Ова е превземен наслов но во следната статија има и мое видување и искуство. Оригиналната статија можеш да ја прочиташ тука.

placeit_facebook_adsКога ќе започнеш нов Вебсајт за твојот бизнис, или пак си направил поголеми измени, треба да го промовираш истиот Вебсајт.

Има повеќе начини како да го направиш тоа на интернет:

  • Фејсбук рекламирање
  • Рекламирање на било која друга Социјална Мрежа: Твитер, Линкд Ин…, Пинтерест итн.
  • Рекламирање преку AdWords на Гугл
  • Рекламирање на некои од нашите Портали, Вебстрани итн.

Можеш и Офлајн да го промовираш твојот нов Вебсајт:

  • Преку Визит-карти
  • На Автобус
  • На телевизија – платена реклама
  • На радио итн.

Но јас препорачувам да започнеш Онлајн затоа што е поевтино, а најголема предност е аналитиката и статистиката која ќе ја добиеш Онлајн.

Зошто Фејсбук

Бројот на корисници на Фејсбук постојано расте, најупотребувана социјална мрежа е, што значи и дека релевантноста на податоците од ден на ден се сѐ поголеми. Цената за Фејсбук рекламирање со која можеш да започнеш е 1$ на ден што значи дека за еден месец би било 30$ = 1400 ден. Значи не е голема сума месечно за да започнеш да го рекламираш твојот бизнис.

Нормално, треба да ги испробаш сите опции и да заклучиш кој начин е најдобар за твојот бизнис и кој носи најдобри резултати.

Таргетирање

На фејсбук можеш да таргетираш според интереси и демографија. Македонија ја има во листата на земји и цената за наддавање е мала.

Заклучок

Можеби на Фејсбук нема да можеш да ги согледаш резултатите веднаш, но во подолг период мислам дека е добар начин за промовирање на твојот бренд. Рекламирањето секој бизнис мора да го прави и тоа постојано без прекин од самиот почеток, а Фејсбук нуди опција дури и најмалите бизниси со многу мал буџет да можат да се промовираат пред својата таргетирана публика.

 

Ако имаш потешкотии во организирањето, пишувањето, креирањето, уредувањето, објавувањето на содржината побарај не!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment