
На англиски би било Copywriting, јас би го превел Текстопишување.
Copywriting е пишување на текст во маркетингшки цели или пак за рекламирање. Овој текст обично ги тера луѓето да преземат некоја акција.
Каде се користи Онлајн
Интернетот само ги зголеми можностите за луѓето кои се занимаваат со оваа професија.
Сѐ што е напишано на Најпознатите Вебсајтови е напишано од луѓе кои се занимаваат со оваа професија, како:
– Целата содржина на еден Вебсајт
– Текстот на Банерите и Онлајн реклaмите
– Текстот во Е-мејл пораките
– Блоговите
– Социјалните медиуми итн.
Ако почнуваш или веќе си започнал некој проект Онлајн, како на пример сопствен Бизнис Вебсајт, Е-мејл Кампања или Фејсбук страна каде постираш статии итн., потребно е да имаш текст кој ќе биде напишан за да ги привлече посетителите.
Погрешен пристап
Најчестата грешка која ја прават Бизнисмените или пак бизнисите кај нас е тоа што не внимаваат многу на текстот кој се пишува на Вебстраните и најчесто сами го пишуваат, а секако дека не се запознаени со тајните на Copywriting-от.
Што е последица на ваквото работење? Последиците се мал одзив на Онлајн кампањите, слаб одзив на статиите кои се постираат, веднаш заминување од Весбајтот.
Значи за ефективен Онлајн Маркетинг основно е јака Маркетинг порака, напишана од луѓе кои се обучени за пишување на такви пораки.
На твоите омилени Странски Вебсајтови целиот текст од копчињата, па се до продажните страни го осмислуваат и пишуваат Тесктописците.
Заклучок
За крај имаш две опции за следната твоја Онлајн активност:
- Или почни да ги учиш тајните на Copywriting
- Или најми луѓе кои ќе го напишат целокупниот текст на твојот Весбајт или Онлајн Кампања или Блог, или Статија на Социјална мрежа или Прашалник, или Електронска Книга или Онлајн Продавница, или следната Е-мејл кампања.
За тоа е потребно да му дадеш информации за твојот Бизнис на Текстописецот. Тоа го прават дури и најголемите Бизниси во светот, затоа немој да се плашиш, мораш да потрошиш дел од своето време, но она што ќе го добиеш за возврат ќе го исплати целото одземено време.
Доколу сакаш да имаш силна Маркетинг порака за твојот Вебсајт или Онлајн Маркетинг, побарај не, но прво треба да направиш План, и да ги дефинираш своите цели!!!
Можеш да ме пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov