Како работи?
Повеќето чекори и изрази го прават да изгледа посложено одошто е во пракса.
Корисникот доаѓа на Вебсајтот на трговецот и избира што сака да плати, а тоа може да биде:
- донација,
- продукт,
- регистрација за настан,
- претплата на списание, магазин или на некој сервис.
Ако се работи за донација може да има копче „Донација“ и е јасно што треба да се плaти.
Но, ако се продаваат продукти, многу често во позадина се извршуваат комплексни функции. На пример, да се прикаже на посетителот што е достапно и да се дозволи тоа да се одбере (преку кошничка). Ако се работи за продукт можеби ќе биде потребно да се пресмета и ддв и трошокот за испорака.
Откако ќе се одбере продуктот и се пресмета цената, корисникот ги внесува податоците за картичката, името и адресата. Откако ќе се притисне плати, тогаш Payment Gatway процесорот ја презема нарачката. Најпрвин се провеурува дали е валиден бројот на картичката, односно проверува дали името, адресата и CSV кодот на задниот дел на картичката одговараат. Ако картичката се одбие Payment Gatway, враќа информација до веб-серверот на трговецот, а понатаму се враќа информација до посетителот на сајтот.
Ако е се во ред процесот продолжува. Payment Gatway ги префрла парите во сметката на трговецот во банката со која склучил договор. Таа сметка е само за електронско плаќање. Значи кога плаќањето е успешно, посетителот се известува дека плаќањето е извршено, со порака на екранот и во исто време се известува преку електронска пошта.
Во тој момент и базата на трговецот се пополнува со податоците за плаќањето, така што во исто време може да се видат податоците за плаќањето.