googleadwordsПокрај Фејсбук рекламирањето кое во моментов е нај застапено овде кај нас, можеш да пробаш и со Google AdWords. Тоа е алатка за Онлајн рекламирање на Гугл.

Со овој тип на рекламирање ќе можеш да добиеш нови муштерии и да го подобриш твојот бизнис (Барем така тврди Гугл :))

Со оваа алаткa можеш да одбереш:

  • каде ќе се појавува твојата реклама
  • да си зададеш буџет за истата според твоите можности
  • да ги измериш резултатите од рекламирањето со Аналитика и графикони.

Како работи

Сите пребаруваат на Гугл за некој збор или израз, во Гугл овие зборови и изрази ги викаат „Клучни зборови“ (keywords). Кога креираш кампања на AdWords дефинираш за кои зборови да се појавува твојата реклама. Гугл наплаќа во случај кога некој ќе кликне на рекламата.

Пример:

Ако продаваш на твојот сајт бебешка облека, можеш да ги внесеш сите клучни изрази за кои би пребарувале луѓето и на тие изрази кога ќе ги пребаруваат на Гугл, да излегува твојата реклама во делот за платени реклами.

Кои клучни зборови и изрази би ги внел ако би продавал бебешка облека:

  • Пелени
  • Лигавче
  • Цуцла
  • Боди
  • Бебешка храна
  • Бебешки играчки
  • Лажалки
  • Дубак 🙂 итн.

На сите овие зборови и изрази ќе излегува мојата реклама.

Каде се појавува

Твојата реклама можеш да одбереш да се појавува само на Гугл при пребарување, а можеш да одбереш да се појавува и на партнерските Вебсајтови на Гугл.

Партнерски сајтови се оние каде се прикажуваат реклами кои ги пушта Гугл. Овие сајтови земаат некој надоместок за тоа што се прикажуваат овие реклами.

Во нашиот случај со бебешката облека, ако некој корисник гледа нешто за бебиња на некој Партнерски Вебсајт, во делот за реклами ќе се прикаже и твојата реклама.

 

Google AdWords има предности пред Органското пребарување бидејќи корисникот кога ќе кликне на рекламата се знае дека бара нешто што му е потребно и сака да го купи, дали продукт или сервис.

 

Дали некогаш си го користел AdWords? Какви се твоите искуства? Испрати коментар!!!

Можеш да ме пронајдеш на Facebook,  Twitter, G+.
[avatar user=”ivildev” align=”left”]Author Goce Stojanov

Сподели ја статијата:

Leave a comment