setgoalАко плаќаш за Вебсајт, не ли треба истиот да го подобри твојот бизнис?

Твојот Вебсајт е клучна компонента на твојот бизнис и би требало да го подобри твојот бизнис. Затоа најнапред треба да ги дефинираш твоите бизнис цели, а врз основа на твоите бизнис цели ќе дефинираш што сакаш да постигнеш со твојот вебсајт и твојата маркетинг кампања.

Значи вебсајтот треба да продуцира мерливи подобрени резултати на твојот бизнис. Во спротивно е само напорна работа и трошење на буџетот за маркетинг.

Со јасна дефинирана цел и добра алатка за анализа, мерењето на успехот на твојот Вебсајт станува многу полесно.

Секој бизнис Вебсајт генерално има примарна цел, но поголемите, софистицирани сајтови, може да имаат неколку категории на цели.

Пример за примарни цели:

 

– Обезбедување на услуги на клиентите преку информации

Сајт од типот: брошура или визит-карта се евтино решение, но овие сајтови се застарени и скоро и нефункционални во денешно време.
На нив има основни информации за компанијата, контакт и опис на услугите и сервисите.

– Брендирање на вашата компанија или производ

Сајтови како Кока-Кола имаат за примарна цел: функција на Брендирање. Тие најчесто содржат игри, купони, забава, секција за прибирање на мислења од потрошувачите, интеракција со нив и податоци за компанијата, но генерално не продаваат производи Онлајн.

– Сајтови за Генерирање на потенцијални клиенти (Leads)

Некои сајтови особено оние со скапи сервиси или продукти како автомобили, куќи, им даваат можност на купувачите да ги разгледаат понудите но истите треба да се јават, да испратат е-мејл, или пак да дојдат во некој од салоните за да се заврши продажбата. Затоа овие сајтови имаат цел посетителот да побара контакт, да побара ценовник за производите или пак консултација.

– Генерирање на приход преку продажба

Сајтови кои се користат за продажба на продукти или сервиси онлајн. Овие и ни се најблиски до нас. Постојат, на пример: сајтови за резервација на патувања онлајн, претплата на некој магазин онлајн, членство на некоја организација онлјан,  донации итн. Оние најдобрите собираат податоци за корисниците со што таргетирањето станува полесно.

– Генерирање на приход од реклами – банери

Бизнис модел кој генерира приход од продавање на банери и овие сајтови имаат различна маркетинг стратегија од претходно споменатите, односно, од оние кои продаваат продукти или сервиси. Кога продаваш реклами, примарниот продукт е публиката, односно бројот на посетители кои ја гледаат рекламата или бројот на оние кои кликнале на неа. Пример: Facebook, Google нудат вакви сервиси.

– Градење на однос со клиентите или пак исполнување на внатрешни потреби

Овие сајтови привлекуваат инвеститори, идентифицираат бизнис партнери, лоцираат добавувачи, регрутираат дилери, продаваат франшиза.
Главна цел е да ја подобрат врската со нивните постоечки корисници со градење лојалност преку специјални понуди и го поттикнуваат повторното враќање на посетителите.

– Подобрување на бизнис процесите

Целта е да се подобрат и олеснат бизнис процесите во една корпорација како на пример интеграција на вебсајтот со магацин, финансиските апликации итн.
Многу иновативни мали бизниси креираат онлајн процеси кои од корен го менуваат начинот на водење на нивниот бизнис.

Ова е само категоризација, а не потполна листа се со цел да се добие претстава за тоа што би можело да биде бизнис цел на твојот вебсајт.

Која е целта на твојот сајт? Дали знаеш да ја идентификуваш целта? Испрати коментар или контактирај ме, ќе ти помогнам во тоа!

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment