„Google Places“
Најпрвин, најдобро е да направиш сметка на „Google Places“, каде ќе можеш да направиш оглас за својот бизнис, во смисла да внесеш име, адреса, локација , работно време, краток опис итн. Откако ќе ги пополниш сите информации за твојот бизнис, за неколку дена google ќе го прикаже при пребарувањето на „Google Maps“.
Контакт форма
Секој презентациски-бизнис веб-сајт треба да има контакт-страна каде посетителите ќе можат да ги пронајдат сите контакт-информации. Меѓу другото на оваа контакт страна треба да има и вметнато и карта од „Google Maps“ со точната локација на седиштето на твојата компанија.
Вметнување на мапата
Во „Google Maps“ ќе ја побараш твојата локација, на пример: Скопје, Карпош 4, потоа ќе ја пронајдеш точната локација со движеше на мапата, и нејзино зголемување.

Ако успешно си го направил листингот на „Google Places“ тогаш истиот ќе се појави на картата. Одбери го и потоа на „линк“ копчето (види слика), копирај го кодот или пак можеш да направиш неколку подесувања ако кликнеш на „Customize and preview embedded map“.


Кодот кој ќе го копираш вметни го во твојата страна. Сега твоите клиенти ќе можат полесно да те пронајдат, а исто така и контакт формата ќе изгледа по фраерска:)