Сервис: Фејсбук Рекламирање
Намена: Да се зголеми свесноста за твоите Производи и Сервиси, Да дознаат што поголем број на корисници за твојата последна понуда, Да ја слушнат твојата приказна што поголем број на луѓе, Да ги продаваш твоите производи Онлајн
„Сакаш да ги промовираш твоите производи на Фејсбук и да започнеш со Фејсбук Кампања?“
Тогаш си на право место.
Не ти треба ништо друго освен Фејсбук Страна за твојот Бизнис. Сигурно до сега си отворил една ваква страна и си ја користел и ги знаеш бенефитите од неа.
Доколку немаш, ништо од бизнисот:) Не е така, и тоа не е проблем, ние ќе ти помогнеме да ја отвориш и правилно да ја сетираш.
Значи, доволно е да имаш Фејсбук страна и да започнеш со рекламирањето. Нормално, подобро е да имаш сопствен Вебсајт и да ги пренасочуваш посетителите на твојот Вебсајт за да прочитаат повеќе за она што ќе им го понудиш.
Многу бизниси прават грешка и не ги носат посетителите на нивниот Вебсајт туку на самата Фејсбук страна. Има и таква можност на Фејсбук ако сакаш да собираш лајкови, но ако имаш Промоција или најнова Понуда подобро е да ги носиш на посебна страна со Понудата.
Како и да е Фејсбук е најевтиниот начин за рекламирање моментално, за секој. И за мал бизнис и за Голем Бизнис, и за оние што имаат пари и за оние што немаат пари:)
За големите бизниси Фејсбук е еден од начините за рекламирање и сите големи бизниси го користат овој начин на рекламирање. Едноставно ги имаат увидено бенефитите.
Ако имаш голем бизнис започни веднаш да се рекламираш и на Фесјбук. Немој да ја губиш оваа публика.
За помалите бизнис ова е нивната шанса за да може со многу малку средства да бидат забележани.
За малите бизниси, освен да испринтаат флаери кои можат да ги поделат само во одреден реон, Фејбук Рекламата овозможува нивната порака да стигне до голем број на луѓе.
Но, Фејсбук Рекламирањето и Онлајн Дигиталниот свет нуди нешто повеќе од сите останати начини на рекламирање, а тоа е Аналитиката и можноста за постојано подобрување на резултатите.
Една од најдобрите опции кои се имплементирани е таргетирањето на рекламата по најразлични параметри.
На пример можеш да таргетираш по:
- Држава
- Град -кај нас ова не важи
- Пол: Машки или Женски
- Старост
- Интерес
Да видиме некои бројки од реални кампањи кои сме ги пуштиле преку нашиот Бизнис Фејсбук Портал.
Значи, ако сакаш да се рекламираш преку нас, ние земаме процент од вложените средства. Процесот е едноставен:
- Ние ти праќаме барање за да ни овозможиш пристап до твојата Фесјбук Страна со привилегии за Рекламирање и Анализа на резултатите
- Треба да го одобриш тоа барање и можеме да започнеме со реклама, нормално најпрвин треба да се уплати договорената сума
- Ако имаш идеа што сакаш да рекламираш ќе ни испратиш материјали или пак заеднички ќе ги спремиме
- Креираме драфт верзија и ќе ти ја испратиме за да ја одобриш и ако се сложиме дека е ок:
- Ја пуштаме кампањата, а ти одиш на одмор со парите што ќе ги заработиш од твојата најнова кампања:)
Колкава сума да вложам?
Па, ние те ограничуваме на минимум 50$ за да почнеме да работиме заедно, а за максимум не те ограничуваме.
Секако дека секоја кампања може да се оптимизира.
Но, тоа се прави откако ќе се пушти истата, откако ќе се погледнат цифрите. Ако иде добро и ако си задоволен со резултатите секако дека ќе посакаш да вложиш повеќе средства.
Ако имаш позитивен ROI тогаш зошто да не вложиш повеќе?
Не ги погледнавме бројките за во Македонија.
Во една од нашите статии пишавме дека секој треба да вложи мин 1$ дневно на Фејсбук и таму спомнавме дека за 1$ гласот ќе стигне до 5000 луѓе, а со 5$ и до 30000 луѓе.
Значи за 250 ден. твојата реклама ќе помине на голем број луѓе, а некој од нив и ќе се заинтересира за она што го рекламираш.
Ова се бројки за кај нас, резултатите се различни од држава во држава. На пример за во Америка нема да можеш за 5$ да се изрекламираш на толкав голем број на луѓе, затоа што таму се рекламираат поголем број на бизниси. Всушност, таму сите пуштаат кампања на Фејсбук или Гугл.
Можеш да креираш секаков тип на кампањи, еве погледни какви типови постојат моментално:
Значи, има кампањи за да ги водиш посетителите на твојот Вебсајт
- За да подобра конверзија на твојот Вебсајт
- За повеќе лајкови
- За некоја твоја статија да стигне до поголем број на луѓе
- За реклама на некоја твоја понуда
- За да поканиш луѓе на некој настан
- За реклама на апликации
- За да се погледне некое видео
Едноставно, со овој тип на рекламирање ќе можеш да дознаеш многу повеќе за твојата публика.
Можеш да пробаш неколку типови на таргетирање и да ја одредиш твојата публика која највеќе е заинтересирана за твоите производи.
Дознај што ги интересира.
Дознај ги нивните потреби.
Можеш да започнеш со малку средства и да пробаш, а ако ја погодиш добитната комбинација тогаш Успехот е загарантиран. После тоа спакувај ги куферите и право на море.
Несомнено, и кај нас сè повеќе бизниси ја гледаат моќта на Онлајн рекламирањето и Дигиталниот свет. Не те ограничува на МК, можеш да се рашириш и подалеку. Но, немањето време и експертиза, ги кочи за да заостануваат во дигиталниот свет.
Немој да заостануваш, и почни уште денес.
Внеси го твојот е-мејл, почетната сума и Фејсбук Страната и гледај како твојот Бизнис постигнува одлични резултати
(ако немаш Фејсбук страна, побарај не за изработка)
Нашиот редовен процент е 15% од вложената сума и плус 3000 ден. за изработка.
Направи Фејсбук Кампања без трошоци за изработка сè до крај на промоцијата до 14 Април 2015.
Добиј намалување на провизијата која во овој промотивен период е 12%.
- Нека дознаат голем број луѓе за твоите производи
- Запознај ги твоите најлојални купувачи
- Прошири ја својата сторија
Не се секирам за мојата промоција, се јавувам кај Гоце во ИВИЛ и веќе сме уиграни. Му испраќам што да пушти. а кога ќе почнат да ме бараат нови муштерии знам дека Кампањата е Стартувана.
Игор Крстевски – Сибиос Електроник
Често Поставувани Прашања:
Сам можам да си направам кампања, зошто друг да ми ја прави?
Кога се одвојуваат средства за кампања, се одвојуваат за да добиеш позитивен ROI. Што тоа значи, ако вложиш 100 долари на кампања, а ти купат производи во вредност од 50% тогаш ништо не си направил, си отишол во загуба.
Секој што сака да се рекламира и стартува со кампања сака таа реклама да му се исплати. Ние го следиме овој дигитален свет имаме искуство со Фејсбук рекламирањето,
- знаеме да ги подесиме рекламите за повеќе кликови,
- знаеме како да ги оптимизираме рекламте
- го познаваме корисничкиот интерфејс
- ќе ја следиме рекламата и нејзините резултати
- ќе ви доставиме извештај за истите
- ние имаме време за тоа затоа што тоа е нашата работа
Ако не си автомеханичар сигурно не ја поправаш сам колата туку ја носиш на сервис. Овде се работи за вложени средства, сигурно не сакаш да си ги потрошиш залудно. Секој знае дека времето е пари, доколку сам ги сетираш кампањите и ги следиш резултатите ќе немаш време за останатите обврски. А вака ние се ќе средиме за тебе, ти ќе се концентрираш на другите обврски.
Дали давате Гаранција
Даваме Гаранција дека кампањата ќе биде навремено изработена и пуштена, гаранција за она што сме се договориле. Даваме Гаранција дека ќе дадеме се од себе таа да ги даде најдобрите резултати за да го подобри твојот Бизнис. Затоа што твојот успех е и наш успех.
Не даваме гаранција за успехот на рекламата и за резултатите. Да можевме да дадеме такви гаранции досега ќе се сончавме на плажа 🙂