Со „Маркетинг Преку Содржина“ можеш да го зголемиш бројот на Потенцијални Корисници и со тоа да ја зголемиш и твојата продажба.
Бидејќи сите се преориентираа кон Маркетинг преку Содржина, во моментов е вистинска трка помеѓу брендовите за оригинална содржина и каналите за дистрибуција цело време расте. Постојат повеќе од 17 различни тактики како што се Блогови, Твитер, Фејсбук, електронски билтени итн.
Маркетинг експертите ги советуваат Брендовите дека им се потребни се повеќе канали, содржина во различни форми за да бидат успешни. Брендовите ги слушаат и се повеќе инвестираат во Содржина.
Но сѐ повеќе од нив се скептици и не ги добиваат резултатите кои ги имаат зацртано.
Ако се погледне во блиското минато, пред да започнат со дистрибуирање низ различни канали големите успешни брендови доминирале на еден канал константно во текот на времето. Некои почнале како Печатен медиум, некој доминирал само на Телевизија итн. Денес брендовите го прават обратното, тие се расплинуваат и сакаат да ги освојат сите канали.
Заклучок
Значи најбитно е: фокусирај се на еден медиум (за почеток), и да бидеш постојан, да креираш таргетирана порака која помага и тоа да го правиш континуирано на дневно, неделно или пак на месечно ниво.
Со ваков пристап резултатите ќе бидат многу подобри!
Колку канали користиш ти за ширење на твојата идеја? Што мислиш дали треба да се користат повеќе медиуми за дистрибуција на твојата содржина?
Можеш да ме пронајдеш на Facebook.