Anastasija

 

Проблемите во Бизнисот на Анастасија

Анастасија има свој бизнис и продавница за продажба на рачно израбтени плетени наметки, џемпери и додатоци на гардероба. До сега таа го користеше нејзиниот Вебсајт за да ја презентира нејзината работа и производи и сето тоа го споделуваше на Фејсбук, како социјална мрежа која најмногу ја познава.

Тоа и помогна во стекнувањето на лојални купувачи, кои ја познаваат нејзината продавница и нејзините производи. А, од друга страна добива и нови клиенти по препорака на старите, но тој збор од уста-на-уста некако бавно се шири. И сето тоа не и е доволно за да ги покрие сите трошоци кои ги генерира нејзиниот бизнис. Затоа и треба алтернативен начин за да можат повеќе луѓе да дознаат за нејзините рачни изработки.

Како да ги реши?

Решение за да го постигне тоа е да започне со рекламирање на својот бизнис. Но, нејзиниот буџет за рекламирање на нејзините производи е ограничен. Таа не може во овој момент да си дозволи да се рекламира на телевизија, ниту пак, на радио. А од друга страна и тој буџет кој го има издвоено мора да го искористи паметно.

Кого да таргетира?

Нејзе и е потребно точно определена публика да ја види нејзината реклама, не и е потребен секој. Затоа што од досегашното искуство, а и од досегашната нејзина работа нејзини муштерии се жени на возраст од 25-50 години кои се интересираат и за козметика затоа што доста голем дел од жените од нејзината продавница веднаш влегуваа во соседната продавница за козметика.

Можните решенија

Една нејзина пријателка, ја посоветува да стави банер на некој Вебсајт наменет за жени, како поевтина варијанта за рекламирање онлајн, и Анастасија помисли дека тоа е добра опција.

Таман да се одлучи да контактира еден таков Вебсајт, кога и се појави реклама на нејзиниот Фејсбук профил за некоја статија од тој Вебсајт.

Таа си помисли: „Зошто би се рекламирала јас на овој Вебсајт кога и тој се рекламира на Фејсбук? Не ли е попаметно да го искористам и јас рекламирањето на Фејсбук?“

Си помисли, па јас го користам Фејсбук доволно долго време, знам како функционира, зошто да не можам една кампања да напавам сама.

Но, таа не знаеше што опфаќа Фејсбук рекламирање. Досега немаше испробано такво нешто.

Не дека не сакаше, но немаше време за тоа, затоа што имаше премногу работа. А и не знаеше од каде да почне.

Ги разгледуваше рекламите кои и се појавуваа и заклучи дека тие реклами треба да имаат квалитетен текст и слика за да ги заинтересираат оние до кои стигнуваат рекламите.

Проба да креира сама содржина, но некако не и одеше. Се најде неквалификувана за тој дел и реши да не експериментира, ни со времето, ни со парите.

Среќниот крај

Затоа реши да побара професионална помош.

Се јави во Дигиталната агенција која нудеше сервис „Фејсбук Рекламирање“, а која најчесто ја гледаше на реклама на Фејсбук. Ја имаше забележано од многу порано, ја следеше и ги применуваше нивните совети за онлајн маркетинг за нејзиниот Вебсајт и социјални мрежи. Но, до сега не чувствуваше потреба дека и треба помош.

Го објасни нејзиниот проблем, нејзинито бизнис, нејзините заклучоци и нејзините цели.

Дигиталната агенција креираше кампања за нејзиниот бизнис и производи и ја пушти во продукција кампањата, откако направи соодветно таргетирање на публиката до која требаше да стигне пораката. Константно ја анализираше кампањата заедно со Анастасија, и постојано ја подобруваше истата со цел да ги постигне целите кои ги имаше зацртано Анастасија.

Оттогаш па наваму, бизнисот на Анастасија се прошири. Секој ден има и нови и лојални клиенти. Таа отвори уште еден дуќан и успеа да вработи две девојки кои сега и помагаат во работата.

Дел од новите клиенти доаѓаат по препорака, но не го заборава и Фејсбук рекламирањето.

Чисто за да ги потсетува луѓето за нејзиниот бренд, за да знаат дека е тука дека е присутна и дека се развива.

Убава успешна приказна, нели?

Ако сакаш да си дел од ваква приказна, контактирај нè. И за тебе можеме да креираме Фејсбук кампања. А ќе ти дадеме и совети за најдобри практики како да ти биде успешна кампањата.

Искористи ја нашата експертиза и

Започни со ефикасно Фејсбук рекламирање за ширење на твојот Бизнис

[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Leave a comment