали е навистина SEO е мртов? Не е мртов само што при секојa надградба на алгоритамот за пребарување на Гугл, треба да гo надградиш и твојот Вебсајт за новостите и измените кои ги направил Гугл.

Гугл е сѐ почовечки настроен

Во минатото со помош на SEO, имаше лажирање и некои не многу паметни процеси на оптимизација на Вебсајтот. На пример: градење на мрежа од линкови, купување на фиктивни линкови од сајтови, користење на клучни зборови во Мета-Tагови и забегување во поглед колку пати ќе се користи зборот во Текстот (губење на смислата на текстот заради користење на клучни зборови).

Добри Вести!

Сега во моментов, сето тоа е минато, има нов алгоритам кој има за цел да се пишува што порелевантна содржина и што поквалитетна содржина.
Дали е потребно SEO? Да потребно е, но не на стариот начин, туку на нов поприроден начин. Што е тој природен начин? Значи, пак се работи за Гугл подобро да го рангира твојот Вебсајт. Сега оптимизацијата е во тоа што подобро да ја претставиш твојата содржина на Пребарувачите. Со оптимизиран SEO, пребарувачите коректно ќе ја прикажат содржината на корисниците и се зголемува можноста за подобар ранг на твојот Вебсајт.

Заклучок

Некои Маркетери мислат дека нема потреба од SEO бидејќи веќе сме сите корисници на Гугл и секој плаќа за реклама и толку е исполнет просторот со реклами – на прва страна, што Органските Пребарувања се веќе на втора страна.

Но, јас мислам дека уште долго време ќе се користи бидејќи иако името е ограничено само на Пребарувачите, денес се користи и за Социјалните Мрежи и како се споделува содржината на овие медиуми.
Дали користиш и ти SEO за твојот Вебсајт? Кој модул или софтвер користиш за SEO? Испрати коментар!

Сподели ја статијата:

Join the Conversation

2 Comments

    1. Здраво,

      Во делот на креирање на содржина и нејзино правилно претставување на Пребарувачите и Социјалните Мрежи, а за потреба од експерти во SEO, немаме во моментов.

Leave a comment