Unique Selling Proposition
Unique Selling Proposition

Дефиницијата за „Уникатна Продажна Порака“ (USP – unique selling proposition) би било Видување или Разгледување презентирано од Продавачот во кое се разгледува причината еден Продукт или Сервис е различен или е подобар од оној на конкуренцијата.

Или, едноставно кажано, по што се разликува твојот Продукт или Сервис од оној на конкуренцијата и зошто Купувачите би купиле од кај тебе, а не од кај некој друг.

Пред да можеш да му продаваш на некој друг, треба најпрвин да можеш да го продадеш твојот Продукт на самиот себеси. Ова е особено важно ако твојот Сервис е сличен со останатите.

Со тоа што ќе дефинираш по што е твојот Бизнис уникатен ќе можеш ефективно да ги формулираш твоите Маркетинг пораки.

Диференцирањето е една од најважните стратегиски и тактички активности каде компаниите треба постојано да се ангажираат.

За да се издвои твојот Бизнис во пазар со огромна конкуренција и да може да се запамети, USP ќе ти помогне твојот Бизнис да има карактеристика по која вреди да се запамети.

 

USP на твојот Вебсајт

За да изградиш Бизнис Вебсајт или Блог со голем сообраќај потребно е да ја дефинираш „Уникатната Продажна Порака“.

Оваа порака би требало веднаш да се прикаже на посетителите на твојот Вебсајт.

Значи ако те буни зборот „Продажна“ можеш да размислуваш на Веб како Уникатна Маркетинг Порака, овде повеќе би се однесувало на Диференцијацијата.

Што си поразличен од другите?  Дали тоа се однесува на твојот Бизнис, Вебсајт, Продукт, Маркетинг итн.

 

Дефиниција 2

USP би била разликата помеѓу успехот и НЕ успехот.

Посетителите штом ќе пристигнат на твојот Вебсајт во првите неколку секунди треба да дознаат за кого е наменет Вебсајтот и што е неговата главна цел. Зошто би го посетувале токму твојот Вебсајт и што се разликува од останатите конкуренти.

Односно да размислуваш во насока: како да го направам мојот Вебсајт Уникатен и да се издвојува од Другите.

Ако направиш твојот Бизнис, или пак Вебсајт да се издвојува, сѐ би било полесно. Корисниците би доаѓале полесно, а твоите фанови би сакале да го шират гласот за она што го работиш затоа што би биле задоволни.

 

Како се дефинира во некој друг Пост. Може и сам да размислиш што би било тоа за твојот Бизнис. Ако заглавиш закажи сесија.

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment