4 Онлајн Маркетинг Совети

Онлајн Маркетинг Совет 1: Твојот Бизнис Вебсајт треба да е централното место на сите твои Онлајн и Офлајн Маркетинг активности

Многу бизниси кај нас не ги познаваат сите можности на нивниот Вебсајт, затоа и многу од нив не обрнуваат внимание на нивниот Корпоративен Вебсајт.

Зошто Интернетот стана привлечен за компаниите во светот?

placeit_defining_goalsЗатоа што можеш да ги измериш резултатите од сите твои Онлајн активности. На пример, со инсталација на Google Analytics ќе можеш да видиш кој го посетува твојот Вебсајт, од каде пристапуваат посетителите, кои страници ги посетуваат, колку се задржуваат итн.

Овие информации можат да ти помогнат во оформување и постојано развивање на производите кои ги нудиш. Со анализа на овие податоци можеш да направиш анализа за кои производи и сервиси најмногу се интересираат твоите клиенти.

Постојат начини како посетителите да ги претвориш во Клиенти преку твојот Вебсајт, а тоа се вика конверзија. Да направиш конверзија од посетители во клиенти или пак членови на твојата е-мејл листа.

Сѐ е поврзано со твојот Вебсајт.

Ако креираш реклама на Google Adwords ќе ти побараат да го внесеш твојот Вебсајт, исто и на Фејсбук, со што ќе ги пренасочуваш посетителите кон твојот Вебсајт на твојата најнова понуда.

Да не заборавиме дека Вебсајтот работи за твојот Бизнис без престан, па дури и додека спиеш. Тој е достапен 24 часа за сите Интренет корисници каде било да се на земјината топка.

Преку твојот Вебсајт, твоите корисници можат лесно да те контактираат и да остават мислење за твоите производи, значи тој нуди можност за комуникација во две насоки.

Можеш да користиш опции на твојот Вебсајт каде што ќе можеш да го истражиш мислењето на корисните преку Онлајн анкети, прашалници од кои ќе дознаеш што мислат корисниците за некој аспект од твојот Бизнис.

Многу луѓе го користат интернетот за истражување пред да извршат нарачка. Тие ги анализираат брендовите преку нивните Вебсајтови. Со тоа тие одлучуваат дали да нарачаат од кај тебе или не.

Од твојот Вебсајт и од квалитетот на содржината зависи дали луѓето ќе стекнат доверба во тебе и да те видат во вистинското Професионално светло.

Но, тој треба да се обраќа на својата публика и за да биде интересен за корисниците постојано треба да се полни со нова содржина. Затоа прочитај за мојот втор Оналјн совет.

Во моментов 3 Маркетинг техники се користат Онлајн кои секојдневно ќе ти генерираат нови потенцијални корисници, ќе ја зголемат лојалноста на постоечките и ќе ги ангажираат сите твои клиенти за подигнување на Брендот.

 

Онлајн Маркетинг Совет 2: Маркетинг преку Содржина – Користи содржина за својот Маркетинг

 

content-marketingСо помош на Маркетинг преку Содржина можеш за неколку месеци твојот број на потенцијални корисници да го зголемиш неколку пати.

Како работи?

  • Најпрвин треба да креираш сопствен Бизнис Вебсајт
  • Откако твојот Вебсајт ќе биде поставен, треба да се наполни со бесплатна слободна содржина која ќе внесе вистинска вредност за твоите потенцијални клиенти. Потребно е да се интегрираат сите можни модули за лесна дистрибуција на оваа содржина преку социјалните мрежи. Ваквиот Вебсајт од почеток потребно е да го рекламираш преку Фејсбук или преку Гугл со помош на нивните системи за рекламирање. Ова е потребно за да започнат да доаѓаат посетители.
  • Истовремено на посетителите овозможи им да вршат нарачка на производи или сервиси кои се поврзани со содржината и информациите кои ги пишуваш. На некои од твоите читатели ќе им биде потребна и професионална помош и некои од нив ќе те ангажират тебе. Со помош на Маркетинг преку содржина клиентите пред да те ангажираат ќе знаат сѐ за тебе и начинот на кој работиш, а со тоа и повеќе ќе ти веруваат.

Преку сопствен Корпоративен Блог компаниите генерираат 67% повеќе потенцијални клиенти отколку оние кои не го вршат тоа. Ова кажува дека секој ден губиш клиенти затоа што немаш време или мислиш  дека тоа во Македонија не успева.

Креирањето Содржина несомнено одзема време, затоа ПОБРЗАЈ, започни уште денес и биди пред твојата конкуренција. Со секоја нова статија ќе бидеш огромен чекор напред пред останатите кои не го прават тоа.

 

Зголеми го своето Бизнис Присуство и Намали ги трошоците за Маркетинг!

 

Онлајн Маркетинг Совет 3: Е-мејл маркетинг – започни да го користиш веднаш

 

email marketing key metricsМожеби нема да ти се верува, но сѐ уште Емејл Маркетинг е доста користен за ширење на пораката за твојот бренд. Твоите корисници го проверуваат својот Емејл секој ден, а со Емејл Маркетинг и твојата порака е таму.

Верувај, Емејл Маркетинг е моќна алатка и функционира. Ние можеме да направиме да функционира и за твојот Бизнис.

54% од испратените мејлови се Маркетинг мејлови. Започни да ја градиш твојата листа уште Денес, за неколку месеци ќе имаш Сопствена База на корисници на кои лесно, со еден мејл, ќе им ја пренесеш твојата маркетинг порака.

Зголеми го бројот на ПРЕПОРАКИ со Маркетинг преку Социјални Мрежи!

Онлајн Маркетинг Совет 4: Маркетинг преку Социјални Мрежи

placeit_facebook_twitter_linkedinТоа е процес на зголемување на сообраќајот кон твојот Вебсајт или пак зголемено внимание преку некоја од Социјалните Мрежи. Најчесто се концентрира во напорите да се креира СОДРЖИНА која привлекува читатели кои понатаму ја споделуваат истата преку социјалните мрежи.

 

Дали твојот Бизнис Вебсајт ги користи овие МАРКЕТИНГ ТЕХНИКИ, во најлош случај дали твојот бизнис има ВЕБСАЈТ?

Ние во Ивил сето ова можеме да го направиме да функционира и за твојот Бизнис. Но, секако дека не важат истите правила за сите бизниси. Затоа секој проект заедно со нашите корисници го започнуваме со Анализа и Планирање:

Дали си подготвен за твојот следен Онлајн Проект?

Закажи 90 мин. сесија во која заедно ќе ги дефинираме сите потребни работи за твојот следен Онлајн проект.

За да добиваш Статии и новости за најновите Маркетинг Методи зачлени се на нашиот блог.

Сподели ја статијата:

Leave a comment