Од кои сајтови да купуваш и што значи кога ќе видиш https

httpsКупувајте Онлајн

Јас сум за купување онлајн.

Што купувам?

Најчесто книги, списанија, магазини, но на интернет можеш да купиш и да добиеш секакви услуги и производи.

Дали е безбедно?

Безбедно е, а сега ќе разгледаме на што треба да внимаваш.

Страница за плаќање

За да се осигуриш дека си на вистинскиот сајт, погледни во полето каде ја пишуваш адресата и види дали пишува https со зелено, или пак името на фирмата.green_address_bar1

Секој сајт каде што има онлајн продажба на страната каде се врши плаќањето треба да се пристапи со https (http secure).

Тоа значи дека е инсталиран дигитален сертификат на серверот и целиот сообраќај од прегледувачот до серверот ќе биде криптиран.

Исто така можеш да го видиш сертификатот ако кликнеш на https (во Chrome, за другите прегледувачи е слично) и да видиш кој го потпишал сертификатот,cert_ca1

а потоа да го отвориш и да видиш за кого е наменет и дали е валиден, односно да не е истечен рокот на важење.

Ако сертификатот е не валиден секако дека не треба да купуваш од тој сајт. Значи ако не кореспондира сертификатот со фирмата од која сакаш да нарачаш, не нарачувај.

cert1

Постојат и сертификати кои се издаваат за валидација на фирма, а не домен. Во Google Chrome за ваквите ќе го пишува и името на фирмата. Овие сертификати се нормално поскапи.
green_address_bar_co

Дали ова бешекорисно за тебе? Дали и ти нарачуваш онлајн? Испрати коментар!!!

Можеш да ме пронајдеш на Twitter или Facebook.

Сподели ја статијата:

Е-мејл маркетинг – задолжително

emailmarketingВовед

Целата на маркетингот е да:

  • привлече внимание и интерес,
  • изгради желба,
  • креира продажба

за твоите производи и сервиси.

Е-мејл маркетингот е сè уште ценовно најефикасен начин за контактирање на потенцијални купувачи и клиенти. Главниот адут е креирање врска со купувачите на долгорочен план.

Ако се прави на вистински начин е-мејл маркетингот може да биде екстремно моќна маркетинг техника. Тоа е медиум каде купувачот и продавачот можат слободно да комуницираат еден со друг и да изградат однос изграден на вредност и доверба.

Ако се прави некоректно може да биде деструктивен, да го наруши брендот и од задоволни муштерии да добиеме муштерии кои постојано се жалат.

Насоки

  • Испраќај е-мејлови само на оние кои се согласиле дека сакаат да примат маркетинг мејлови од тебе. Во спротивно клиентите ќе го третираат како SPAM.
  • Ако некој се согласил да прима е-мејлови од тебе, испраќај му тип на содржина за која се согласил.
  • Траба на твојот вебсајт да поставиш на секоја страна форма за регистрација за добивање на е-мејл (newsletter)

Кај нас, е-мејл маркетинг техниката ретко кој ја употребува, само оние кои правилно ја употребуваат го знаат вистинскиот бенефит.

 

Ако сакате да започнете со правилен е-мејл маркетинг, слободно побарајте не, Ивил ќе ви помогне во интегрирањето и имплементирањето на системот за успешен е-мејл маркетинг.

Можеш да ме пронајдеш на TwitterGoogle+ или Facebook.

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Каков е дизајнот на твојот Вебсајт

webdesignВо статијата за  поставување цели споменав дека секој Вебсајт потребно е да има бизнис цел. Во таа насока сега ќе дефинирам што е  дизајн на еден Вебсајт.

Дизајнот не е само визуелен изглед

За дизајнот е широко прифатено мислењето дека е наменет исклучиво за визуелниот изглед на еден Вебсајт. Ова секако е погрешно и еден вид на недоразбирање. Дизајнот е целокупното доживување од моментот кога еден корисник ќе дојде на твојот Вебсајт до моментот кога ќе го напушти. Дизајнот е „како“ и „зошто“ луѓето сакаат да го користат твојот Вебсајт:

  • Брзината со која се отвора
  • Интеракцијата со елементите
  • Навигацијата помеѓу страните
  • Чекорите и начинот на извршување некоја акција

Сите овие концепти се предмет на дизајнот. Бидејќи дизајнот го опфаќа целокупното доживување, секој кој е вклучен во проектот е дизајнер. Секој член на тимот кој работи на интеракцијата на корисникот со сајтот е дизајнер, и оние кои работат на визуелниот дел и оние кои се одговорни за програмерскиот дел.

Вебсајтот е за корисникот

Корисникот секогаш треба да е на прво место при секоја одлука во врска со дизајнот. Дизајнот треба да им даде можност на корисниците брзо, едноставно и најважно од сè, со задоволство да ја постигнат бараната цел. Значи централна фигура при размислување за иницијалниот дизајн треба да е корисникот, и тоа:

  • Кои се корисниците
  • Што прават на твојот Вебсајт
  • Кое чувство сакаш да го имаат при посетата и откако ќе го напуштат сајтот

Не треба да се допушти целокупното корисничко искуство да се потпре единствено на дизајнерите на визуелниот дел, туку на целиот тим. Многу често програмерите ги знаат лимитите но и имаат јасна идеа за сите можности кои се на располагање при изработката на сајтот.

Ако имаш нешто да надополниш или пак не се сложуваш со некој дел испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на TwitterGoogle+ или Facebook.

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Процес на електронско плаќање

Како работи?

payment_processПовеќето чекори и изрази го прават да изгледа посложено одошто е во пракса.

Корисникот доаѓа на Вебсајтот на трговецот и избира што сака да плати, а тоа може да биде:

  • донација,
  • продукт,
  • регистрација за настан,
  • претплата на списание, магазин или на некој сервис.

Ако се работи за донација може да има копче „Донација“ и е јасно што треба да се плaти.

Но, ако се продаваат продукти, многу често во позадина се извршуваат комплексни функции. На пример, да се прикаже на посетителот што е достапно и да се дозволи тоа да се одбере (преку кошничка). Ако се работи за продукт можеби ќе биде потребно да се пресмета и ддв и трошокот за испорака.

Откако ќе се одбере продуктот и се пресмета цената, корисникот ги внесува податоците за картичката, името и адресата. Откако ќе се притисне плати, тогаш Payment Gatway процесорот ја презема нарачката. Најпрвин се провеурува дали е валиден бројот на картичката, односно проверува дали името, адресата и CSV кодот на задниот дел на картичката одговараат. Ако картичката се одбие Payment Gatway, враќа информација до веб-серверот на трговецот, а понатаму се враќа информација до посетителот на сајтот.

Ако е се во ред процесот продолжува. Payment Gatway ги префрла парите во сметката на трговецот во банката со која склучил договор. Таа сметка е само за електронско плаќање. Значи кога плаќањето е успешно, посетителот се известува дека плаќањето е извршено, со порака на екранот и во исто време се известува преку електронска пошта.

Во тој момент и базата на трговецот се пополнува со податоците за плаќањето, така што во исто време може да се видат податоците за плаќањето.

Ако имаш прашања, испрати коментар, го очекувам!

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Поставување цели за твоето Онлајн Бизнис Присуство

setgoalАко плаќаш за Вебсајт, не ли треба истиот да го подобри твојот бизнис?

Твојот Вебсајт е клучна компонента на твојот бизнис и би требало да го подобри твојот бизнис. Затоа најнапред треба да ги дефинираш твоите бизнис цели, а врз основа на твоите бизнис цели ќе дефинираш што сакаш да постигнеш со твојот вебсајт и твојата маркетинг кампања.

Значи вебсајтот треба да продуцира мерливи подобрени резултати на твојот бизнис. Во спротивно е само напорна работа и трошење на буџетот за маркетинг.

Со јасна дефинирана цел и добра алатка за анализа, мерењето на успехот на твојот Вебсајт станува многу полесно.

Секој бизнис Вебсајт генерално има примарна цел, но поголемите, софистицирани сајтови, може да имаат неколку категории на цели.

Пример за примарни цели:

 

– Обезбедување на услуги на клиентите преку информации

Сајт од типот: брошура или визит-карта се евтино решение, но овие сајтови се застарени и скоро и нефункционални во денешно време.
На нив има основни информации за компанијата, контакт и опис на услугите и сервисите.

– Брендирање на вашата компанија или производ

Сајтови како Кока-Кола имаат за примарна цел: функција на Брендирање. Тие најчесто содржат игри, купони, забава, секција за прибирање на мислења од потрошувачите, интеракција со нив и податоци за компанијата, но генерално не продаваат производи Онлајн.

– Сајтови за Генерирање на потенцијални клиенти (Leads)

Некои сајтови особено оние со скапи сервиси или продукти како автомобили, куќи, им даваат можност на купувачите да ги разгледаат понудите но истите треба да се јават, да испратат е-мејл, или пак да дојдат во некој од салоните за да се заврши продажбата. Затоа овие сајтови имаат цел посетителот да побара контакт, да побара ценовник за производите или пак консултација.

– Генерирање на приход преку продажба

Сајтови кои се користат за продажба на продукти или сервиси онлајн. Овие и ни се најблиски до нас. Постојат, на пример: сајтови за резервација на патувања онлајн, претплата на некој магазин онлајн, членство на некоја организација онлјан,  донации итн. Оние најдобрите собираат податоци за корисниците со што таргетирањето станува полесно.

– Генерирање на приход од реклами – банери

Бизнис модел кој генерира приход од продавање на банери и овие сајтови имаат различна маркетинг стратегија од претходно споменатите, односно, од оние кои продаваат продукти или сервиси. Кога продаваш реклами, примарниот продукт е публиката, односно бројот на посетители кои ја гледаат рекламата или бројот на оние кои кликнале на неа. Пример: Facebook, Google нудат вакви сервиси.

– Градење на однос со клиентите или пак исполнување на внатрешни потреби

Овие сајтови привлекуваат инвеститори, идентифицираат бизнис партнери, лоцираат добавувачи, регрутираат дилери, продаваат франшиза.
Главна цел е да ја подобрат врската со нивните постоечки корисници со градење лојалност преку специјални понуди и го поттикнуваат повторното враќање на посетителите.

– Подобрување на бизнис процесите

Целта е да се подобрат и олеснат бизнис процесите во една корпорација како на пример интеграција на вебсајтот со магацин, финансиските апликации итн.
Многу иновативни мали бизниси креираат онлајн процеси кои од корен го менуваат начинот на водење на нивниот бизнис.

Ова е само категоризација, а не потполна листа се со цел да се добие претстава за тоа што би можело да биде бизнис цел на твојот вебсајт.

Која е целта на твојот сајт? Дали знаеш да ја идентификуваш целта? Испрати коментар или контактирај ме, ќе ти помогнам во тоа!

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Како да внесеш мапа од твојата локација на твојот сајт

„Google Places“

Најпрвин, најдобро е да направиш сметка на „Google Places“, каде ќе можеш да направиш оглас за својот бизнис, во смисла да внесеш име, адреса, локација , работно време, краток опис итн. Откако ќе ги пополниш сите информации за твојот бизнис, за неколку дена google ќе го прикаже при пребарувањето на „Google Maps“.

Continue reading “Како да внесеш мапа од твојата локација на твојот сајт”

Сподели ја статијата: