За да изградиш свесност за твојот Бренд Онлајн, потребен ти е Вебсајт кој ќе биде централно место за сите твои Онлајн Активности понатака како на пример:
- Фејсбук Кампања
- Е-мејл Кампања
- Да креираш Содржина
- Да излегуваш на Гугл во првите 10 резултати
- Да ги продаваш твоите производи
Овде можеш да прочиташ зошто секој Бизнис треба да има сопствен Вебсајт, но јас повеќе ќе се задржам на следново прашање:
Зошто твојот Бизнис Вебсајт е централно место?
Затоа што тој е твој, а не е на Фејсбук или Гугл.
На твојот Вебсајт имаш потполна слобода да креираш содржина, колку сакаш и каква сакаш.
Ако си влијателен во својата област, ќе можеш да создадеш голема публика. Со неа ќе немаш ограничувања во комуникацијата, затоа што си на свој терен.
Но, ова не единствената причина зошто треба секоја онлајн активност да ја поврзеш со сопствениот Вебсајт.
И Фејсбук и Гугл, платените реклами познати како PPC (Pay Per Click) ги дефинираат како начин да генерираат сообраќај на твојот Вебсајт. Под сообраќај подразбираат посетители, кои откако ќе кликнат на банерот или текстуалната реклама се носат на твојот Вебсајт.
Што треба да најдат корисниците на твојот Вебсајт откако кликнале на рекламата?
Би требало да ја видат истата понуда од рекламата. Понатаму ако е за производ, треба да има добро напишана маркетинг порака. Да ги има сите потребни информации поврзани со производот и по можност слики, видеа се со цел да се заинтересира посетителот за нив.
А што се случува доколку Вебсајтот не е спремен за Оналјн Кампања?
На овој начин се намалуваат шансите за успешна кампања.
Корисниците ќе пристигнат на страница која е непотполна, нема доволно информации, корисникот нема да знае за што се работи, нема да знае која акција да ја преземе понатаму итн.
Може да потрошиш и многу средства за рекалмирање, да нема добри резултати и да се разочараш дека не функционира Онлајн Светот.
Да прекинеш со рекламирање, сајтот како и претходно да го оставиш нефункционален.
Ако не си сериозен со твојот Бизнис Вебсајт и припремање и на тој дел од Оналјн Кампањата постојано губиш бизнис од компаниите кои го прават тоа, а се твоја директна конкуренција.
[ois skin=”2″]Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov