Е-мејл Кампања или PPC
Дали да започнам со е-мејл кампања, веќе имам листа со повеќе од 2000 корисници или пак да платам реклама на Фејсбук? Што е подобро? Дали да ставам уште е-мејлови на листата или пак да купам листа? Ова е честа недоумица кај многу бизнис луѓе кои сакаат да започнат со Онлајн кампања за нивните производи.
За да одговориме на овие прашања треба да дефинираме 2 типа на е-мејл кампањи (најпрвин започнуваме со е-мејл тип на кампања):
- Е-мејл кампања базирана на дозвола (Permission Based)
- Е-мејл кампања без дозвола (Cold Call)
Е-мејл Маркетинг, како Функционира?
За да започнеш со е-мејл кампања мора да имаш Листа на е-мејл адреси. Е-мејл пораката што сакаш да ја испратиш за своите производи или сервиси, настани, известувања итн., ќе ја испратиш на сите од твојата Листа.
Е-мејл кампања базирана на дозвола
Првиот тип на Е-мејл кампања кој јас ја препорачувам, е врз основа на дозвола. Што значи тоа? Тоа значи дека членовите на Е-мејл Листата на кого сакаш да ја испратиш пораката имаат претходно одобрено дека сакаат да примаат е-мејл пораки од тебе и доброволно се зачлениле на твојата листа. Исто така тие се согласиле да добиваат одреден тип на содржина во е-мејл пораките, и таков тип на содржина треба да им се испраќа.
За овој тип на е-мејл кампања мора сам да ја изградиш листата на членови. За ова е потребно време и труд, но целата листа на контакти со е-мејлови се или твои потенцијални клиенти или се твои клиенти кои се заинтересирале за твоите продукти и сервиси.
Е-мејл кампања без дозвола
Вториот тип на е-мејл кампањи подразбира праќање на мејлови на луѓе или фирми кои не се согласиле да примаат мејлови од тебе. Со ваков тип на е-мејл маркетинг треба да се внимава да не се претвори во Спамирање. Сосема во ред е ако еднаш на 3 месеци испратиш мејл на некоја личност, но ако го правиш тоа почесто, лошо ќе влијае на имиџот на твојот бизнис.
Откако ги објаснив двете поголеми групи, односно типови на е-мејл кампања ќе се навратам на почетните прашања.
Дали да почнам со е-мејл кампања или да почнам со платена реклама?
Ако сакаш да привлечеш нови клиенти, кои до сега не чуле за твоите производи и сервиси, односно, сакаш да досегнеш до поголема публика, со првиот тип на е-мејл кампања нема да можеш тоа да го постигнеш. Затоа што како што кажав претходно, со овој тип на кампања испраќаш е-мејл порака на сите членови од твоја изградена листа
Со вториот тип на е-мејл кампања, веднаш ќе се отворат многу прашања. На пример:
- Немам листа на е-мејл адреси, каде можам да пронајдам ваква листа?
- Набавив листа со 20 000 членови, со која алатка да ги испратам е-мејл пораките?
- Знам дека има добри Маркетинг алатки, но за толкава листа ќе ми бидат потребни доста средства
- Ако сега испратам е-мејл на оваа листа, би било Спам ако повторно испратам за 1 или 2 недели
- Кои се луѓето од листата? Дали се тие од мојот дефиниран Таргет, дали одговараат на мојот Идеален Купувач?
- Имам листа од 20 000 членови, да не се малку, да не се потребни 50 000?
PPC рекламирање
За да го зголемиш досегот на една реклама и да дојдеш до добро таргетирана публика кои не се твои корисници и кои не знаат за твоите производи најдобро решение е да започнеш со онлајн рекламирање како Фејсбук рекламирање или пак Гугл.
Ако ти е цел:
- Твојот производ да го претставиш на поголем број луѓе кои не се твои корисници
- Да создадеш свесност за твоите сервиси и услуги или пак за твојата Компанија
- Да дојдеш до нови потенцијални корисници кои точно одговараат до Карактерот на твојот Купувач
започни со PPC (Pay Per Click) рекламирање. Гугл и Фејсбук имаат огромен број на корисници и овозможуваат детално таргетирање според најразлични интереси на своите корисници. Така лесно може да стигне твојот глас до нив.
Како функционира
На Гугл се внесува на пример 1 долар дневно и рекламата Гугл ќе ја прикаже на голем број на негови корисници. Едно прикажување се нарекува импресија. Со 1 долар може да има 2000 импресии или 3000 импресии ( прикажувања) на пример. Ако некој кликне на рекламата Гугл ќе ти одземе средства за тоа. Затоа се вика реклаата PPC или „Плати од клик“.
Едно е јасно, тој што кликнал се заинтересирал за твоите производи и понатаму се редиректира на некоја страна од твојот Вебсајт, каде подетално треба да се запознае со понудата. Значи, тоа е потенцијален твој корисник, член на листа, купувач итн.
Со само неколку долари, рекламата ќе биде прикажана на повеќе од 20000 луѓе, а Гугл ќе ти наплати само за оние кои кликнале на рекламата.
Слично е и на Фесјбук, само што таму се одредува дневен буџет на пример 1 долар и Фејсбук сигурно ќе ти ги земе тие средства, а рекламата ќе ти ја прикаже на голем број на нивни корисници.
Јасно дека буџетот за рекламирање го одредуваш сам, минималниот буџет е 1$ дневно, односно 30$ месечно.
Кога да испратам Е-мејл кампања базирана на дозвола?
Во споредба со PPC, ако ти е цел:
- Да ги известиш постоечките твои корисници за најновиот твој настан
- Да ја споделиш твојата најнова статија со сите твои членови
- Најновата промоција да им ја претставиш на твоите лојални членови
- На потенцијалните клиенти, со серија од е-мејл пораки да ги натераш да станат твои клиенти
- На еден сегмент од твоите корисници да ги известиш за најновата понуда за одреден производ
Во овој случај креирај Е-мејл кампања од првиот тип, базирана на дозвола на членовите од една од твоите Листи кои сам си ги изградил.
Кога да испратам Е-мејл кампања без дозвола?
И за крај ако сакаш да го искористиш вториот тип на Е-мејл Кампања (Cold Call) со цел:
- Да се претставиш за прв пат на одредена целна група
- Да известиш дел од Бизнисите за твојата понуда и дека започнуваш со најнов проект кој ќе внесе бенефит во некој сектор
- Да испратиш промотивен мејл директно до одредена целна група со цел да ги потсетиш за бенефитите на твоите производи и сервиси
Во овие случаи можеш да го искористиш вториот тип на Е-мејл Кампања, но секако претпазливо за да не го нарушиш твојот углед и угледот на твојот Бизнис.
[ois skin=”2″]