Корисниците и клиентите при процесот на купување поминуваат низ неколку фази. Овој процес на нарачка може да се прикаже во вид на Инка низ чиј отвор влегуваат корисниците и излегуваат низ мал отвор оние кои нарачале.consumer-purchase-funnel

Ова е важен концепт затоа што им помага на Онлајн бизнисите да разберат како размислуваат посетителите со што ќе ги прилагодат своите динамички Вебсајтови да бидат повеќе привлечни и да добијат подобра конверзија на посетителите во нарачатели.

Циклусот на купување може да се разликува од бизнис на бизнис, во зависност од тоа што продава бизнисот. Со континуирано негово проучување и подобрување може да помогне Вебсајтовите да бидат повеќе кориснички насочени и повеќе атрактивни.

Некои чекори може да се применат на било кој бизнис како на пример:

  • Препознавање на проблемот:  Корисникот препознава дека има некој проблем кој треба да се реши со некој продукт
  • Истражување:  Овде корисникот врши истражување за да го пронајде најдоброто решение на проблемот кој бил препознаен во претходниот чекор
  • Проценка: Периодот во кој корисникот ги сумира резултатите и врши проценка кои од многуте решенија е најдобро за неговиот проблем
  • Одлука за нарачка: Важен чекор каде што корисникот врши конечна одлука
  • Нарачка:  Чекорот каде се врши нарачката
  • По нарачката: Корисникот врши анализа дали направил вистинска одлука и дали е решен проблемот со нарачката

Поедноставен модел кој може да се примени Онлајн:

  • Свесност: Моментот кога клиентот за првпат станува свесен за твојот продукт или пак кога дознава дека треба да реши некој проблем.
  • Разгледување: Кога започнува да ги разгледува решенијата на неговите потреби
  • Нарачкаawareness_consideration_purchase

Многу е важно каде е корисникот во Циклусот на купување, во која фаза е. Во зависност во која фаза е клиентот така и треба да се третира. Доколку е во фаза на препознавање на проблемот, треба да се понуди нешто за да се едуцира за производите или пак да ги тестира или да ги испроба. Доколку е во подоцнежна фаза потребно е да му се помогне за полесна нарачка.

Онлајн, потребно е да се обезбедат различни патеки низ твојот Вебсајт кој ќе бидат адекватни за секоја фаза во Циклусот на купување. Посетителите сами ќе се идентифицираат во која фаза се со одбирањето на патеката.

Во некоја друга статија ќе видиме како:

  • Да ги дефинираш патеките за твојот Вебсајт
  • Како да креираш содржина за секоја од фазите во која е корисникот
  • Што да се прави со корисниците кои не се спремни да купат

 

Дали знаеш во која фаза се посетителите на твојот Бизнис Вебсајт? Дококу сакаш заедно да ги дефинираме патеките на твојот Вебсајт, започни со Анализа!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment