cro-termsОптимизација на степенот на конверзија е систематски пристап кој овозможува да ги подобриш перформансите на твојот Вебсајт. Односно, со истиот сообраќај (посетители) на твојот Весбсајт да имаш поголем број на конверзии.

А конверзија е кога посетителот на твојот Вебсајт преземе некоја акција која ти сакаш да ја преземе.

Во зависност од тоа што сакаш посетителите да прават на твојот Вебсајт, таа акција е она што ти ќе го мериш и понатака ќе го оптимизираш за да добиеш подобри резултати.

Термини за конверзија

Кога се говори за конверзија се споменуваат и овие термини за конверзија:

Копче за преземање акција (Call to Action (CTA))

Примарно копче, или линк кое е поставено на веб страната кое го повикува посетителот да преземе акција која води до конверзија. Пример: „Купи Сега!!!“ копче или пак „Зачлени се“, „Преземи го документот“.

Патека за конверзија (Conversion Funnel)

Примарната патека или пак текот низ кои поминуваат корисниците за да комплетираат една конверзија.

Како на пример: Домашна страна > Страница со резултати од пребарувањето > страница со продукт > плаќање

Значи патеката на конверзија може да биде неколку страници последователни кои корисникот треба да ги помине за да на крај се случи конверзијата.

А/Б тестирање (A/B or Split Testing)

Тестирање на една верзија на некоја страна или пак некој елемент од корисничкиот интерфејс наспроти друга верзија на соодветниот. На пример, тестирање на бојата на некое копче за преземање на акција, црвена или зелена? Со ваков тип на тестирање можеш да увидиш кое копче повеќе ги привлекува посетителите црвено или зелено?

Тестирање на повеќе варијанти (Multivariate Testing (MVT))

Со ваков тип на тестирање се тестираат одеднаш повеќе комбинации на елементи за да се одреди онаа комбинација која има најдобри перформанси. Пример може да се земе тестирање на Страница со производи (Landing Page) на повеќе варијанти на комбинација на слики, текст, копчиња за акција кои се на страницата за да се пронајде онаа комбинација која има најголема конверзија.

Дали го мериш степенот на Конверзија за твојот Бизнис Вебсајт? Доколку сакаш да започнеш мора да ги дефинираш целите за твојот Бизнис Вебсајт.

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment