Што значи да го користиш Бизнис Блогот за Google?
Тоа според мене би значело да го користиш за оптимизација за пребарувачите (SEO), така што по секоја цена да се појавиш на првата страна на Гугл.
Тоа вака би изгледало:
- Пишување често статии, дури и без потреба
- Темпирање на објавувањето на статиите во точно време
- Користење премногу клучни зборови и каде што треба и каде што не треба
- Содржината не е битна, туку само да се објави нешто
- По секоја цена наоѓање вебсајтови кои ќе линкуваат на твојот Вебсајт
Ако ова е точно треба да промениш нешто во твојата тактика, затоа што му правиш лошо на твојот Онлајн дел од бизнисот. А во денешно време тоа сè повеќе значи дека можеш да му наштетиш и на цел твој Бизнис.
Новините во најновите алоритми на Google се насочени кон тоа да ги наградуваат сајтовите со квалитетна содржина, а да ги казнуваат оние со слаба и спамирачка. Заради тоа твојот Вебсајт може, во најлош случај, воопшто да не се појави на резултатите од пребарувањата.
Оптимизацијата за пребарувачите (ЅЕО) е потребна и тоа е факт. Но, не ја оптимизирај твојата содржина само за пребарувачите. На тој начин на твоите посетители може да им биде тешко да ја прифатат и сфатат твојата содржина, и да не им биде од никаква корист затоа што тие не се Пребарувачи. Тие се луѓе и затоа обраќај им се на луѓе. Тие доаѓаат на прво место, а пребарувачите секогаш на второ.
За успешна Оптимизација за пребарувачите креирај оригинална содржина и внесувај вредност со она што го читаат твоите посетители, дали тоа ќе биде решавање на некој нивен проблем или нивна едукација.
Во тој процес мораш да запомниш дека: Целта на Google е да им овозможи на неговите корисници релевантни и корисни резултати од пребарувањето.
Креирај содржина за луѓе
Решавајќи некој проблем кој го имаат твоите посетители, многу е веројатно дека тие ќе сакаат да го споделат тоа на социјалните медиуми, за почеток, и на тој начин да ти донесат и повратни линкови кои ќе придонесат да се искачиш на скалата на Google.
А во денешно време оригинална содржина значи и многу повеќе од само објавување на статии. Добро би било ако ја прошируваш твојата содржина со најразлични оригинални формати, меѓу кои:
- Фотографии – користи оригинални слики на твојот блог. Убаво би било и сам ако ги креираш.
- Видеа – можеш да користиш различни твои авторски туторијали. Тие лесно градат повратни линкови и добро поминуваат на мобилни уреди.
- Алатки и модули – Ако можеш да креираш оригинални алатки и да ги инсталираш на твојот Вебсајт твоето топ место на Google можеш да го задржиш и подолго време. Google сака алатки и модули кои помагаат на луѓето во работата.
Значи, целата идеја е да изградиш однос со твоите читатели така што ќе им помагаш на јасен начин. Тоа и ќе значи повеќе споделувања и побрзи резултати на позициите за рангирање на пребарувачите.
За да можеш да започнеш квалитетна Оптимизација за пребарувачите потребна ти е добра Стратегија според која ќе ја креираш и објавуваш содржината.
Ако не знаеш од каде да започнеш и ти треба помош во дефинирање на Стратегијата за твојата содржина и креирањето на содржината слободно контактирај нè, ние ќе ти помогнеме.
[ois skin=”2″]Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova