email_campaign_from_the_beachЕмејл пораките што ги испраќаш треба да ги ангажираат или инспирираат твоите постоечки или потенцијални корисници. Но, ако не следиш неколку едноставни чекори, тие може да имаат спротивен ефект од твојата цел.

Да креираш ефективна е-мејл маркетинг кампања не секогаш е лесна задача. Сепак, има неколку работи кои треба да ги земеш во предвид кои може да ти олеснат да ја направиш твојата кампања успешна.

1. Планирање на твојата кампања

Пред да почнеш да ја испраќаш треба да ја испланираш твојата Е-мејл кампања. Треба да размислиш за тоа:

  • Која ти е таргет група – треба да ја идентификуваш твојата таргет публика и да ги разбереш нејзините потреби. На овој начин, ќе можеш да составиш кампања која ќе ги ангажира корисниците и ќе ги охрабри да одговорат.
  • Кои ти се целите на кампањата – Да ја подигнеш свесноста за твојот бренд, за твоите производи или сервиси, да генерираш интересенти или да ги задржиш постоечките корисници…
  • Колкав ти е буџетот – Треба да дефинираш буџет според анализите и очекувањата за повраток на инвестицијата

2. Одбери Е-мејл маркетинг Провајдер

Најдобар начин е да испробаш различни провајдери и да го одбереш оној кој на тебе најмногу ќе ти одговара, или да побараш препораки од некој кој веќе е запознаен со проблематиката. На тој начин ќе можеш лесно да ја спроведуваш кампањата и да ги следиш резултатите.

3. Постави форми за зачленување на твојот Вебсајт

Ако се обидуваш да испраќаш е-мејл пораки до луѓе кои не се зачлениле на ниту една твоја листа, твојата е-мејл кампања нема да биде ефикасна, а може и да имаш проблеми со е-мејл провајдерот да ти ги прифати листите. Најдобро е да праќаш е-мејл кампањи на оние кои дале согласност да ги користиш нивните податоци.

4. Организирај ги контактите

Користи ги информациите на корисниците за да им испраќаш релевантни пораки. Сегментирај ја листата на корисници и, ако е можно, состави посебна понуда за секоја таргет публика. Ако не ги сегментираш правилно твоите е-мејл контакти во специфични листи, може да се намали ефикасноста на е-мејл кампањата, затоа што ќе се намали бројот на отворени е-мејл пораки и бројот на одговори на е-мејл пораките.

5. Креирај релевантна релевантна страна на која ќе ги водиш корисниците

Ако кликнале корисниците на твојата е-мејл порака и ја прочитале, немој да направиш да го изгубат интересот кога ќе кликнат на линкот во е-мејлот и тој ќе ги однесе на твојата почетна страна или некоја друга која не одговара со текстот во е-мелј пораката.
Линкот во е-мејлот треба да ги однесе корисниците на посебна страна, која има релевантна содржина со онаа во е-мејл пораката.
Страницата може да биде:

  • Продажна страна – за некој производ или сервис
  • Статија – содржина која ќе ги ангажира корисниците
  • Страна со Понуда – посебна промоција со ореден рок

6. Дизајнирај ја кампањата, но не претерувај

Како многу работи во маркетингот, колку е нешто поедноставно, толку поефективно ќе биде. Дизајнот на е-мејл пораките нека биде едноставен и нека ги следи следниве ефективни совети:

  • Користи повеќе текст отколку слики (80% текст, 20% слики)
  • Вклучи Повик за акција, и со текст и како копче
  • Користи елементи во дизајнот за да ги фокусираш корисниците на најважните делови на текстот

7. Инвестирај во добар текст за кампањата

Ако треба на нешто да посветиш повеќе време или пари, тоа е одличен текст за твоите е-мејл пораки. Ако не си добар текстописец, најми некој со такво искуство, кој ќе може да состави специфичен, ефективен текст за твојата кампања. Ако сакаш сам да пробаш, зачлени се на неколку од подобрите листи за да научиш од тие што тоа го прават најдобро.

8. Напиши примамлив наслов на е-мејлот

Насловот е првото нешто што ќе го видат членовите на листата до кои стигнува е-мејл пораката. Како што е текстот на е-мејлот важен, уште поважен е насловот на е-мејлот, затоа што, ако е примамлив, тој ќе обезбеди поголем број на отворени е-мејл пораки.
Насловот треба да е едоставен, конкретен и да наговести што може читателот да очекува во е-мејлот. Повеќе отворени пораки се обезбедуваат, ако насловите се напишани за да ги задоволат потребите и интересите на членовите и ако е вклучено името на компанијата која го испраќа.

9. Постави следење на е-мејл пораките

Пред да почнеш да ги испраќаш е-мејл пораките, важно е да подесиш правилно следење за пораките. Со тоа ќе можеш да ја следиш и ефикасноста на е-мејл кампањата. Некои од мерните величини кои треба да ги следиш преку е-мејл провајдерот кој ќе го одбереш се:

  • Бројот на доставени е-мејл пораки
  • Бројот на отворени пораки
  • Бројот на кликови во отворените пораки
  • Бројот на конверзии

10. Тестирај и подобрувај

За да дојдеш до најдобрата комбинација која најдобро ќе му служи на твојот бизнис, треба да пробуваш и тестираш различни комбинации. Некои од елементите кои постојано треба да ги следиш, тестираш и подобруваш се:

  • Насловите
  • Стилот, тонот и контекстот на текстот
  • Големината, бојата и форматирањето на текстот
  • Копчињата за Повик за акција

После читањето на овој пост, единственото оправдување заошто не си ја започнал твојата е-мејл кампања е дека немаш веме да го направиш тоа. Ако тоа е случај, ние сме тука да ти помогнеме.

[ois skin=”BlogPostPageEbook”]

Ти треба помош да составиш ефективна Е-мејл кампања?

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.

[avatar user=”iviladmin” align=”left”]Author Ivana Stojanova

Сподели ја статијата:

Leave a comment