Во претходната статија за SEO дефинирав што е SEO и што претставува денес.
За твојот Бизнис треба да размислуваш за SEO во смисла на Оптимизација на твојата Содржина за подобро Откривање и за Конверзија.
Главниот фокус треба да ти биде насочен во испорачување на високо квалитетна и релевантна содржина која луѓето сакаат да ја добијат.
Преку социјалните мрежи доаѓа многу сообраќај, но еден од примарните начини за луѓето да најдат добра содржина е сѐ уште преку пребарувачите.
Па како да ја оптимизираш содржината за пребарувачите?
Мора да се знае дека пребарувачите цело време го подобруваат алгоритамот за пребарување. Целта е корисниците да ја пронаоѓаат најдобрата содржина и нај-релевантната.
Со ова и маркетерите не престануваат да се обидуваат да изнајдат начин за нивната содржина да биде меѓу најбараните. Така во изминативе 20 години се појави ниско-квалитетна содржина која беше високо-оптимизирана.
Овој проблем Гугл го реши со надградба на нивниот алгоритам во 2011 која го нарече ПАНДА која ги снижи сајтовите кои беа оптимизирани за пребарувачите со техники како градење на мрежа од линкови.
Советот на Гугл за издавачите беше да се фокусираат на испорака на најдоброто корисничко доживување, а не да размислуваат како Гугл ги обработува тие податоци.
Денес исто како и Гугл, и Јахуу и Бинг (на Мајкрософт) исто така го изменија својот алгоритам, но Гугл останува нај-користениот сервис за пребарување со 67% од пребарувањата.
Појава на Долги Клучни Зборови – Изрази
Ако сѐ уште си заинтересиран да го подобриш рангот, со користење на клучни изрази, ново е тоа што Гугл ги воведе таканаречените Клучни изрази со долга опашка 🙂
Тоа се повеќе зборови споени како израз. Сега Гугл покрај клучните зборови, бара и изрази, со што потешко можеш да го прелажеш. За сајтови со Македонски јазик, јас мислам дека нема потреба да се трудиш затоа што Гугл е насочен повеќе на Англискиот јазик и оваа борба е помеѓу сајтовите со Англиско говорно подрачје.
Заклучок
Многу важна улога во денешно време имаат и Социјалните Мрежи. Кога луѓето ја споделуваат твојата содржина, кога се ангажираат околу неа и линкуваат до твоите странци тоа им кажува на Гугл дека тие се страниците кои луѓето сакаат да ги видат.
За кај нас за брендовите и бизнисите препорачувам исто што и Гугл, да се креира релевантна содржина, интересна, и содржина која лесно ќе можеш да ја испорачаш кон твојата публика.
Дали креираш содржина за твојот Бизнис Вебсајт? Ако креираш дали ја оптимизираш за Пребарувачите? Ако не креираш, ние можеме да ти помогнеме да започнеш!!!
Можеш да ме пронајдеш на Facebook, Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov