Во Google Analytics конверзија е комплетирање на некоја активност на твојот Вебсајт која е важна за успехот на твојот Бизнис. Како на пример:
- Комплетирање на зачленување на твојата е-мејл листа (тип на конверзија: Цел)
- Нарачка (тип на конверзија – трансакција или ecommerce конверзија)
За да можеш да ги следиш зададените цели во Google Analytics мора да дефинираш конверзија од типот: Цели (Goals).
Оваа е примарна величина за мерење колку добро твојот Вебсајт ги исполнува зададените бизнис цели.
Во Google Analytics ќе можеш да ги видиш процентот на конверзии и бројот на успешни комплетирања за секоја зададена Цел која си ја дефинирал.
Постои можност за дефинирање на цена за секоја Цел, па така ќе можеш да ја видиш и вредноста во пари на секоја од твоите конверзии.
Како се креираат
Во Google Analytics во администраторскиот дел се селектира сметката (account), па својство (property) па се селектира погледот (view). Во ова мени се селектира цел (Goal).
При креирање на целите можеш да одбереш некој готов темплејт што ги нуди Гугл како на пример:
или пак можеш да креираш од почеток нова цел, од нула. Ако одбереш да креираш од почеток ќе забележиш дека има 4 основни типа на цели:
- Дестинација (пример: Благодарам за регистрацијата – страница)
- Времетраење (10 мин. на страницата за поддршка)
- Број на погледнати страни во една сесија (5 страници погледнати во една сесија)
- Настан (пуштено видео)
Ако одбереш дестинација има една интересна опција инка (Funnel), каде можеш да дефинираш патека до дестинацијата, односно можеш да дефинираш 2 или повеќе страници кои ги отворил корисникот за да дојде до дестинационата страница.
Во некоја друга статија ќе видиме како:
- Се дефинира практично цел од типот дестинација со дефинирање на патека до дестинацијата
- И дефинирање на цел од типот настан (ова го немам пробано до сега)
Дали имаш креирано цели во Google Analytics? Дали воопшто кориситиш софтвер за аналитика за твојот Бизнис Вебсајт? Започни сега!
Можеш да ме пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov