Facebook ObjectivesНа Фејсбук можеш да се рекламираш на точно оние луѓе со кои сакаш да се поврзеш. При рекламирањето дефинираш буџет и забавата може да почне. За да биде поинтересно Фејсбук има креирано пријатна околина да следиш како се трошат твоите пари :).

Шала на страна, преку менаџерот за реклами можеш да следиш како ти иде со рекламирањето, така што ако ги исполнуваш зададените цели можеш да продолжиш со инвестирањето во рекламирањето кое може да ти донесе голем успех.

Фејсбук Цели на Рекламата

 

Најпрвин треба да одлучиш која е твојата цел. Што е цел? Тоа е она што сакаш луѓето да го направат откако ќе ја погледнат твојата реклама. На пример, повеќе лајкови за твојата Фесјбук Страна. Откако ќе ја одбереш целта и креираш реклама за таа цел, резултатите ќе можеш да ги следиш во „Менаџерот за Фејсбук Реклами“. Таму можеш да увидиш дали твојата реклама ги исполнува зададените цели.

Можеш да одбереш од следниве Фејсбук Цели и се појавуваат како опција на самиот почеток при креирање на Фејсбук реклама:

  1. Повеќе посети на твојот Вебнсајт: Да доведуваш посетители кон твојот Вебсајт
  2. Поголема Вебсајт Конверзија: Да промовираш Конверзија за твојот Вебсајт. (За ова е потребно да се внесе Пиксел за Конверзија (JavaScript код) на една од страните на твојот Вебсајт.)
  3. Промоција на Статија од Фејсбук Страната
  4. Повеќе Лајкови на твојата Страна
  5. Инсталација на Апликација: Натерај ги луѓето да ја инсталираат твојата апликација
  6. Ангажирање со апликација: Натерај ги луѓето да ја користат твојата апликација
  7. Креирање на понуда: Креирај понуда за луѓето да ја набават во твојата продавница.
  8. Пријавување за Настан: Зголеми го учеството на твојот Настан

 

Резултати

 

Можеш да ги следиш перформансите во споредба со целите кои си ги избрал во апликацијата на Фејсбук која е бесплатна за користење и следење на Фејсбук кампањите кои ги креираш при рекламирањето „Фејсбук Менаџер за Рекламирање“ во делот Резултати и колоната за „Трошоци“.

Резултати: Колкав е бројот на акции кои резултирале од твојата кампања кои се поврзани со одбраните цели.

Трошоци: Трошокот од секој резултат за целите кои ги одбра. На пример, колку е трошокот од клик, или пак од зададената конверзија.

Сеуште може да се прави кампања од стариот тип каде не мора да одбереш цели, но во Power Editor апликацијата.

На кого ќе се прикаже

 

Според Фејсбук, твојата реклама ќе биде оптимизирана да се прикаже на оние луѓе кои најверојатно би преземале акција. На пример ако направиш кампања да се симне некоја апликација таа ќе се покаже на луѓе од твојата целна група кои најверојатно ќе ја инсталираат апликацијата. Најверојатно, на оние луѓе кои претходно инсталирале многу апликации, јас ова така го сфаќам.

Наплата од Импресии

 

Ако не одбереш во посложените опции, наплаќањето ќе биде од импресии. Односно, секогаш кога ќе се прикаже твојата реклама, наместо од резултат. Ако е така Фејсбук ќе се потруди да ја прикаже на оние луѓе кои најверојатно се најдобри кандидати за да преземат акција со твојата реклама.

Заклучок

 

Фејсбук има огромна публика и може се подетално да се одбере целната група, односно публиката која тебе ти треба. Можеш да започнеш да се рекламираш со малку средства и да видиш како тоа изгледа, пример 1$ дневно.

[ois skin=”BlogPostPageEbook”]

Доколку имаш проблеми, слободно побарај не, ние ќе ти помогнеме за креирање на Фејсбук кампања која ќе биде оптимизирана за исполнување на твоите цели.

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.

[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment