placeit_conversion_rate_optimizationКонверзија е кога посетителот на твојот Вебсајт презема некоја акција која ти сакаш да ја преземе.

Што би било во пракса тоа? Еве неколку примери:

  • Зачленување на твојата е-мејл листа
  • Креирање на корисничка сметка-акаунт со корисничко име и лозинка
  • Правење на нарачка
  • Симнување на некоја апликација, фајл
  • Регистрација за некој настан итн.

Што и да си дефинирал како Конверзија, оваа акција ќе биде она што ќе го мериш и она што ќе го Оптимизираш понатака кај твојот Вебсајт.

Оптимизација на степенот на конверзија е метод на користење на Аналитика, како и повратно мислење од корисниците за да се подобрат перформансите на твојот Вебсајт. Со оваа техника може да се подобри некоја мерна величина на твојот Вебсајт која е важна за твојот бизнис, наречена КИП (Клучните Индикатори за Перформансите), и најчесто е асоцирана со придобивање на нови Корисници, регистрации, зачленувања, симнувања, купувања итн. Значи оваа техника го зголемува процентот на Вебсајт посетители кои вршат конверзии (макро или микро)

На тој начин можеш да ги претвориш и нај-пасивните Вебсајт посетители во активни корисници кои се ангажираат со твојата содржина или вршат нарачки на твоите продукти.

Зошто ти е потребно ова?

Заради неколку причини:

  •  Најверојатно плаќаш за сообраќај кон твојот Вебсајт на овој или оној начин и поголем процент на Конверзија значи и
    подобро ROI (Враќање на инвестицијата)
  • Поевтино е да го зголемиш процентот на Конверзија отколку да платиш за дополнителен сообраќај
  • Постепено подобрување на твојот Вебсајт и донесување на вистински одлуки. Ако мериш ќе знаеш дали некоја промена е добра или лоша, во спротивно нема да знаеш.

Оптимизацијата не значи само зголемување на процентот на слепо. Тука се работи за корисници и клиенти. Оптимизацијата е за добивање на повеќе вистински корисници кои одговараат на твоите бизнис потреби. Односно, истите ќе ги сакаат твоите продукти, сервиси и ќе допринесат за твојот раст со ширење на брендот.

Дали имаш дефинирано акции за твојот Вебсајт? Дали ги мериш резултатите? Испрати коментар!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment