РекламирањеОва на изглед е лесно прашање, но одговорт не е едноставен.

Изгледа кај нас само Големите Бизниси  размислуваат за рекламирање, додека микро,малите  и средните бизниси не размислуваат многу на реклама.

Кога зборувам за реклама, мислам на платена реклама.

Многу мали и средни бизниси кога се работи за рекламирање на производите или пак на самиот бизнис размислуваат на начин како да го направат тоа, но со огромна разлика, во компарација со големите, без да вложат средства.

Секој Бизнис, уште од самиот почеток треба да се рекламира, се додека постои.(твитни го ова)

Рекламирањето треба да е постојано и треба да е нормална активност за секој бизнис. Зошто?

Со помош на рекламата луѓето дознаваат за сервисите и продуктите што ги нуди бизнисот, како и тековните промоции, попусти итн.

Но, честопати се заобиколува овој процес, се разбира бидејќи се потребни пари за рекламирање.

Постојат многу начини за рекламирање, но јас би издвоил 2 поголеми групи: Онлајн и Офлајн.

Во Офлајн ги вклучувам сите начини каде што се печатат материјали, односно принтови од секаков тип, како и оние од весниците, телевизиски реклами, радио, магазини, билборди итн.

Додека за Онлајн рекламирање ги вбројувам сите начини кои се во игра на Интернет.

Предноста на интернет рекламирањето е во тоа што на интернет можат да се рекламираат и мали и средни па дури и микро бинзиси.(сподели на твитер)

Секако дека и Офлајн малите бизниси можат да пронајдат повеќе начини за рекламирање за кои не се потребни многу пари како флаери, печатен плакат кој може да се залепи било каде итн.

Што е битно?

Битно е да е изработено на начин кој ќе ги задоволува стандардите кои се достапни во моментот.

Еве еден пример:

frame-bЗамисли си дека сакаш да направиш реклама за пред продавница и одбираш формат B1 за оваа намена види ја сликата. На сталакот во моментов ако се распрашаш за цените за дигитален плакат со оваа големина е околу 500 ден. од страна или пак за фолија која не се брише 600 ден. Значи имаш 2 опции:

Првата е со фломастер да ја напишеш понудата со криви букви, избледнати и со лош ракопис или (јас оваа би ја одбрал):

Да направиш добро дизајнирана понуда во алатка како Illustrator или во Линукс InkScape и во која било дигитална печатница да ја испринташ рекламата која јас мислам дека ќе привлече повеќе внимание кај случајните минувачи.

Втор пример:

На излогот на твојот дуќан, можеш да излепиш на 6 – А4 бели листови П О П У С Т испринтани по една буква и со селотејп да ги налепиш на излогот.

Што мислиш?

Ако било толку лесно секој ќе имаше по 5 до 6 бизниси и сите ќе беа милионери:) Секој бизнис човек треба да се потруди малку повеќе кога се работи за рекламирањето на сопствениот бизнис.

Колку средства да се издвојуваат за рекламирање?

Секој ја знае приказната за Coca Cola и дека компанијата одвојува 50% можеби и повеќе од профитот за рекламирање, дали да е Онлајн или Офлајн.

Оналајн, на пример, со Маркетинг преку Содржина, или преку Социјални мрежи, Coca Cola ја зголемуваат свесноста за својот бренд. Зошто Coca Cola се рекламираат кога сите веќе ги познаваат?

Зошто исто така ги користат сите можни начини на рекламирање?

Зошто креираат содржина, зошто е застапен брендот на социјалните мрежи?

Зошто твојот Бизнис не го прави истото?

Некаде по сајтов имам напишано за можностите кои постојат Онлајн, за да го направиш и ти истото.

А дали има начин на интернет да сум присутен, а да не платам за реклама и воедно да сум присутен до мојата публика?

Бизнисмените повеќе ги фасцинира ова прашање. Со органското пребраување ова е возможно, но никогаш не е доволно.

Поентата не е да си поминеш без пари. Поентата е да ги изрекламираш своите производи и сервиси и да ги претставиш до оние кои ги имаш дефинирано како твоја целна публика.(на твитер)

Ако имаш производи во кои веруваш, платената реклама само ќе  допринесе да ја подобриш продажбата и да го зголемиш профитот.

Разлмисли, ако на интернет би можело да се помине без потрошен динар, тогаш не би постоеле ниту Google, ниту Facebook. Тие живеат од рекламирање.

Но, воедно нудат и добро таргетирање, добри цени, овозможуваат рекламата да ја погледнат голем број корисници и имаат аналитика.

Онлајн рекламирањето овозможува да застанеш рамо до рамо со гиганти како Coca Cola. Размисли тече и нивната кампања, но и твојата.

Повторно, колку пари да потрошам?

Па вака, интернет рекламирањето ти нуди можност да потрошиш многу малку, но ако имаш пари не те ограничуваат во трошењето. Но, не треба да престанеш да се рекламираш па макар и давнесуваш и по 1$ дневно. Оваа сума претпоставувам секој бизнис може да ја издвои.

Со ова ќе носиш посетители на твојата Веб страна и да испиташ колку ти е добра понудата. Без тоа можеш само да нагаѓаш.

Моја препорака е колку порано започнеш, толку побрзо ќе станеш комотен во рекламирањето, толку поспремен ќе ја пречекаш следната промоција, во меѓувреме корисниците ќе дознаваат за тебе и ќе ги навикнеш дека си присутен и Онлајн.

Само внимавај и сети се на примерите погоре: Сите знаат да внесат текст и слика, погледни го примерот на Б1 рекламта. Можеш ти подобро, употреби ја имагинацијата.

ИВИЛ е бизнис партнер за рекламирање преку Фејсбук и Google Adwords. Повели на реклама!!! Ние креираме реклами кои функционираат….

[ois skin=”2″]

Можеш да нé пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment