Како повеќе луѓе да дознаат за твојот Бизнис и како Оптимизација за Пребарувачите ќе ти помогне во тоа

seo-optimizacija

 

Како твојот Бизнис е претставен пред Гугл?

Дали кога ќе пребараш клучен збор поврзан со твојот бизнис на Гугл излегува твој линк до твоја Веб страница?

Твојот бизнис ќе го дознаат поголем број на луѓе ако при пребарување излегуваат твои резултати. Најдобро е во резултатите од пребарувањето на луѓето да бидат линкови од твои страници, на твојот Вебсајт.

 

Замисли си ваков случај.

Во едно маало има две теретани.

И двете се одлично опремени, со голем простор за вежбање и двете имаат одлични соблекувални.

Овие две теретани се меѓусебна конкуренција.

Сопственикот на едната од нив, зависник од Фејсбук, често е на интернет и често пребарува на Гугл за справи и начин на вежбање. Често кога пребарува, ги отвора линковите што ќе излезат на првата страна на Гугл.

Тој посака и неговата теретана да излегува на првата страна на Гугл.

Се распраша во неколку агенции и започна со работа. Направи Вебсајт и цела година работеше на неа. Отвори Блог секција и креираше статии за бенефитите од вежбањето и даваше практични совети околу начинот на вежбањето.

За една година, бидејќи беше прв од теретаните што започна со интернет маркетинг, за многу клучни изрази неговиот Вебсајт излегуваше прв на Гугл.

 

 

Вториот Сопственик, не се замараше многу со интернетот.

Имаше одбивност од компјутери.

Беше по цел ден во теретаната и доволно му беше вежбањето. Поминуваше многу време со своите клиенти и беше задоволен.

 

Првиот сопственик, создаде база на свои лојални корисници и започна да ги известува за сите најнови промоции и кампањи.

Постојано се зачленуваа нови и нови членови. Луѓето го пронаоѓаа преку пребарување на Гугл.

На својот Вебсајт отвори и секција за продажба на суплементи за вежбање.

Свесноста за неговата теретана се повеќе и повеќе растеше. А за неговиот начин на вежбање и начин на исхрана се зборуваше и на социјалните мрежи.

Направи ланец на теретани низ цел град.

 

Можеш лесно да заклучиш дека во Онлајн светот првиот сопственик ќе биде порелевантен и посериозен во очите на посетителите.

При пребарување на било кој збор од полето на Фитнес, Вежбање или Теретана излегува сајтот на првиот сопственик.

Многу луѓе дознаваат за теретаната преку Гугл.

 

Како да почнам со Оптимизација

 

Ако имаш Вебсајт за твојот Бизнис, потребно е да се ангажираш за добро да котираш кај Пребарувачите.

Органските пребарувања се бесплатни посетители на твојот Вебсајт.

Посетителите на твојот Вебсајт можат да дојдат при таканаречено Органско Пребарување.

А може и со платено пребарување.

Бизнисите кои имаат голем број на Органски Пребарувања се во предност. Помалку пари ќе трошат на платени кампањи.

Оние бизниси кои излегуваат на првата страна на Гугл се порелевантни во очите на оние кои пребаруваат.

Јасно е дека со Оптимизација за Пребарувачите и повеќе резултати од твојот бизнис на првата страна на Гугл, ќе ја зголемиш свесноста за твојот Бренд.

 

Што е потребно да знаеш за Оптимизација за Пребарувачите?

 

Оптимизација треба да правиш за секоја страница која ќе ја креираш.

Што повеќе страници креираш поголема е можноста да излезеш на прва страна на Гугл за некој клучен збор или израз.

Од второто произлегува дека треба редовно да креираш содржина.

Бизнис кој има 5 страни на својот Вебсајт, помалку има шанси да излезе за некоја област на прва страна на Гугл, од бизнис кој има 1000 страни, така?

Па макар колку и да ги оптимизираш тие 5 страни.

Гугл го менува својот алгоритам редовно, прошлата година го смени неколку пати – големи измени, а којзнае колку пати помали измени.

За мерење на релевантноста на страниците Гугл зема многу работи во предвид, од наслов, мета тагови, каква е содржината, колку други сајтови покажуваат на неа, какви фотографии има итн.

Социјалните мрежи имаат големо влијание на рангот на страниците кај Гугл. Колку е споделувана некоја статија, колку е лајкувана, коментирана итн.

Разлика меѓу страница и Блог статија?

Блог статија или артикл или само статија, е ништо друго туку обична веб страна.

Кога се работи за Гугл, и обична веб страна и блог статијата се страници кои се рангираат.

Разликата не е техничка туку е концепциска. На веб страница може да има било што, додека на Блог статија се очекува дека треба да има содржина.

Начин на Оптимизација

Оптимизација за пребарувачите е цела наука. Постојано излегуваат нови совети и трикови, бидејќи е материја која се менува.

Треба да се сфати дека Гугл со најновите промени на алгоритамот, се повеќе е ориентиран кон луѓето.

Што е и нормално.

Кога пребаруваш нешто Онлајн, сакаш да излезе нај релевантната содржина, тоа што е најново и што е најточно.

Денес единствен начин да го „излажеш“ Гугл е да бидеш лидер во својата област.

Да креираш содржина која луѓето ќе сакаат да ја споделуваат, да разговараат за неа, и постојано да се навраќаат на неа.

Така ќе го зајакнеш својот бренд Оналјн, ќе станеш авторитативен и препознатлив.

Ќе го зајакнеш Бизнисот и луѓето ќе те пронаоѓаат Онлајн.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Сакаш да изградиш свесност за твојот Бренд Онлајн? Еве што треба да направиш најпрвин…

brandawarenessЗа да изградиш свесност за твојот Бренд Онлајн, потребен ти е Вебсајт кој ќе биде централно место за сите твои Онлајн Активности понатака како на пример:

 

 

  • Фејсбук Кампања
  • Е-мејл Кампања
  • Да креираш Содржина
  • Да излегуваш на Гугл во првите 10 резултати
  • Да ги продаваш твоите производи

Овде можеш да прочиташ зошто секој Бизнис треба да има сопствен Вебсајт, но јас повеќе ќе се задржам на следново прашање:

 

Зошто твојот Бизнис Вебсајт е централно место?

 

Затоа што тој е твој, а не е на Фејсбук или Гугл.

 

На твојот Вебсајт имаш потполна слобода да креираш содржина, колку сакаш и каква сакаш.

Ако си влијателен во својата област, ќе можеш да создадеш голема публика. Со неа ќе немаш ограничувања во комуникацијата, затоа што си на свој терен.

Но, ова не единствената причина зошто треба секоја онлајн активност да ја поврзеш со сопствениот Вебсајт.

И Фејсбук и Гугл, платените реклами познати како PPC (Pay Per Click) ги дефинираат како начин да генерираат сообраќај на твојот Вебсајт. Под сообраќај подразбираат посетители, кои откако ќе кликнат на банерот или текстуалната реклама се носат на твојот Вебсајт.

 

Што треба да најдат корисниците на твојот Вебсајт откако кликнале на рекламата?

 

Би требало да ја видат истата понуда од рекламата. Понатаму ако е за производ, треба да има добро напишана маркетинг порака. Да ги има сите потребни информации поврзани со производот и по можност слики, видеа се со цел да се заинтересира  посетителот за нив.

 

А што се случува доколку Вебсајтот не е спремен за Оналјн Кампања?

На овој начин се намалуваат шансите за успешна кампања.

 

Корисниците ќе пристигнат на страница која е непотполна, нема доволно информации, корисникот  нема да знае за што се работи, нема да знае која акција да ја преземе понатаму итн.

Може да потрошиш и многу средства за рекалмирање, да нема добри резултати и да се разочараш дека не функционира Онлајн Светот.

Да прекинеш со рекламирање, сајтот како и претходно да го оставиш нефункционален.

Ако не си сериозен со твојот Бизнис Вебсајт и припремање и на тој дел од Оналјн Кампањата постојано губиш бизнис од компаниите кои го прават тоа, а се твоја директна конкуренција.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Да вработиш човек или да ангажираш Дигитална Маркетинг Агенција за твојот Онлајн маркетинг

Online marketingБлог статии, е-книги, новости, СЕО стратегија, Google аналитика, стратегија за содржина, карактер на купувач, кампањи, генерирање на потенцијални клиенти, продажни страни, повик за акција, социјални медиуми, инфографици, видеа, вебинари, автоматизација на маркетингот, истражување на маркетот и конкуренцијата…

Ова е само дел од она што можеш да го добиеш од Дигитална Маркетинг Агенција. А тоа може и да е листа со барања за твојот следен вработен во секторот за маркетинг.

Да одлучиш дали да вработиш човек или да ангажираш агенција не е лесно. Ако се размислуваш, да видиме дали можеме да ти помогнеме…
Еве неколку клучни предности од ангажирање на агенција наспроти вработување на онлај маркетинг човек во твојата организација.

Ефикасност

Агенциите ги повторуваат истите задачи одново и одново и така се специјализираат во секој дел од маркетинг сложувалката. Оваа специјализација креира ефикасност и во стратегијата и во тактиката.
Ефикасноста во стратегијата може да ти овозможи предност пред конкуренцијата на пазарот. Правилни одлуки може да претворат компанија која не рангира добро на Google во компанија која се појавува на прва страна за 20 клучни зборови.
Ефикасноста во тактиката – тие одлуки ставени во акција значат креирање на правата порака за правите луѓе во право време, дали тоа е одведување на посетителите до блог статија со привлечна и релевантна содржина или зголемување на конверзијата за симнување на некој документ, зачленување на листа или купување производ.

Искуство

Агенцијата работи со различни партнери и на тој начин развива осет за тоа што функционира, а што не. Ова искуство може тешко да се пронајде кај вработен онлајн маркетер.
Со ангажирање на агенција имаш тим позади тебе. А во тим има повеќе мудрост.
Агенциите се во тек со трендови, идеи и успех во дигиталниот маркетинг. Си играат со најновите маркетинг алатки и апликации, посетуваат и следат конференции и генерално се „гикови“ во дигиталниот маркетинг.

Перспектива

Да се биде секој ден дел од бизнисот има многу предности. Но, тоа, исто така, може да направи човек со „намален видик на работите“, што е многу возможно ако човек е затворен на иста работа секој ден и му се руши креативноста со најразлични барања и потреби од претпоставениот.
Агенцијата може да обезбеди свежа перспектива на она што изгледа исто, изгледа “како што треба”, или што дури може да изгледа невозможно на некој одвнатре во бизнисот.
Маркетерите кои се дел од Агенцијата се објективни учесници во една многу субјективна, лична средина. Агенција не се меша во корпоративната политика ниту во дневните случувања во компанијата. И не се грижи (најчесто) дали ќе ти го каже она што не сакаш да го слушнеш.
(Некои компании дури и ангажираат консултанти за да им помогнат со перспектива.)

Сестраност

Еден маркетер нема да ги има сите квалификации кои една агенција ќе ги има. Колку маркетери позанаваш кои се умешни во се од она горе набројаното?
Повторно, се сведува на тоа да имаш тим позади тебе наспроти тоа да имаш само еден вработен.

Да вработиш погрешен човек

Не само што вработениот ќе те чини околу 30% повеќе од нето платата, цената за погрешно вработен човек може да влијае директно на твојот профит. Колку би влијаел зависи од твојот Бизнис.
Помисли и на сите трошоци кои се поврзани со вработување на погрешен човек: плата, бенефити, други трошоци (канцелариски материјали, тренинзи), пропуштени бизнис можности, влијанието на моралот на вработените…

Дали размислуваш да ангажираш агенција или да вработиш некој кој ќе го води твојот онлајн маркетинг? Сподели ги мислењата и искуствата…

Извор:  sproutcontent

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Го користиш блогот на твојот Вебсајт за Google или за корисниците?

content_seo

Што значи да го користиш Бизнис Блогот за Google?

Тоа според мене би значело да го користиш за оптимизација за пребарувачите (SEO), така што по секоја цена да се појавиш на првата страна на Гугл.

Тоа вака би изгледало:

  • Пишување често статии, дури и без потреба
  • Темпирање на објавувањето на статиите во точно време
  • Користење премногу клучни зборови и каде што треба и каде што не треба
  • Содржината не е битна, туку само да се објави нешто
  • По секоја цена наоѓање вебсајтови кои ќе линкуваат на твојот Вебсајт

Ако ова е точно треба да промениш нешто во твојата тактика, затоа што му правиш лошо на твојот Онлајн дел од бизнисот. А во денешно време тоа сè повеќе значи дека можеш да му наштетиш и на цел твој Бизнис.
Новините во најновите алоритми на Google се насочени кон тоа да ги наградуваат сајтовите со квалитетна содржина, а да ги казнуваат оние со слаба и спамирачка. Заради тоа твојот Вебсајт може, во најлош случај, воопшто да не се појави на резултатите од пребарувањата.

Оптимизацијата за пребарувачите (ЅЕО) е потребна и тоа е факт. Но, не ја оптимизирај твојата содржина само за пребарувачите. На тој начин на твоите посетители може да им биде тешко да ја прифатат и сфатат твојата содржина, и да не им биде од никаква корист затоа што тие не се Пребарувачи. Тие се луѓе и затоа обраќај им се на луѓе. Тие доаѓаат на прво место, а пребарувачите секогаш на второ.

За успешна Оптимизација за пребарувачите креирај оригинална содржина и внесувај вредност со она што го читаат твоите посетители, дали тоа ќе биде решавање на некој нивен проблем или нивна едукација.

Во тој процес мораш да запомниш дека: Целта на Google е да им овозможи на неговите корисници релевантни и корисни резултати од пребарувањето.

Креирај содржина за луѓе

Решавајќи некој проблем кој го имаат твоите посетители, многу е веројатно дека тие ќе сакаат да го споделат тоа на социјалните медиуми, за почеток, и на тој начин да ти донесат и повратни линкови кои ќе придонесат да се искачиш на скалата на Google.

А во денешно време оригинална содржина значи и многу повеќе од само објавување на статии. Добро би било ако ја прошируваш твојата содржина со најразлични оригинални формати, меѓу кои:

  • Фотографии – користи оригинални слики на твојот блог. Убаво би било и сам ако ги креираш.
  • Видеа – можеш да користиш различни твои авторски туторијали. Тие лесно градат повратни линкови и добро поминуваат на мобилни уреди.
  • Алатки и модули – Ако можеш да креираш оригинални алатки и да ги инсталираш на твојот Вебсајт твоето топ место на Google можеш да го задржиш и подолго време. Google сака алатки и модули кои помагаат на луѓето во работата.

Значи, целата идеја е да изградиш однос со твоите читатели така што ќе им помагаш на јасен начин. Тоа и ќе значи повеќе споделувања и побрзи резултати на позициите за рангирање на пребарувачите.

За да можеш да започнеш квалитетна Оптимизација за пребарувачите потребна ти е добра Стратегија според која ќе ја креираш и објавуваш содржината.

Ако не знаеш од каде да започнеш и ти треба помош во дефинирање на Стратегијата за твојата содржина и креирањето на содржината слободно контактирај нè, ние ќе ти помогнеме.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Едноставен пример за да разбереш што е Маркетинг преку Содржина

contetn marketingСодржина имаше и претходно. Брендовите ја сакаат содржината, дали да е текст, статија, фотографија, видео итн. Зошто? Затоа што така ја шират својата порака, ги презентираат производите, а највеќе од сè, затоа што така пренесуваат за што се залагаат.

Претходниот Концепт

Како што знаеш, постојат многу Магазини односно Списанија кои излегуваат  неделно или пак  месечно. Овие списанија се најчесто специјализирани во одредена област. Во нив има многу текстови, но и многу реклами од брендови кои се рекламираат во одредена категорија или пак на цела страна.

Значи, концептот беше Магазинот да креира Содржина во специјализирана област, а повеќе брендови од таа област кои имаат производи или сервиси од таа област да се промовираат во Магазинот.

Бенефитот е видилив за двајцата:

  • Магазинот добива средства од Брендовите за поставување на реклами
  • Брендовите преку поставување на реклами во таргетирана содржина добиваат нови корисници

Напуштање на концептот и почеток на Маркетинг преку Содржина

Со популаризирање на интернетот се појави нов концепт кој сега се нарекува Маркетинг преку Содржина. Што е новата идеја:

Наместо брендовите да се рекламираат во некој Магазин кој креира Содржина, достапноста и едноставноста на алатките со чија помош се креира содржина, започнаа сами да креираат Содржина.

Нормално, WordPress одигра огромна улога во популаризирање на Блоговите и лесното креирање на статии кои содржат текст, фотографии и видеа.

Сега брендовите плаќаат за дистрибуирање на содржината низ повеќе канали и доаѓање до вистинската публика.MаgazineVSContentMarketing

8 причини зошто овој концепт победува е број 1 маркетинг техника во моментов

  • Може да се следи корисникот во секој од чекорите во неговиот циклус на купување со креирање на различна содржина
  • Може да се креира Содржина која е повеќе специфична за самиот бренд, а не општа како што е случајот во Списанијата
  • Можеш да креираш колку сакаш Блог статии, толку колку што е потребно
  • Можеш да генерираш потенцијални корисници
  • Може да употребуваш и други маркетинг техники како што е Е-мејл Маркетингот
  • Можеш да ги ангажираш корисниците со Е-мејл маркетинг
  • Дво насочна комуникација со помош на Социјалните Мрежи
  • Можеш да ги мериш резултатите од секоја Содржина што ја креираш, и постојано да го подобруваш Бизнисот

Се надевам дека со овој пример ги разбра концептите  каде и како се трансформираше креирањето на Содржина. И до сега имаше креирање на содржина, но тоа го правеа Списанијата, а од сега секој Бренд го прави тоа за себе. Дали тоа значи дека Списанија веќе нема да постојат? За тоа ќе видиме во периодот што следува.

Инаку сега се поставува прашањето за Порталите – Интернет Онлајн Магазините, која е нивната улога и дали и тие ќе се трансформираат во нешто друго и како ќе Монетизираат односно како ќе заработуваат пари ако никој нема да сака да се рекламира кај нив.

Порталите генерираат и креираат содржина многу повеќе од самите Брендови, барем овде кај нас, но имаат проблем како да се одржат затоа што принципот за одстапување на рекламен простор се коси со примерот што го наведов горе.

За ова ќе го изнесам моето размислување во некоја следна статија.

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Дали треба да го рекламираш твојот Бизнис?

РекламирањеОва на изглед е лесно прашање, но одговорт не е едноставен.

Изгледа кај нас само Големите Бизниси  размислуваат за рекламирање, додека микро,малите  и средните бизниси не размислуваат многу на реклама.

Кога зборувам за реклама, мислам на платена реклама.

Многу мали и средни бизниси кога се работи за рекламирање на производите или пак на самиот бизнис размислуваат на начин како да го направат тоа, но со огромна разлика, во компарација со големите, без да вложат средства.

Секој Бизнис, уште од самиот почеток треба да се рекламира, се додека постои.(твитни го ова)

Рекламирањето треба да е постојано и треба да е нормална активност за секој бизнис. Зошто?

Со помош на рекламата луѓето дознаваат за сервисите и продуктите што ги нуди бизнисот, како и тековните промоции, попусти итн.

Но, честопати се заобиколува овој процес, се разбира бидејќи се потребни пари за рекламирање.

Постојат многу начини за рекламирање, но јас би издвоил 2 поголеми групи: Онлајн и Офлајн.

Во Офлајн ги вклучувам сите начини каде што се печатат материјали, односно принтови од секаков тип, како и оние од весниците, телевизиски реклами, радио, магазини, билборди итн.

Додека за Онлајн рекламирање ги вбројувам сите начини кои се во игра на Интернет.

Предноста на интернет рекламирањето е во тоа што на интернет можат да се рекламираат и мали и средни па дури и микро бинзиси.(сподели на твитер)

Секако дека и Офлајн малите бизниси можат да пронајдат повеќе начини за рекламирање за кои не се потребни многу пари како флаери, печатен плакат кој може да се залепи било каде итн.

Што е битно?

Битно е да е изработено на начин кој ќе ги задоволува стандардите кои се достапни во моментот.

Еве еден пример:

frame-bЗамисли си дека сакаш да направиш реклама за пред продавница и одбираш формат B1 за оваа намена види ја сликата. На сталакот во моментов ако се распрашаш за цените за дигитален плакат со оваа големина е околу 500 ден. од страна или пак за фолија која не се брише 600 ден. Значи имаш 2 опции:

Првата е со фломастер да ја напишеш понудата со криви букви, избледнати и со лош ракопис или (јас оваа би ја одбрал):

Да направиш добро дизајнирана понуда во алатка како Illustrator или во Линукс InkScape и во која било дигитална печатница да ја испринташ рекламата која јас мислам дека ќе привлече повеќе внимание кај случајните минувачи.

Втор пример:

На излогот на твојот дуќан, можеш да излепиш на 6 – А4 бели листови П О П У С Т испринтани по една буква и со селотејп да ги налепиш на излогот.

Што мислиш?

Ако било толку лесно секој ќе имаше по 5 до 6 бизниси и сите ќе беа милионери:) Секој бизнис човек треба да се потруди малку повеќе кога се работи за рекламирањето на сопствениот бизнис.

Колку средства да се издвојуваат за рекламирање?

Секој ја знае приказната за Coca Cola и дека компанијата одвојува 50% можеби и повеќе од профитот за рекламирање, дали да е Онлајн или Офлајн.

Оналајн, на пример, со Маркетинг преку Содржина, или преку Социјални мрежи, Coca Cola ја зголемуваат свесноста за својот бренд. Зошто Coca Cola се рекламираат кога сите веќе ги познаваат?

Зошто исто така ги користат сите можни начини на рекламирање?

Зошто креираат содржина, зошто е застапен брендот на социјалните мрежи?

Зошто твојот Бизнис не го прави истото?

Некаде по сајтов имам напишано за можностите кои постојат Онлајн, за да го направиш и ти истото.

А дали има начин на интернет да сум присутен, а да не платам за реклама и воедно да сум присутен до мојата публика?

Бизнисмените повеќе ги фасцинира ова прашање. Со органското пребраување ова е возможно, но никогаш не е доволно.

Поентата не е да си поминеш без пари. Поентата е да ги изрекламираш своите производи и сервиси и да ги претставиш до оние кои ги имаш дефинирано како твоја целна публика.(на твитер)

Ако имаш производи во кои веруваш, платената реклама само ќе  допринесе да ја подобриш продажбата и да го зголемиш профитот.

Разлмисли, ако на интернет би можело да се помине без потрошен динар, тогаш не би постоеле ниту Google, ниту Facebook. Тие живеат од рекламирање.

Но, воедно нудат и добро таргетирање, добри цени, овозможуваат рекламата да ја погледнат голем број корисници и имаат аналитика.

Онлајн рекламирањето овозможува да застанеш рамо до рамо со гиганти како Coca Cola. Размисли тече и нивната кампања, но и твојата.

Повторно, колку пари да потрошам?

Па вака, интернет рекламирањето ти нуди можност да потрошиш многу малку, но ако имаш пари не те ограничуваат во трошењето. Но, не треба да престанеш да се рекламираш па макар и давнесуваш и по 1$ дневно. Оваа сума претпоставувам секој бизнис може да ја издвои.

Со ова ќе носиш посетители на твојата Веб страна и да испиташ колку ти е добра понудата. Без тоа можеш само да нагаѓаш.

Моја препорака е колку порано започнеш, толку побрзо ќе станеш комотен во рекламирањето, толку поспремен ќе ја пречекаш следната промоција, во меѓувреме корисниците ќе дознаваат за тебе и ќе ги навикнеш дека си присутен и Онлајн.

Само внимавај и сети се на примерите погоре: Сите знаат да внесат текст и слика, погледни го примерот на Б1 рекламта. Можеш ти подобро, употреби ја имагинацијата.

ИВИЛ е бизнис партнер за рекламирање преку Фејсбук и Google Adwords. Повели на реклама!!! Ние креираме реклами кои функционираат….

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата: