facebookboostpostsФејсбук веќе одамна има тенденција да го намалува бројот на Органски прикажувања сѐ со цел Бизнис корисниците да платат за да се прикажат Постовите на поголем број луѓе.

Некои нема да се сложат со овој начин на работа на Фејсбук, но јас мислам дека за да може овој сервис да се подобрува потребни се средства.

Органското прикажување во овој момент е толку намалено што се сведува на некои 1% од бројот на фанови, што не знам дали веќе има некоја смисла.

За Фејсбук страна на пример со 2000 фанови, ако објавиш статија, Фејсбук ќе ја прикаже на 20 фанови. Додека ако промовираш статија со само 5$ во зависност од таргетирањето ќе можат да ја видат од 10000 до 20000 луѓе што е огромна можност доколку споделуваш нешто вредно.

Фејсбук промотивни статии

За промоција на твоите статии Фејсбук дава две опции:

  • Boost Post
  • Page Post Engagement

 

Првата опција е полесна и побрза за работа, оваа опција ја има на самата Фејсбук Бизнис страна и само со неколку клика можеш да ја промовираш твојата најнова статија:boostpost

 

Додека пак втората опција можеш да ја пронајдеш ако кликнеш во главното мени на „Create Ads“ и ја одбереш оваа опција од неколку во листата (види слика).
Со оваа опција има подобри можности за таргетирање на публиката, со што побрзо би стигнал до посакуваната публика.

promotepost

 

Која содржина треба да ја промовираш?

Одбери содржина која е корисна за твојата публика. Промовирање на некоја продажна порака од време на време е ок, но примарно промовирај содржина од која твоите корисници ќе имаат некој бенефит.

 

Дали си запознаен со овие две опции на рекламирање на Фејсбук? Колку често ги користиш?

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment